Мај
Работа

Мај е одличен месец за најубавите во Зодијакот. Повторно ги освојувате старите положби и го подготвувате теренот за евентуален напредок. Мај е позитивен за сите врсти на активности посебно оние од сверата на јавниот живот каде во моментот се наоѓа вашиот владетел Венера, а тоа е седмото поле. Исто така доста добро ви е аспектирано деветото поле па така сите работи поврзани со странство религија и филозофија ќе наидат на добар успех посебно во првата декада од месецот. Ќе бидете во потрага по нови искуства, ќе сакате да научите нешто повеќе, можеби ќе се запишите на некаков семинар некаква дообука или сл., со која ќе ви се отворат нови видици. Во последно време доста размислувате за начинот на кој го живеете животот, сакате да внесете некои промени, но сеушпте не знаете што е она што треба да промените и кои чекори трба да ги превземите. Можеби премногу размислувате или пак не сте доволно задоволни од животот. Потрудете се да најдите некое решение или некое хоби со кое ќе го пополните слободното време и ќе ве отргне од негативните мисли. Доста размислувате за заминување во странство, а тоа во овој месец можеби за некои и ќе се оствари. Финасиската сотојба ви е просечна, минатиот месец доста штедевте, а сега е време и нешто да потрошите. Заминете некаде на краток излет, добро би било да е некаде во странство бидејќи покрај тоа што ќе запознаете интересни луѓе ќе поминете и одлични моменти. Ако не сте во можност тоа да го сторите тогаш барем почесто одете во купување. Добро ќе комуницирате преку целиот месец, меѓутоа чувстувате дека кругот на движење не ви е доволно голем. Можеби потребно е малку повеќе да се дружите со вашите колеги.


Љубов

Љубовниот живот посебно е добро аспектиран за Вагите во брак. Вашиот владетел Венера се наоѓаат во вашето седмо поле или полето на бракот. Значи сите оние кои се во брак пред се со помош на разгорените страсти ќе успеат да ги хармонизираат односите. Исто така периодот е добар и за стапување во брак веридба или сл. Оние кои се во трајни врски ќе бидат во добро расположение иако состојбата во последно време не им е сосема јасна. Сте имале некакви проблеми во минатиот месец, доста од нив ги пренесовте во овај меѓутоа сега на моменти чувствувате како да немате доволно сила да почнете да се справувате со нив. Можно е да се случи едноставно и да заборавите на нив, а ако веќе тоа го сторите тогаш веќе нема ни причина повеќе да му се лутите на партнерот. Оние кои штотуку влегле во врска тешко ќе можат да се навикнат на истата, некако повторно ве привлекува слободата. Тоа не ви е добра идеа обидете се да најдите решение можете да ги имате и двете работи меѓутоа потребно е само да го промените пристапот кон партнерот. Постојаните врски ќе бидат возбудливи и свежи. Еротскиот потенцијал ви е во подем. Партнерот ќе биде исклучително задоволен од вас, а тоа е доволно за да почнете уште еден хармоничен период од вашиот љубовен живот. Односите во семејството ви се помалку проблематични во последно време некако разбирањето и толеранцијата се надвор од домот а тоа многу ви пречи. бидете внимателни во односот со децата од тука почнуваат сите расправии.


Здравје

Преку целиот месец ќе ве штити престојот на вашиот владетелл Венера во знакот на Овен, а Марс планетете на енергијата од истиот знак ќе ве обдари со високото ниво на енергија. Ќе имате добро здравје, меѓутоа можни се ситни проблеми кои можат да станат појаки во последната декада од месецот. Би требало да внимаваат Вагите кои имаат проблеми со срцето и висок притисок. Поставеноста на вашиот валдетел Венера ќе ве прави исклучително привлечни, па би било добро во овој месец да направите некои похрабри зафати во стилот на обелекување, фризура, начинот на шминкање и сл. Кај постарите можни се проблеми со коските, поточно зглобовите, но само ако се работи за некакви стари повреди.


Совет

Еротскиот потенцијал ви е огромен, искористете го тоа за подобрување на состојбата во вашиот љубовен живот.


Идеален партнер

Во овој период идеален партнер ќе биде Стрелецот. Скорпиите многу ќе ве привлекуваат но ќе биде добро да ги избегнувате. Близнаците многу ќе ви одговараат во работата. Двајцата се големи авантуристи, па затоа можат прекрасно да се забавуваат и да бидат истовремено добри пријатели. Ако дојде до брак, сеуште исклучително многу ќе ја ценат слободата пришто двајцата ќе се впуштаат во авантури. Ваквата склоност сепак може да ги наруши нвните меѓусебни односи, затоа што ваквиот пар е еротски радознал и склон кон експеринменти. Можат да се створат неприлики заради неуредниот изглед на Стрелецот, кој многу и значи на Вагата. Иако ова не е многу иделана врска сепак може да биде многу возбудлива зартади нивната обострана сексуална привлечност.