АСТРОМЕТЕОПАТИЈА


На временските осцилации, помалку или повеќе, реагираат сите, но најтешко ги поднесуваат хроничните болни. Наспроти редовното земање на пропишаната терапија, симптомите на основната болест се засилуваат, а метеопатските тешкотии се поизразени и кај жените во менопауза. Во прилогот кој следи откријте како астролошките знаци реагираат на временските промени.


Овен

Овните не мора да ја слушаат временската прогноза, бидејќи нивните глави се чувствителни и на најмала промена на атмосферскиот притисок. Нивните тела особено се чувствителни на количеството на светло: ако го немаат доволно, работната способност ќе им биде значително намалена и ќе бидат многу нерасположени.


Бик

Меѓу крајната чувствителност и индиферентност, Биковите се некаде на пол пат. Иако силно реагираат на секое врнење на дожд, тоа на нивното расположение многу малку влијае. Може да се каже дека Биковите се зависници од дождливите денови, бидејќи како земјен знак водата секако дека им е потребана. Ако се решат за прошетка, патот сигурно ќе ги одведе до некоја фонтана или поточе.


Близнаци

Близнаците најсилно реагираат на ветерот. Бидејќи тој ги движи облаците, го пречистува воздухот и носи миризби од далечните краишта. Поради тоа и дождот не им е некој непријател, дождливо попладне е најдобро за прошетка по освежен и со озон богат воздух. Најтешко им паѓа кога ќе видат утринска магла, бидејќи таа ги задушува и ин носи главоболка.


Рак

Раковите се обожаватели на неочекуваните летни времиња, кои со себе носат облаци од пустински песок. Ја сакаат миризбата на навлажнета земја и немаат ни малку обѕир спрема досадните повеќе дневни врнежи од дожд кои место освежување носат меланхолија и тага.


Лав

Децата на сонцето и светлината бараат онолку дожд, колку што им е потребно за нормален живот. На вишокот влажност и облаци се исклучително чувствителни. Нискиот атмосферски притисок ги прави чудни и раздразнети. На првиот зрак сончева светлина, кој ќе ги пробие облаците, овие луѓе со воодушевување длабоко воздивнуваат.


Девица

Децата на сонцето и светлината бараат онолку дожд, колку што им е потребно за нормален живот. На вишокот влажност и облаци се исклучително чувствителни. Нискиот атмосферски притисок ги прави чудни и раздразнети. На првиот зрак сончева светлина, кој ќе ги пробие облаците, овие луѓе со воодушевување длабоко воздивнуваат.


Вага

На овие есенски деца дождот им е близок. Проблемот е во тоа што со дождот доаѓаат и студот и влагата, на кои сите Ваги се многу чувствителни, бидејќи слабото нагласено Сонце не им дава физичка издржливост. Како непоправливи естети, се радуваат на росата на тревата, и мразулците кои се спуштаат од покривите.


Скорпија

Бидејќи владее со подземниот свет, Скорпијата на своите штитеници им подарила посебна отпорност спрема темнината од облаците, грмотевиците и молњите. Тоа не значи дека Скорпиите не се љубители на пустинскиот свет и снежните белини. Тоа се луѓе со крајности на кои метеоролошкиот декор им е од особено значење.


Стрелец

Бидејќи Стрелецот го бележи почетокот на зимата, логично е да се помисли дека овие луѓе се имуни на лошите метеоролошки услови. Но не е баш така: ова е огнен знак, кој можеби повеќе од Овенот и од Лавот страда ако Сонцето е премногу скриено зад облаците. Исто така, Стрелците мора да примат одредено количество светлосна енергија, па ако треба и со фототерапија.


Јарец

Јарците се познати ревматичари, кои временските промени ги чувствуваат на својот грб. Особено тешко ги поднесуваат ветровите, ниските температури и падот на атмосферскиот притисок. Нивното пресериозно лице уште повеќе ќе се замрачи на темни облаци, молњи и громови. На овие луѓе навистина треба да им се посака добар ден. Студот многу не им пречи.


Водолија

Тоа што Јарците го чувствуваат во грбот, Водолијата го чувствува на зглобовите. На промените на температурите телото на Водолијата реагира со остри болки и крцкање во зглобовите. Го сакаат дождот и се шетаат по него без чадор, но само кога се двајца и тоа поради романтика.


Риби

Рибите ја сакаат водата во сите агрегатни состојби; ја обожаваат снежната белина, мразулците, па дури и грмотевиците но само тогаш кога тие се на топло, суво и сигурно. Дождот е добредојден, но само кога прави романтика. Понекогаш им станува голем непријател поради лабилната рибина рамнотежа, а со тоа ги фрла во долготрајна и длабока депресија.


ЗНАЦИТЕ И КОЦКАЊЕТО


Без оглед на Сончевиот зодијачки знак секој човек во некој момент од животот е во ситуација да се најде пред избор - да се ризикува или не. прочитајте што зборува Астрологијата за обложувањето, игрите на среќа, хазардот, но и за прифаќањето на ризикот на поединечни зодијачки знаци во животот


Овен

Вие сте личност од акција која секогаш е спремна да го превземе ризикот. Можноста за брзо враќање на вложените пари е нешто што секако ќе го привлече нетрпеливиот Овен. Но тој е доволно мудар, па не влегува во шемата на брзо и лесно богатење. Овенот мора да научи да ја контролира својата импулсивност. Никогаш не вложувајте ги парите кои не смеете да ги изгубите; не купувајте работи од кои брзо ќе се заситите, што често ви се случува. Размислете за вложување во недвижнини. Среќни денови ви се недела и вторник, а среќни броеви 1 и 3.


Бик

Не сакате да се разделите од тешко стекнатиот имот. Освен кога ризикот постои, но добивката е загарантирана. Ако сепак сакате еден дел од парите да вложите, а можноста за ризик да ја сведете на минимум, побарајте совет од финансиски стручњак. Избегнувајте сомнителни потфати. За вас се мора да биде добро испланирано и организирано. Ако играте игри на среќа ваши среќни денови се среда и петок, а среќни броеви 2 и 6.


Близнаци

Дали ладно Ќе превземете ризик првенствено зависи од состојбата на вашиот осетлив нерврн систем. Променливата природа на Близнаците овозможува честа промена на интересирањата. Сакате да играте итоа најмногу шах, било која игра со карти, а со тоа го вежбате вашиот интелект. Тоа го сметате за пријатен начин да ја изразите својата коцкарска природа. СреЌни денови ви се среда и петок, а среќни броеви 4 и 7.


Рак

Како претпазливо дете на Месечината вие секој ризик гледате да го сведете на најмала можна мерка. Вие повеќе сакате да трошите пари купувајќи разни ситници за дома, отколку да се обложувате. Вие се задоволувате со мала добивка, иако сонувате за седумка на лото. Ако изгубите поголема сума на пари на облог, ќе бидете многу вознемирени иако ќе се трудите да го сокриете тоа. Среќни денови ви е понеделник и вторник, а среќни броеви 2 и 8.


Лав

Личноста родена во знакот на Лав на ризикот гледа као на составен дел од работата, но никогаш како на вид на разонода. Превзема ризик замо во случај ако тоа допринесува за успешен исход од дадената ситуација. Лавот по природа е доверлив играч. ако коцкањето успее тогаш е воодушевен, но ако изгуби на поразот гледа филозофски. Среќни броеви му се 1 и 5, а среќни денови недела и четврток.


Девица

Како практична и прецизна личност вие по прашањето на ризикот и коцкањето сте многу внимателни. Вие вредно работите за да заработите и не ги одобрувате ризичните потфати. Вие сакате да играте на сигурно. пред превземањето на било каков ризик ги проверувате сите релевантни факти, било да се финансиски или љубовни авантури. Секогаш мора да знаете што се случува зад сцената пред да ги вложите парите. Среќни броеви ви се 4 и 10, а среќни денови среда, петок и сабота.


