Воздушен знак, променлив, машки, активен, позитивен. Под владетелство на Меркур, двотелесен. Последен знак на пролетта. Природен владетел на третата куќа.
Близнаците симболизираат амбивалентност на митскиот свет, нерешените спротивности во човекот. Во индоевропската митологија сите јунаци близнаци се многу корисни (Диоскури, Кастор и Полукс и други), тие ги штитат обичните смртници од опасности, ги спасуваат морнарите. Кај Пуебло индијанците јунаците близнаци се богови на утрото и вечерта и тие во космогониските приказни го отвараат патот на човечкиот род кога доаѓа на Земјата. Тие се најчесто ослободители и водачи на луѓето.
Личностите кај кои во наталниот хороскоп доминира знакот Близнаци (Сонце, Месечина, Асцендент или концентрација на планети во овој знак) се одликуваат со следното. Ова е знак на конкретниот ум насочен повеќе на факти отколку на идеали. Знак на причините и логиката, исклучително способен за јасно согледување на работите. Нејасноста и сентименталноста што водат кон погрешни заклучоци, непознати се на луѓето од овој знак. Многу често заинтересирани за книжевност, како и за уметност, одлични говорници, остри полемичари, секогаш ментално живи. Недостатоци на представниците на овој знак се недостатокот на концентрација и насоченоста на повеќе работи одеднаш, така да не можат да ги приведат кон крај. Ако успеат да ги надминат овие тешкотии нивната интелектуална снага ќе дојде до полн израз. Неодлучноста е уште една особина на овој знак и потекнува воглавно од способностите на Близнаците да се изгубат во детали или поради согледувањето на сите страни од некој проблем, не успеваат да донесат одлука.
Поради својот интелект и окупираноста со него, Близнаците често не развиваат топлина и чувствителност. Склони се кон егоизам и насочени на интелектот, не водат многу сметка за своето а ни за туѓите срца. Кога и вашата натална карта покажува голема емотивност, многу тешко ја искажувате. Тоа многу лесно ви поаѓа од рака кога го изразувате интелектот. Физички сте многу активни, постојано го менувате изразот на лицето, посебно на очите, истовремено живо гестикулирате неуспевајќи да ги смирите своите раце. Близнаците се многу младолики, можеби поради таа состојба на нивниот ум-секогаш радознал, свртен кон контакт и комуникација со другите, но и кон учење. Близнаците одат од крајност во крајност, иако најчесто многу поштени, врската меѓу развиеноста на рацете и интелектот понекогаш од нив прави одлични џепчии и фалсификатори.
Збор кој најмногу им прилега на овие луѓе е РАДОСТ, затоа што ја шират околу себе каде и да се појават.
ТАА: Нејзината душа е детска, пристапува едноставно и лесно, дозволува милување, па и бакнување. Недолжен флерт, сака милувања но не ја интересира страствен допир, ја меша фикцијата со стварноста, па чувствата избувнуваат во неповолен момент. Сака маж-другар и љубовник, со безгрижни сваќања кој се восхитува на нејзината свежина. Слатка иронија не сака драматизирање, и сметаат дофрлувања, се радува на смешните подароци и со малку хумор ја разбива мрзливоста. Тоа ѓаволче го презира моралот, површно бакни ја и веќе е задоволена. Монотонијата и досадува и често во коитусот треба да се измислуваат нови пози. Не го планира неверството, нејзе тоа и се случува случајно на излет, на журка или поради чиста љубопитност. Инаку се нуди, меѓутоа не се дава, секогаш има спремна тема за отпор, делува со шарм и ве уверува дека од нејзе сте имале се.
ТОЈ: Го има секаде, подложен е на секој ветар. Немирен, подвижен, несигурен, не му значи гордоста. Полот ненагласен, понекогаш хермафродит, бисексуалец, мултисексуалец. Нема комплекси ни еротски дилеми. Копнее кон лесни сензации, променливи мали возбудувања бидејќи без тоа нема стимулација. Не сака да се врзува за домот но парите ќе ги обезбеди со леснотија. Добар партнер во куќата, троши на куќното друштво, го разонодува со вицеви и маскирања. Наивен е и неопходен му е партнер со појаки принципи. Го заморуваат длабоки и постојани работи. Секоја нова ситуација го разведрува и зацврстува. За сопствената жена тој е врапче кое долетува и одлетува, нема завист и љубомора, случајното неверство го замачкува со хумор. Бидејќи не знае да мрази ни љубовта не му е длабока. Влегувањето во брак добро го планира а сопствените деца не знае татковски да ги воспита.