Вага

Вие на коцкањето гледате како на вид на забава, но не сте многу заинтересирани да му се предадете. Вие во животот сте во потрага за рамнотежа, па превземањето на непотребен ризик за вас е вознемирувачко. Доколку посакувате малку возбудување, голема е веројатноста дека ќе излезете како победник, ако само малку ја слушнете вашата инспирација и интуиција. Искористете ги приликите кои изненадно ви се укажуваат. СреЌни броеви ви се 6, 9 и 11, а среќни денови петок и сабота.


Скорпија

Вие сте решителни во тоа да морате да постигнете успех во се што ќе превземете, а тоа подразбира и ризични потфати. Кога е во прашање коцката вие веројатно ќе се одлучите на една единствена игра од која нема да се откажувате. Доколку претрпите неуспех или губиток, било на коцка или во љубовта, вашето лице сепак останува без изразени емоции. Стоички го поднесувате поразот. Вашата храброст во ризични ситуации исто така е импресивна. Среќни денови вторник и петок, а среќни броеви ви се 8 и 12.


Стрелец

Никој не се прави толку важен при превземањето на ризикот од вас. Вие сте решителни кога треба да се испробаат новините и имате доверба дека вашите напори ќе вродат со плод. Вие уживате во се што бара акција. Некои Стрелци се познати како страствени и непоправливи коцкари, но сепак тоа не значи дека се неизлечиви случаи. Сепак кај многу Стрелци е присутна, понекогаш и скриена, оваа страст. Среќни денови вторник и четврток, а среќни броеви им се 5 и 7.


Јарец

Личноста родена во знакот на Јарец не се сложува околу расфрлањето на тешко стекнатите пари. Тие побрзо ќе се одлучат за вложување во недвижнини или некој бизнис кој ветува. Но иако не ужива да ризикува со своите пари, сепак ужива да ги гледа другите каде што се коцкаат. Ако се обиде да се коцка ќе ја ограничи сумата која може да ја изгуби и нема да се грижи за тоа. Среќен ден му е сабота, а среќни броеви 4 и 2.


Водолија

Необично е да се најдат луѓе родени во овој знак кои се луди по коцкањето или ризикот воопшто. Иако понекогаш можеби ќе уживаат во посета на коцкарница во друштво со пријателите, сепак нема даризикуваат поголема сума на пари. Поголемо задоволство ви причинува набљудувањето и анализирањето на другите кои уживаат во игрите. Вашиот интерес е првенствено насочен кон психолошката страна на ова појава. Среќни броеви ви се 3 и 8, а среќни денови среда и сабота.


Риби

Вие од време на време ќе уживате во мали обложувања, но поголемо задоволство ќе ви ппручи набљудувањето на оние кои сакаат голем ризик. Вие повеќе сакате да ги потрошите парите купувајќи билет за театар или книга. Анализирањето на ликовите на коцкарите за вас претставува вистински предизвик. Повеќето Риби побрзо ќе превземат ризик во љубовта отколку со парите. Среќни денови понеделник и вторник, а среќни броеви 5 и 9.


СРАМЕЖЛИВОСТ


Секој од нас се грижи за својот имиџ, односно за тоа како другите го гледаат и каков впечаток остава во друштво. Една од најчестите слаби точки на личноста е неспособноста вербално да се изрази или да го стори она што во одреден момент мора да биде направено за да се постигнат позитивни резултати. Да се биде срамежлив значи да се биде уплашен, иако постојат различни степени и видови на инхибираност. Затоа и според Астрологијата различни зодијачки знаци реагираат различно во различни ситуации, односно секој од хороскопските знаци се однесува според доминантните планети кои го симболизираат тој знак. Ако Сонцето, Марс, Уран се доминантни планети во наталниот хороскоп и позитивно аспектирани личноста е се друго само не срамежлива, додека за сремежливост најмногу придонесуваат негативните аспекти на Сатурн, Месечината и Венера.


Овен

Овенот е под силно влијание на Сонцето и Марс, така што на овие личности не им недостасува животна снага и ентузијазам. но таа снага не мора секогаш да биде агресивна и насочена само на чувството на сопствената важност, како што најчесто се опишува типичниот претставник на овој знак, така што подруго дури и срамежливо однесување сепак е можно.


Бик

За Бикот кој е под владетелство на Венера како сосема да е природно да биде повлежен, срамежлив, скромен и да поцрвенува за секоја ситница. Но, сепак како што е кажано порано аспектите и владеачката планета во наталниот хороскоп се од примарна важност при одредувањето на вистинската слика на личноста.


Близнаци

Тешко можеме да ги замислиме Меркуровите штитеници, Близнаците, као заради срамежливост седат во некој ќош и и молчат. Ни еден од Близнаците нема никогаш да поцрвенее од срам, освен ако во наталната карта не му доминира Сатурн, кој ги пригушува Месечината и Венера со својата наметлива дисциплина. Во секој случај најчесто Близнаците црвенеат од задоволство кога ќе почувствуваат дека се во центарот на вниманието.


Рак

Ракот со својот владетел Месечината претставува вистински центар за сите болно срамежливи пипадници на хороскопот. Сепак толку многу Ракови се присутни во јавниот живот. Изгледа дека тоа се оние Ракови кои ја имаат искористено целосната поддршка на позитивно аспектираниот Сатрурн кон Месечината, што им овозможува да ја урамнотежат нивната емотивна природа.


Лав

Духот на Лавот обично е таков што за своите деца ќе го направи она што за себе не е спремен. Мајката Лавица со Марс и Уран во петто поле (поле на децата), потпоно ги запрепастува своите познаници со своите жестоки противнапади во врска со она што таа го доживува како неправедна критика упатена кон нејзините деца.


Девица

Девицата со која владее Меркур искрено мрази да ја разбранува својата околина, и покрај фактот што дека тоа е знак познат со својата критичност. Кога Девицата влегува во просторија полна со луѓе, на неа се забележува извесна доза на негодување и нелагодност која како да зборува “Не сакам да бидам премногу слободна, но се надевам дека ќе ме прифатите”.


Вага

Припадниците на деликатниот знак Вага, можат да делуваат смирено и студено, но срамежливоста никако не може да се смета како дел на нивната природа.


Скорпија

Скорпијата е исто така тивка, таинствена и решителна. Но припадникот на овој знак не е срамежлив, освен ако Марс во личниот хороскоп не се најдува во еден од другите два водени знаци Рак или Риби. Скорпијата ретко го изразува она што навистина го мисли и чувствува, освен кога сака да глуми воздржаност, невиност, благост...


Стрелец

Верувале или не Стрелецот може да биде болно срамежлив, посебно во младоста, иако таа болка може да го следи и во позрелите години, создавајќи му многу незгоди. Тоа трае се додека не сфатат дека никој нема да ги брка до крајот на светот само затоа што не се совршени во секој момент.


Јарец

Насилниот и самосвесен пристап на Јарецот во сите области во животот можат да гоокружат со луѓе кои ќе мразат што мораат да проговорат макар и еден збор со нив, а сето тоа заради нивниот недостаток на смисла за хумор. Исклучок е Јарецот кој има многу планети во воздушни знаци. Јарецот не сака да го слушне ни смеењето на другите, но затоа ќе ужива да ги исмејува луѓето од својата околина.


Водолија

Нервозата е збор кој оди заедно со планетата Уран, токму како и со неговиот штитеник Водолијата. Припадниците на овој знак не се срамежливи во вообичаена смисла на зборот, иако имаат склоност да се повлечат и не се мешаат во приватните работи и односи на луѓето околу себе. можат да ги интересираат светските проблеми, но ќе станат многу нервозни ако мораат да се вплеткуваат во интимните проблеми.


Риби

Рибите од сите возрасти ќе црвенеат секогаш и на секое место. Многу Риби се до толкава мерка срамежливи во тинејџерските години така што тоа им создава нервоза од која тешко се ослободуваат. Единствено во случај Сонцето во наталниот хороскоп да им се наоѓа во некое од огнените полиња (прво, петто или деветто) или Марс во некој огнен знак, па така да се овозможи некакво модификувано однесување.


ЉУБОВЕН ТРИАГОЛНИК


Може да ви се сличи или можеби ви се случило, токму вие да бидете оној третиот, односто да бидете дел од љубовниот триаголник. И покрај коинциденциите или намерите, сепак и овде Астрологијата ги меша своите прсти. Некои од знаците сакаат да бидат дел од љубовен триаголник, додека други не можат да трпат такво нешто или поднесуваат само на одредено време. Во секој случај, соѕвездијата, односно нивната енергија влијае на развојот на настаните во љубовта, а со тоа и на создавањето и развојот на љубовниот триаголник.


Овен

Кога некој им се допаѓа Овните немаат милост кон туѓите партнери или љубовините и брачните врски. Кога ќе се заљубат, до саканата цел мора да дојдата колку што е моожно поскоро и на било кој начин. Не им поаѓа од рака пред другите да ја сокријата наклоноста и жубовта која ја чувствуваат кон личноста која им се допаѓа, макар таа (или тие) била во љубовна или брачна врска. Но бидејќи сакаат да имаат јасна иднина, овие личности или животот ќе го продолжат со новиот партнер или изненадно ќе прекинат се без многу солзи.


Бик

Кога ќе се заљубат им одговара било каква ситуација. Сепак кога се трет дел во љубовниот триаголник, на сцена стапува нивната посесивност; сакаат партнерот да го имаат само за себе, дури и тогаш кога тоа воопшто не е можно. Кога партнерот не е покрај нив, не ги интересира што работи, но истото право си го земаат и за себе си. Тие се вистински уметници во преживувањето на тешките сентиментални мименти, па затоа добро се држат кога ќе им се случи да бидат трети.


Близнаци

Љубовниот триаголник на Близнаците им е забавен. Не им е тешко да глумат улога на љубовник, дури им се допаѓа. Ако се заљубат во некоја личност која не е слободна, ни малку не ја формализираат работата, затоа што воопшто не веруваат дека постојата вечни и неуништиви љубови. Уживаат во изненадни и непредвидени ситуации. Тоа ги стимилира и поттикнува да измислуваат нови прилики и шанси за прељуба.


Рак

Не им се допаѓа да бидат составен дел од љубовен триаголник, а посебно не оној третиот. На Раковите семејството е света рабоат кон која негуват неизмерно почитување, па во таа смисла и се однесуваат и кон туѓите семејства и семејни врски. Никогаш не им паѓа на памет некому да одземаат нешто и да се мешаат во туѓа сентимантална припадност. Но ако им се случи да бидат трети во љубовен триаголник, се чувствуваат многу непријатно дури и разочарано.


Лав

Лавовите се со кралско однесување и сметаат дека и тие и партнерот можат да си дозволат уживање во “забранетото овошје”. Тоа што околината се згрозува од таквиот Лавовски живот тоа нив не ги интересира. За нив животот мора да биде непрекината линија на уживања; тие не се во состојба да ја ограничат територијата н асвојата забава, а тоа посебно се однесува на љубовта. Го нервираат криења и лаги, затоа тогаш може да дојде до тешкотии во природниот след на настаните и Лавот да брзо да ја напушти играта.


Девица

На Девиците не им се случува често да впливаат во љубовентриаголник; нивната анализирачка природа не им дозволува туку така некому да му се фрлат во прегратка, односно да се соочат со неконкретна и неизвесна ситуација. Но кога ќе им се случи да негуват емоционален интерес кон личност која не е слободна, Девиците добро знаат дека се е во коректното планирање. Важно е сите да си ги сфатат своите улоги и нема причина нешто да не биде во ред.


Вага

Потребата на Вагите негого да сакаат и секогаш да бидат со некого, може да ги натера да станат и дел на љубовен триаголник, посебно ако им се заканува опасност да бидат сами. Лесно се вклопуваат во улогата на семеен пријател. Вагата е максимално резервирана и никогаш нема да дозволи да са загрози нејзината репутација; затоа и не ја покажува наклоноста во јавност, како љубовница може да биде совршена, да ги одржи во перфектна рамнотежа сите страни кои се во игра, љубовта и должноста, правата и обврските.


Скорпија

За нив љубовниот триаголник е нешто сосема нормално и лесно сфатливо, па во тој стил и се однесуваат. Ситуација во која Скорпиите се тие кои ја поткраднуваат љубовта од една врска, апсолутно им одговара, дури е подобро ако таа е обогатена со опасности и препреки. Страшно им се допаѓа неизвесноста и ризикот да бидат откриени. Кај нив постои и задоволство од неверства, сакаат да одат спротивно на сите канони на општествено однесување. Во состојба се емотивно да се вплеткаат ”до гуша” иако знаат дека за тоа можат да страдаат.


Стрелец

Стрелците често се наоѓаат во положба на трет во љубовната врска. Нивниот ентузијазам често завршува така што ги фаќаат во неверството и тогаш трпат многу непријатни ситуации. Бидејќи живеат во убедување дека прават исправна работа, дека се само во убава пријателска врска и дека никого не сакаат да повредат, многу лесно можат да се најдат во стапица на длабока заљубеност. Склоноста кон авантура и радозналоста ги тера кај нив секогаш да биде посилна желбата за реализација на една скриена врска.


Јарец

Јарците ја почитуваат формата и традицијата, затоа сметаат дека љубовните траголници отсекогаш постоеле и дека и понатаму ќе постојат. Кај нив меѓутоа е можно триаголниците да се претворат во квадрати, а тие во многуаголници. Кај Јарецот всушност се случува следното; како личност со натпреварувачки дух, освојувањето на личност која веЌе е во врска за него е само една победа и бидејЌи е упорен ќе го убеди партнерот да ја раскине претходната врска за да ужива во нова вечна љубов.


Водолија

Сметаат дека нема ништо лошо во тоа. Љубовните тројки, четворки и петки, за нив е само работа на определување. А Водолиите и тоа како се определени за ваков вид на искуство. Ако им се укаже прилика, сигурно нема да ја пропуштат. Водолиите не се љубоморни и посесивни, па затоа не им пречи да го делат партнерот. Нивната инвентивност им овозможува секогаш да ја збогатуваат врската и да ја прават поинтересна. И така можат да живеат цел живот.


Риби

Рибите многу често се наоѓаат во ситуација на љубовен триаголник, а ни самите да не им е јасно како успеале во неа да влезат. Можеби некој ќе помисли дека на Рибите тоа не им одговара, но тука се лаже. рибите уживаат во тоа, псебно ако се трети, тоа за нив е толку романтично. тајни состаноци, украдени нежности, страв дека нема да имаат доволно време да бидат со саканата личност итн... Рибите многу лесно влегуваат од една во друга љубовна приказна. Колку врската е поопасна и поневозможна, тоа нив повеќе ги привлекува.


ПОСЛЕ ВОДЕЊЕТО ЉУБОВ


Водевте љубов: ќе заспиете и двата веднаш или едниот останува буден и несреќен? Или пак се вбројувате во оние среќни парови кои после водењето на љубов уште долго заљубено се мазнат и разговараат? Европеецот после сексот со партнерката се занимава само 4,3 минути, а 39% од машките заспиваат веднаш. Жените, според статистичарите се многу повнимателни... Кај хороскопските знаци е одредено како се однесуваат по водењето љубов. Слободно проверите.


Овен

Дивјак кои после беспомошното водење љубов се свртува на своја страна и, е убеден дека неговиот партнер(ка) после тоа сигурно никогаш нема да заборави самозадоволно ќе заспие. Најпретпазливите Овнови сепак ќе соберат толку сила да ви шепотат најмногу три минути вулгарни зборови и да ве милуваат(гњават). Кога ќе се разбудат сакаат негде да заминат но повеќето од нив незнаат каде па остануваат. Најдобро е да се отарасите од нив додека не биде касно.


Бик

Мрзливите Бикови обожаваат долго да се милуваат. Во состојба се со часови да лежат на кревет, и бараат од вас да ги милувате, чешкате... Потоа тие ќе ве милуваат вас, што значи дека ќе ве гребат, притискаат, штипат и притоа неразбирливо ќе брботат. Оние пак најчуствителните со сила ќе пробаат да легнат на вас како би се осигурале, дека нема да им побегнете. Во најдобар случај ќе поминете само со брух(кила). Ако сакате да водите љубов со часови тогаш сте го одбрале правилниот партнер.


Близнаци

Во секој случај најзборлестото суштество од зодијакот. После сексот ужива да раскажува случки од минатото, подло ги оговара бившите партнери(ки), и како дете лаже, дека сте му вие љубовта на неговиот живот. Потоа го вклучуваат телевизорот и ве малтретираат да заедно со него гледате хумористичната серија, на која ќе умира од смеење со часови. Најдобро ќе поминете ако при рака има LapTop. Во тој случај веднаш се вклучува на Facebook и почнува да ви ги прераскажува постовите. Без разлика за кој Близнак се работи нема шанси да заспиете.


Рак

Лепенка од која никако не можете да се отргнете. Цела ноќ ќе лежи цврсто прилепен до вас и гласно ќе воздивнува , и тоа право во вашето уво. По илјада пати ќе ве прашува дали навистина го сакате. Најтрагичното од се, тоа што ќе ви зборува како мало дете, глупаво гугајќи, што ќе ги нервира и најфлегматичните партнери. Обичните смртници не можат воопшто да го поднесат. Бидејќи го менуваат расположението, тешко е да му погодите што во сексот бараат.


Лав

Ќе брбори без престан, и тоа секако за себе. Ќе ви поставува вообичаени прашања, од типот”Душо зарем не бев генијален?”, односно “Срце зар не сум супер женска?”. На секој ваш потврден одговор, ќе ве бакнува, оние посуптилните ќе плачат од среќа. Набрзо смирено ќе заспие и ќе грче се до наутро. Лошо ќе си поминете, ако случајно му најдете некоја забелешка во сексот. Се препорачува само на наглувите личности.


Девица

После водењето на љубов одма се фрла на крстозборките. Ќе ви се обраќа исклучиво со ”Планина на К”, или ”Режисер на М” и слично. Некои пак ќе читаат книга, а во краен случај ќе ги завршуваат недовршените пресметки од работа. Друштвените Девици,ќе бараат од вас да играте брза географија, додека оние најдосадните ќе ве малтретираат со партија шах се до наутро. Ако се работи за Девица од низок тип сигурно ќе ве натера да играте ”мижи-татара”, и тоа потполно голи.


Вага

После водењето на љубов ќе пробаат да ве натераат заедно со нив да влезете вкупатило на заедничко бањање. Никако не се сложувајте бидејќи штом влезете во кадата, ќе ви ја ставаат главата под вода, ќе ве прскаат со пена во очите, или пак ќе ве тријат со сун”ер на грбот толку силно што ќе ви го отстранат горниот слој на епидермот. Најекстремните Ваги ќе проверат колку долго можете да издржете без воздух под вода.


Скорпија

Натприродно суштество на кое никогаш не му е доста. Во состојба е цела ноќ да води љубов без да застане. Во краткотрајните паузи кои сепак ги прави, радознало ќе ве испитува за вашите сексуални навики, за сексуалните навики на вашите бивши љубовници, после што љубоморно повторно ќе навали и тоа толку долго се додека не паднете во несвест. Највероватно ќе ве прогласи за аматер и според него сте далеку од тоа што го посакува во сексот.


Стрелец

И после најстраственото водење на љубов, Стрелецот има вишок на енергија, што голем број од вас ќе го потрошат на тој начин, што ќе прават склекови над партнерот. Следниот ден со задоволство ќе раскажувате за вашите љубовни подвизи. Помирните Стрелци- интелектуалци ладнокрвно го палат светлото и продолжуваат да читаат книга таму каде што застанале претходната вечер. Сите обиди да се сврти вниманиете на себе ќе останат залудни


Јарец

Досаден меланхолик, кој после сексот пали цигара и околу еден час пуши без да каже ниту еден збор, а потоа е започнува својата животна приказна. После краткиот осврт на детството, со нагласок на неколку најтажни моменти од детството, се запира на описот на своето его кое несватливо лута низ овој свет без љубав. После повеќекратната самоанализа, ќе премине на филозофирање, а пред да се раздени ќе премине на историја. Повеќето негови партнери(ки) цврсто ќе заспијат уште на првата епизода од детството.


Водолија

Иноватор во се, па така и во сексот. Водолијата во креветот сака да ги испроба сите можни пози за кои слушнал или кои му се вртат во неговата глава, а нарочито оние најегзотичните. Но бидејќи не располага со премногу енергија, обично цврсто ќе заспие во некоја невероватно замрсена положба за која нема на крај памет да ви дојде. Ако не уживате во класичен секс, тогаш Водолијата ви е вистинскиот партнер.


Риби

Сите Риби со исклучок на оние кои го гледале ”Девет и пол недели”, длабоко се уверени да хранењето на партнерот после водењето на љубов е неопишливо секси. Затоа во устата со сила ќе ви клава краставици, банани, варени јајца, колбаси, или пак цел батак, а во краен случај ќе ве испрска со цела туба шлаг или мајонез. Тоа толку ќе ги возбуди што ќе сакаат уште еднаш да водат љубов. Но без разлика на тоа вие сигурно не ќе можете да се помрднете.


КАДЕ ИЗЛЕГУВАТЕ


Секој знак одбира локал за излегување: Овенот сака бучни места, Скорпијата мрачни, Бикот сака богата трпеза, а Вагата примамлив интериер. Кенлерите најмногу мразат гости Јарци, а најмнбогу ги сакаат гостите Риби кои можат лесно да ги пренесат жедни преку вода.


Овен

Овенот обожава бучни, преполни ресторани и зачадени кафулиња. Доколку музиката не трешти како грмотевица, нему ќе му биде смртно досадно. Сејкој прав Овен доживува врв на своето уживање кога ќе почне тепачка. Тогаш тој намиреа може да разбие неколку чаши или да го удри некого со цела сила, без никаква причина. Едноставно, тоа е еден од начините кои Овновите ја трошат својата енергија. Подеднакво го мразат и сопствениците и келнерите. Многу гости ќе го напуштат локалот уште кога ќе го здогледаат на вратата.


Бик

Биковите се најблагодарни и секако најдраги гости на сите ресторани. Како земјен знак Бикот ужива во јадењето, јади се и тоа во големи количини. Најомилени му се поелегантни кафулиња, по можност со удобни тапацирани столици кои не предизвикуваат болки во рбетот. Често се зањубуваат во келнерите и келнерките, шанкерите и секако во куварите, па се во состојба во некој локал да поминат и по дванаесет часа дневно. Останатите дванаесет часа ги поминуваат в кревет спиејќи.


Близнаци

Луѓето родени во овој знак најчесто можете да ги сретнете во Мекдоналдс рестораните или на слични места каде се јади на брзина. Сака хамбургер, помфрит, рибчиња, сладолед и фрапе и тоа се истовремено. Често ги менуваат локалите, барајќи нови жртви за давење со муабети. Најмногу од се сака да стои на шанк и да прикажува и тоа било со кого па дури и со самиот себеси. На келнерите постојано им оди на нерви затоа што сигурно неможе да испие толку колку што кажува.


Рак

Овој знак обожава мирни ресторани со убава музика и со запалена свеќа на масата. Музиката мора да биде тивка, а јадењето по можност од традиционалната кујна. Се разбира секогаш го води партнерот со себе кого потоа цела вечер го гледа со заводнички погледи. Истовремено и непрестано го држи за рака така да ни едниот ни другиот не успеваат ништо да каснат. Кога јадењето ќе се олади, Ракот на крајот заклучува дека неговата мајка сепак најдобро готви. Сепак секогаш се враќа во истиот ресторан.


Лав

Лавот и во рестораните и во кафулињата влегува облечен како да доаѓа од модна ревија. Куварите и келнерите не го поднесуваат затоа што секогаш бара некое јадњење за кое никој никогаш не слушал или пак некој егзотичен коктел кој никогаш не му е добро спремен. Совет за келнерите: Најлесен начин да се отарасите е служајно да му ја истурите супата на нозете или да го натурите со вино. Истиот момент ќе истрча дома да се преслечи. Не грижете се, никогаш нема да ви донесе сметка од хемиското чистење, затоа што тоа му е испод чест.


Девица

Девиците се вистинска ноќна мора за сите келнери. Освен тоа што бараат супа со точно одредена температура, геометриски сечени парчиња компири, совршен облик на пењата во капучиното, туку и си носат прибор за јадење од дома. Нема да седнат на маса ако на чаршафите има макар една флека. Сметката неколку пати ќе ја проверат пред да платат и секако дека ќе ја понесат со себе. Совет за келнерите, кои сакаат да се оттарасат од Девиците: барајте им бакшиш.


Вага

Вагите се најмногу склони да одат на места каде јадењето и пиењето се служи во убави садови, каде постои прекрасно WC со огромно добро осветлено огледало. Како гости прилично се незгодни затоа што им намигнуваат на сите келнери, кувари но и на гостите на соседните маси, без оглед на нивната бра чна состојба. Оние пак кои се наоѓаат на нивната маса цело време ги гибаат со ногата. Келнерите ги мразат затоа што тешко се одлучуваат што да порачат, а кога ќе ја добијат храната секако дека не се задоволни од сервирањето.


Скорпија

Скорпијата обожава мрачни подземни локали и ресторани со пригушена светлина за да може на мира да ги штипи келнерите и келнерките, но исто така и некој(а) од гостите. Пие во неограничени количини, но на сеопшта жалост никогаш не му е лошо од пиењето. Ако не го измами келнерот излегувањето го смета за пропаднато.


Стрелец

На Стрелецот најомилени му се рестораните на некоја странска кујна. Пр: Грчка, Мексиканска и сл. Кинеските ресторани не ги сакаат баш многу затоа што никако неможат да се научат да јадат со стапчиња. Во кафулињата многу не го трпат затоа што постојано брзаат од едниот крај до другиот, така што на сите ќе му се врти во главата освен нему. Бара жртви за разговор, на кои ќе му докажува колку е паметен и богат со знаење. Кога ќе го научат неговиот карактер и почнат да го избегнуваат, го менува локалот. И гостите и послугата едвај чекаат да си замине. Најомилени им се секако казината и клубовите за карти.


Јарец

Јарецот е најомразениот гостин во сите ресторани и кафулиња, од кои навистина никој нема никаква корист: пие само минерална вода и јаде супа со една кнедла. Секако дека прво ќе праша што е најефтино од храната и пијалакот пред да порача. Тешко можете да го измамите, никогаш не дава бакшиш. Од Јарецот не треба да се очекува да чести, освен ако сте порачале кафе или чај. На сеопшта жалост се задржува и по неколку часа.


Водолија

Најмногу сака да ги посетува работничките мензи и останатите места каде што храната се добива од заеднички казан. Доколку се одлучат да ручаат во ресторан, најчесто одат во вегетаријанските и тоа не за друго, туку за да го одржат оригиналниот стил. Во кафулињата не го сакаат затоа што освен што невкусно се облекува, туку и упорно се обидува да ги фасцинира послугата и гостите. Најчесто го исфрлаат после половина час, но добро е примен во помодерните и авангардни места.


Риби

Рибите се прототип на идеален гостин. Мирни се со израз на лицето кои оддава или занесена среќа или болежлива меланхолија. Со сонувачки поглед зјапа во менито како во најдрага збирка на песни. Од срам порачува поскапи јадења, иако му се допаѓа нешто поефтино. Идеална жртва е на корумпираните келнери, а многу често не бара кусур, повторно од срам. Секој пат се измамени.


НА УДАР ОД СУДБИНАТА


Најранливи се Раковите, најповеќе патат Водолиите, но затоа ништо неможе да го собори силниот Овен. Лавот за ништо на светот нема да го покажи своето скршено срце, а доколку сакате утеха ќе ј адобиете од Стрелецот-за него ништо не е толку црно колку што изгледа.


Овен

Ова е познат зодијачки палавко, кој не се помирува лесно со ударите на судбината, Ќе и инати и на најтешката болест, настојувајќи да докаже дека е посилен од неа и дека со ништо, освен со снагата и супериорноста не се разликува од останатите луѓе. Ќе ги поднесува и најтешките животни предизвици, Ќе го претрпи и најголемото предавство од пријателот, ќе се обиде да се привикне на загубата на саканата личност и ќе настојува да се однесува како ништо да не се случило. Едно сепак не може да поднесува, а тоа е да предизвикува сожалување. Тогаш станува раздразлив и агресивен и со многу врева и бес ќе настојува да го скри своето страдање.


Бик

По природа се наклонети кон меланхолично и тажно расположение и не се некакви херои кога се во прашање ударите на животот. И банална незгода ќе им го обои лицето со тмурна сенка, а големите загуби во животот ќ ги направи безболни, намрштени и недруштвени. Наклонети се кон препуштање кон животните текови, па и тогаШ кога тие очигледно водат кон пропаст. За да се оттргнат од апатичноста, потребен им е поттик од надвор, пријателско охрабрување или пак пресврт на околностите. Самите тешко тргнуваат. Често играат на карта на милостивост. Придобивајќи така чувство на сигурност, но и евентуална помош.


Близнаци

Лежерноста и површноста со кои летаат ниж животот, можат да не доведат до потполно погреШен заклужок, а тоа е дека Близнаците се малку осетливи на ударите на судбината. Ситуацијата е потполно спротивна. Нивните нерви се многу танки и лабилни, па затоа тешките животни околнсти лесно ги исфрлаат од рамнотежа. Тогаш лесно запира и нивната деловничка снаодливост, стануваат дезориентирани, па бараат за нив некој да се грижи како за мало дете. Често се толку изгубени што нема да им биде на одмет вистинаска стручна помош на психијатар.


Рак

Раковите по својата осетливост се навистина специјална зодијачка категорија. Нив ќе ги расплаче и растажи и само еден поглед на туѓа несреќа, а ако се случи трагедија во нивната најблиска околина со месеци, па дури и со години нема да излегуваат од депресија, со очи вечно надуени од солзи, одбивајќи помош и совети. Има нешто мазохистичко во нивното препуштање на страдањето, склони се потполно да се занемарат, заборавајќи дека со таков однос према ебеси предизвикуаат многу тага и бол кај своите блиски.


Лав

Лавот упорно ќе се труди да докаже себеси и на другите како се може достоинствено и храбро да се соочи со свите животни тешкотии. Скоро никогаш нема да дозволи да го видете заплакан, но затоа на своите чувства ќе им дозволи да излезат во патетичните филозофирања за тежината на животот, за неправедноста на судбината или малерот кој го следи. Не сака сведоци на своите моменти на слабост. На ваШиот обид да го теШите ќе во возврати со поглед пол со презир, а на добронамрниот совет учтиво ќе се заблагодари но ќе ви објасни дека мора сам да се соочи со теШкотиите на судбината.


Девица

Колку и да делуваат осетливо и лабилно, Девиците и во најкритичните ситуации не ги напушта нивниот главен адут: практичноста и здравиот разум. И додека ја распаруваат најболнни чувства, таа се оддава на работа, се препушта на грижа за другите. Овде може да се каже дека тешките животни ситуации ја инспирираат на големи дела, во кои се надминува самата себеси, настојувајќи да ја задоволи својата основна животна парола да се биде корисен. Многу тешко ги поднесува пореметувањата во секојдневните активности и најтрагично ги доживува болеста и отпуштањето од работа.


Вага

Иако оставаат впечаток на суптилност и осетливост, не смееме да заборавиме дека токму нивниот знак е место на Сатурновото восхитување, што им дава посебна цврстина или како што некој поетски рекол: тоа се челични раце во сомотски ракавици. На она што го нарекуваме удар на судбината ќе одговорат со повеќе прибраност од било кој друг зодијачки знак. Многу тешко поднесуваат кавги, одделување од блиски личности, но брзо доаѓаат при себе и го реорганизираат животот во согласност со новите околности.


Скорпија

Ова се личности кои без разлика на својата снага теШко се помируваат со ударите нба судбиата. Скорпиите тешко го поднесуваат жувството на немоЌ и нема ништо полошо за нив да бидат сведоци на нечие страдање или настан на кој неможат да влијаат. Тоа во нив разбудува силни деструктивни и автодеструктивни нагони, па често со своите бурни реакции само ја влошуват ситуацијата. Кога ќе додадеме дека она што го покажува не е ни десеттина од она што во неа врие,не ни останува ништо друго туку да и советуваме конструктивно да ја насочува својата голема енергија и да ги зараснува наместо да ги продлабочува отворените рани.


Стрелец

Доколку проживувате тешки моменти и потребен ви е некој мудар, а истовремено ведар и оптимистички расположен, ви препоражуваем Стрелец кој со уверливи аргументи и примери од сопствено искуство ќе ви објасни дека не е секое зло лошо и дека има среќа и во несреќа. Најбљудувајте ги во тешките моменти, па ќе наужите што значи силата на верата, моќта на позитивното мислење, односно филозофија во практична примена.


Јарец

Сатурновската природа им обезбедила доволна доза на озбилност и издржливост, така што Јарците ладно ги поднесуваат маките кои им ги носи животот, навикнати на честопати горчливот вкус на секојдневието и спремни на изненадните удари на превртливата судбина. Наклонети се кон препуштање на долготрајно периоди на депресија кои не ги намалуваат нивните работни способности, но многу негативно делуваат на околината. Затоа им препорачуваме да ги послушаат советите: да се обидат да се разведрат и да погледнат на она убавото што го носи животот.


Водолија

Осетливата и хумана природа на Водолијата многу е лесно да се потресе: тие не поднесуваат страдање нити на својата нити на туѓа кожа. Секогаш се спремни да помогнат, иако нивната Урановска непрактичност, најчесто повеЌе прави штета отколку корист. Границите на чувствата со кои реагираат на ударите на судбината се движат до безволност и пасивност до луди и бурни реакции. Материјалните тешкотии нема претерано да ја загрижуваат Водолијата. За неа е покарактеристично духовното страдање: разочарување во пријателите, неостварените соништа и срушените идеали.


Риби

Типичните Риби голем дел од животот го поминуваат во длабока депресија заради разноразни животни неволји. Тие се во постојано страдање и болка заради некој или неШто, а трагичните животни ситуации лесно и најчесто трајно го пореметуваат нестабилниот свет на Рибите. Алкохолот и дрогата тогаШ стануваат единствен излез, па многу Риби паѓаат на овој испит на зрелоста, ја поливаат својата тага, повлекувајќи се од светот. Соочување со реалноста е нивна голема животна лекција. Она од што најмногу бегаат, животот постојано им го подметнува.


НАМЕТЛИВИТЕ ЖЕНИТЕ


Секоја жена е наметлива на различен начин. Каква техника и тактика ќе користи или каква мотивација ќе ја натера да му се наметне на мажите најдобро ќе ви откријат ѕвездите. Жените во овој текст ќе се пронајдат себе си, а мажите можат да го искористат за одбрана.


Овен

Жените Овни можат да биде вистинска досада за мажите. Доколку фрли око на несреќникот него му се случи да одбие женска понуда тогаш таа навистина физички се наметнува. Едноставно таа мора да го добие одна што го сака. Своите закани лесно ги остварува бидејќи неретко овие ени се со машка градба, широкои рамења и тесни колкови. Нејзиниот стил е агресивен а пристапот директен. Таа сака да го има а осебно ќе биде среќна ако таа прва го направи.


Бик

Догло ќе мудрува и ќе крои планови како да го заведи. За таков чекор најчесто се одлучуваат разведените или на оние кои бракот не им овозможува среќа и задоволство. Ќе го запримети во рестораните или слаткарниците каде ќе свати дека тој е вистинскиот човек за неа-јади многу и добро. Упорно од ден на ден ќе му биде се поблиска а тој ќе почуствува така одеднаш дека нечии нови раце го милуваат.


Близнаци

Овие жени многу зборуваат и со својата елоквенција во состојба се да го завртат скоро секој маж. Се разбира нивниот неодолив шарм нема да запали на пример кај сериозниот и карактерниот Јарец, но затоа сите други може лесно да ги улови. Тие се толку уверливи што можат да напшрават мажот да заборави како се вика., со денови да ги чека дома а мораат да одат на некој состанок и на крајот со малку зоборови да завршат во неговите прегратки.


Рак

Од овие жени едноставно не треба никој да се плаши. Ретко се случува жената Рак да почуствува потреба на некого да му се наметнува. Доколку тоа и го направи тогаш страда нејзиниот сопруг. Тоа толку ретко се случува да воопшто сопругот на жената рак не треба да се плаши. Желбата за наметнување ќе му остане исклучиво во нејзината фантазија. Таму таа редово на некого му се наметнува и го малтретира се додека не го виде во реалноста, тогаш за кратко се предомислува.


Лав

Кај има бука и галама таму ќе ја најдете и Лавицата. Неа одма ќе ја препознаете бидејќи ќе биде одговорна за тоа. Доколку одговарате на нејзините замисли и покажете само малку интерес-готови сте. Нејзиниот силен сексуален набој и желбата да вледее со мажите ќе ја запечати вашата судбина. Освојувањето ќе биде агресивно, а тоа ќе и прави големо задоволство.


Девица

Овие жени имаат попаметни работи отколку да бркаат мажи. Таа е мирна и ладна и само понекогаш мала искра на еротика и страст ја заигрува нејзината душа. Доколу се случи тоа Девицата сигурно претходно ќе пресмета да ли му се исплаќа да превземи таков чекор. Доколку пресметките и се исплаќаат тогаш преминаува во акција. Нејзиниот стил ќе биде циничен, а за евентувалниот неуспех се разбира ќе ги обвини другите.


Вага

На овие убавици не им е тешко да освојат било кого. Во прашање е само времето и количината на шминка која треба да ја употребат. Секако дека е важен и вербалниот фактор, но тоа и не е така пресудно. Тие постојано ќе вагаат дали тој е доволно добар или има некој уште подобар. Кога таа ќе се подготви за напад само на слепец нема да му биди јасно за што се работи. Нападот може да се спречи само со бегање.


Скорпија

Скорпионките се страствени и секогаш желни за љубов. Освен што редовно на некого му се наметнуваат тоа тие го прават редовно и на тие кои се под нејзина контрола. Кога таа ќе му го фрли окото на некого шансите за бегство се минимални. Агресивноста и борбата ќе бидат пропорционални во однос со состојбата на неговата сметка. Напаѓа експлозивно и незгодно, а особено е опасна за оние кои ќе и се спротивстават.


Стрелец

Жените Стрелци имаат посебна техника на пристап кон мажите. Тие се отворени и пријателски расположени кон секого, без разлика дали повеќе или помалку му се допаѓаат. Доколку мажот го прифати фактот дека нејзиното деклоте е премногу отворено а нејзините нозе препровокативни, а уште ако се почуствува заведен тоа е само негов проблем. Доколку таа навистина посака да го има едноставно ќе го зграпчи.


Јарец

Овие жени не знаат што е тоа наметнување ваквите афинитети ги користат на други места тие се верни и редовно несреќно се заљубуваат. Но, понекогаш и таа може да почуствува потреба за лов. Во своите настојувања знае да биде досадна и упорна, а покрај тоа што сака да го искористи ќе ја весели тоа што покрај тоа ќе му ја растури врската. Вистинско задоволство и е да гледа како жртвата му објаснува на својата жена каде бил вчера.


Водолија

Овие жени лесно можат да го добијат мажот кој ќе го посакаат. Нивниот шарм и неконвенционалното однесување лесно ќе ја намамат жртвата, а потоа само со малку такика ќе ја донесат до крајот. Се започни како добро пријателство и симпатично дружење, да со време целиот случај заврши в кревет. Кога дечкото тоа ќе го свати веќе ќе биде касно.


Риби

Рибите се навистина посебни, ретки се оние кои во нив немаат најдено ништо привлечно. Многу мажи и се приближуваат, таа со сите со задоволство се дружи и секогаш постои иницијатива. Ретко сама тргнува во акција бидејќи во меѓувреме полна е со фантазии и сонови. Но доколку на тоа се одлучи, доволно е да види само добар автомобил и да ја промени одлуката. Ваквата состојба често може да трае и долго.


ВАШИТЕ НАЈМРАЧНИ ЖЕЛБИ


Морал, кодекс на однесување, бон-тон итн. Сите овие параметри ни ја ограничуваат слободата на делување. Во главата постојано ни се врти некоја желба, некоја акција, но секогаш нешто не кочи од внатре и ни вели „не тоа не смееш да го направиш“. Да видиме што вели астрологијата кога тој внатрешен глас некогаш нема да го послушаме.


Овен

Бидејќи отсекогаш сакал да биде херој на улицата, овој грабливец најчесто сака работи со кои ќе ја воодушевува својата околина. Агресивниот Овен верува дека ќе стане предмет на обожавање на целата населба доколку секоја ноќ под прозорците на соседите им прави бучава со својот мотор. Уплашените соседи со ноќи ќе го гаѓаат со разноразни предмети и ќе го налеваат со вода, се додека по неколку месеци не сфати дека е несакан и навреден не си замине. Што најмногу го привлекува младиот Овен? Ќе го забележите како во дворот ги малтретира сите деца околу себе и им ги зема играчките, особено пластичните пиштоли или некоја друга играчка-оружје. Постарите Овни се највештите шверцери. Најчесто тргуваат со делови од автомобили или со цели автомобили, а оние најекстремните и со оружје.


Бик

Ова се грабливци што не се ни трудат да се променат. Во потрага по богатството, оди со исплазен јазик, зацрвенето лице и со тресливи раце. Доколку открие дека поседувате нешто што тој го нема, ќе ве озборува, мрази и бескрајно ќе пати. Што најмногу го привлекува? Сонот на секој Бик е да поседува неколку илјади хектари земјиште на кое ќе расте жито и овошје, односно по кое безгрижно ќе трча со овците и кравите, а кои сите еден ден на мира ќе може да ги изеде. Урбаните Бикови повеќе се концентрирани на фрижидерите и замрзнувачите, кои ги чуваат во спалната соба наместо во оставата. Покрај тоа, познати се како колекционери на уметнички дела.


Близнаци

Близнаците најмногу од се ја сакаат славата. Сакаат да делат автограми и слики, а доколку случајно влезат во некој телевизиски кадар, прават гримаси и си играат со рацете. Повеќето од нив длабоко веруваат дека се навистина славни и тоа без никаква основа. Што најмногу го привлекува? Во очекување на славата, Близнаците времето го поминуваат играјќи некоја игра на компјутер или праќајќи му е-маил на некој од многубројните пријатели или, пак, бесно ќе свират на некој од своите музички инструменти од кои набрзо оглувуваат. На постари години ќе ги видите во некој парк, како им ги земаат играчките на децата или, пак, играат фудбал со нив.


Рак

Неговиот скромен, тивок и безнадежен изглед со ништо не ја оддава неговата мегаломанска природа. Но, сепак, Ракот никогаш нема да биде целосно среќен доколку не поседува неколку куќи, по некоја викендичка, чамец итн. Што најмногу го привлекува? Најлошиот сопственик во зодијакот. Животна желба му е сам да живее во висококатница или можеби во скривница или во милитантни бункери во цветни градини. Лош е и како потстанар. Тешко можете да го избркате, а ништо нема да биде чудно по неколку месеци тој да ве избрка вас.


Лав

Овие се најголемите грабливци во зодијакот, а лесно се прикриваат зад честа и големодушноста. Се сретнуваат по раскошни забави, а ќе ги препознаете по зажарениот поглед, кој е насочен кон вашиот златен накит. Секако дека и тој е накитен како вас. При погледот на вашиот прстен неконтролирано ќе почне да си ги лиже усните, а најекстремните ќе се обидат да ви го украдат или барем ќе ви го побараат да го поносат некое време. Што најмногу го привлекува? Лавот сака да има многу и најмногу. Освен на златото, овие луѓе паѓаат и на крзна. Во секој пес или мачка гледаат потенцијална бунда или крзнени ракавици. Лавиците се познати колекционерки на долги и кратки бунди, додека машките, наместо тепих, во дневната соба со задоволство ќе стават кожа од мечка.


Девица

Иако нејзините желби можат да изгледаат безначајно или можеби бизарно, една активна граблива Девица може да му нанесе многу штета на друштвото во целина, како и на поединци. Не паѓајте на нејзиниот незаинтересиран израз на лицето. Девиците се термити, кои чистат се пред себе. Што најмногу го привлекува? Ако нема пари да купи, ќе се обиде да украде компјутер, калкулатор, лупа, прибор за техничко цртање, мерни и оптички инструменти, фасцикли и с$ што е поврзано за канцеларијата. Оние најекстремните најмногу се палат на правосмукалки. Не & верувајте ако некоја од овие работи ја позајми и ви вети дека набрзо ќе ја врати. Уште повеќе ако имате некој расипан апарат, па ви се нафати да го поправи. Бидете сигурни дека на вашиот апарат ќе му недостига дел што никаде не може да се најде.


Вага

Ова се главните шминкери во Зодијакот, кои постојано се незадоволни од својата гардероба. Со широко отворени очи со часови се џарат во модните излози. Редовно ги посетуваат модните ревии на кои љубоморно ги озборуваат манекенките и моделите што ги носат. Кога излегувате со нив мора да внимавате при облекувањето, бидејќи ако нешто од облеката што ја носите им падне во очи, ќе ве соблечат до гола кожа. Што најмногу ги привлекува: освен по облека, Вагите полудуваат и по шминка и парфеми. Никако не смеете да ги оставите во продавници без надзор, бидејќи тие ќе купат нешто што и вие имате. Покрај тоа, Вагите не се имуни ни на слики и скулптури. Потајно се надеваат дека еден ден кипот на слободата ќе заврши во нивниот двор.


Скорпија

Ова е еден од најнепредвидливите грабливци во Зодијакот. Во моментите на голема желба се шушкаат, шепотат и обилно се потат. Во крајни случаи не се при свест. Што најмногу ги привлекува: Скорпионската жед најчесто е насочена кон трупање големи количества заводничка долна облека, а во екстремни случаи разновидни секс-помагала. По маркетите се познати како крадци на тантелести килоти, додека во видео клубовите секојдневно бараат некои нови порно филмови. Жетта за богатство не му е силна страна.


Стрелец

Снобовскиот Стрелец најмногу страда за статусни симболи. На помислата за палто од Армани, италијански чевли или некој расен пес, незадржливо течат лиги. На разгледниците се потпишува исклучиво со проф., д-р., или барем со инг. и тоа најчесто сосема неоснована. Што најмногу ги привлекува: додека малиот Стрелец сака да поседува некој елитен коњ или барем пони на кој славно би јавал по градот, кога ќе потпорасне сонува по јапонски автомобили, гаража полна со велосипеди, синџир ресторани и кафулиња, бунди, накит и костуми од Шанел. Повеќето од нив сепак собираат само љубовници, чии имиња грижливо ги оставаат над креветот.


Јарец

Бескрајно грабливо суштество, кое оперира по системот молчи и земај. Не е претерано нападен, но лесно може да го препознаете по тоа што често се чеша по дланките. Никогаш не му е доволно. Што најмногу го привлекува: Најомилената играчка на малиот Јарец отсекогаш била голема до врв наполнета касичка. Големите Јарци обожаваат дебели паричници, се разбира полни со пари и кредитни картички кои обично не ги носат во својот џеб, туку ги крадат од туѓ. Покажуваат необична наклонетост кон часовниците и будилниците. Сепак, најмногу од се сакаат да чекаат на ред во банка за да вложат пари на своите банкови сметки. Може да се каже дека тогаш се безгранично среќни и во целост исполнети.


Водолија

Уверливо најнезабележлив грабач во Зодијакот, со наивен изглед во некоја хуманитарна организација. Немојте да се излажете, тој најмногу сака технички апарати во својата куќа, од најобичен миксер, па до 3Д телевизор. Немојте да му давате на услуга фотоапарат, камера или нешто слично. Многу лесно ќе ви го отуѓи. Што најмногу го привлекува: наместо слика, Водолијата со задоволство на ѕидот би ставила најсовремен телевизор. Секако дека мора да поседува многу силно домашно кино кој цел ден би трештело. Во таа оаза на среќа, со задоволство на лицето постојано ќе ги менува програмите со помош на едно од десетината далечински управувачи. Најекстремните Водолии тајно посакуваат да станат астронаути.


Риби

Во моментите кога Рибите нешто силно сакаат изгледаат многу збунети. Кога ќе видат нешто што им причинува задоволство почнуваат потешко да дишат и тоа може да го слушне околината, а и да се види на нивниот образ, бидејќи целата крв тогаш им се концентрира во главата. Се смируваат дури тогаш кога предметот што го сакаат ќе стане нивен. Што најмногу ги привлекува: Рибите се страв и трепет во сите продавници за рибарска опрема. Доаѓаат секој ден и купуваат најразлични прачки за риболов, јадици или некоја друга опрема поврзана со водата. Доколку немаат доволно пари клекнуваат пред продавачот и го молат за попуст. Освен тоа познати се и како консумери и колекционери за алкохолни пијалаци. Најмногу ја сакат вотката и најчесто од неа прават колекција. Често им се случува и в кревет да легнат со шише вотка и со неа да заспијат.


ИДЕАЛЕН ПАРТНЕР


Морал, кодекс на однесување, бон-тон итн. Сите овие параметри ни ја ограничуваат слободата на делување. Во главата постојано ни се врти некоја желба, некоја акција, но секогаш нешто не кочи од внатре и ни вели „не тоа не смееш да го направиш“. Да видиме што вели астрологијата кога тој внатрешен глас некогаш нема да го послушаме.


Овен

На сите ни е позната брбливоста на припадниците на овој знак, како во местата кои ги посетува така и према личностите со кои се дружи. Со сигурност може да се каже дека најголем број на Овните се шуткаат по ексклузивни места до кои патуваат редовно со најблескави модели на автомобили. Па доколку сакате да му се приближите мора да бидете многу елегантни, шик и помалку снобовски. Оние пак кои не можат да си дозволат скап автомобил ќе ги најдете на сите видови спортски натперевари како го навредуваат судијата.


Бик

Реномиран ресторан, не многу скап со добра храна, тоа е типичен амбиент во кој со голема веројатност ќе се сретнаете со некој Бик. Не треба да се исклучи и можноста дека може да ги најдете во самопослугите и пазарите. Мажите Бикови ќе ги прпознаете по корпа полна со намирници или како држи в рака некој производ и внимателно го чита напатствието за подготвока на храната. Биковите покрај тоа имаат и шесто сетило за откривање на добри залаци по снижени цени што кај нив ја зголемува љубовта према јадењето бидејќи е поврзано со штедливоста.


Близнаци

Од изложби до панаѓури, од инугурации до презентации, од конференции за печат до театри - се што е поврзано со комуникации приликииза нови средби и доживувања е вистински мамец за мажите родени во знакот на Близнаци. Ги преферираат диско-клубовите со силна бучава, психо-делични светла со бројно и помалку лудо друштво. Aко сакате да ги освоите мора да бидете љубител на патувања, авантури и промени, но пред се треба да бидете друштвени и добри со сите негови многубројни пријатели.


Рак

Ракот го привлекуваат сите места кои имаат некаква врска со куќата, станувањето и уредувањето на просторот за живеење. Раковите се чуствуваат како риба во вода во големите маркети за мебел. Ништо помалку не уживаат и во зелените површини на градските паркови, читајќи весник или работејќи на својот лаптоп. За освојување на маж Рак потребно е да ја негувате традицијата, да потекнувате од добро семејство, да имате љубов према куќата, семејството и животните.


Лав

Местата на кои најлесно се станува плен на Лавовите дефинитивно се оние кои се поврзани со убавините на животот и грандиозноста. Козметичките салони и сауните се најпосетувани од овие луѓе кои на сопственото тело, физичката кондиција му посветуваат голем дел од своето време. Другата страст на овие мажи се ексклузивните одмаралишта како и големите балови или забави. За освојување на Лавот морате да покажите дека живеете на висина како и на интелектуална така и на физичка смисла и секако дека потекнувате од реномирано семејство.


Девица

Магичниот збор за мажите родени во овој знак секако дека е фитнес. Ова кај Девиците подразбира добра кондиција на телото но и на духот. Повеќето од Девиците сакаат да бидат здрави и тоа по секоја цена, а повеќе од вероватно ќе ги најдете во гимнастичките сали за овие луѓе најголемо задоволство е да му се воодушевувате на нивните мускули и гради. Можат да се најдат и во обични маркети во одделот за средства за лична хигиена. Ако сакате да имате вистинска Девица во своја близина бидете нежни попусливи, секогаш во топ-форма и секако внимавајте на хигиената.


Вага

Најразличните мондемски собиралишта ги хранат чуствата на најубавите мажи во Зодијакот - Вагите. Воглавно овие луѓе ги обожаваат поканите за венчавки, изложбии сите оние места на кои се спојуваат убавината со добриот вкус, а притоа тие да се дел од тој настан или барем да придонесат со своето присусто и добриот изглед. Најчесто ќе ги сретнете на изложби како со воодушевување гледаат во некоја слика или пак во реномирани ресторани како шармантно се смешкаат. Ќе ги освоите со добрата гардероба и шарм.


Скорпија

Мажите Скорпии најчесто се сретнуваат на места кои имаат врска со еросот и сите негови манифестации. Покрај тоа Скорписката љубов према темните страни на животот ги прави овие луѓе страствеи љубители на хорор-филмовите и егзотичните места. Ако имате намера да се сретнете со маж роден во овој знак ќе го најдете на кино на некој хорор-филм или ако сте похрабра припадничка на понежниот пол во некој стриптиз бар. За да го освоите мора да покажете дека сте страствена личност.


Стрелец

Состаноци, конгреси, митинзи - тоа се три прилики да сретните маж роден во овој знак. Овие места му ја смируваат жедта за големата потреба за покажување. По некогаш и тешко се наоѓаат бидејќи често патуваат. Доколку сакате да уловите Стрелец ќе мора да посетувате манифестации, но можете да ги најдете во книжари, читални и антикваријати. За да го освоите, мора да покажете авантуристички дух секогаш спремни на сите потфати.


Јарец

Општо познато дека припадниците на овој знак мразат гужва. Поради тоа работното место и се што е поврзано со него, како семинари, симпозиуми, презентации и слично, за вас е единствена прилика да се сретнете со маж роден во овој знак. Доколку видете некој како се шета по паркот или сам седи во кафуле читајќи весници тоа највероватно е Јарец. Ќе го најдете и на осамени места во природа каде ужива подалеку од полудената маса.


Водолија

Типично место за лов на овие луѓе се специјализираните продавници за аудио и видео техника како и продавниците за компјутери. Се што е супер модерно револуционерно и авангардно потекнува од водолиините способности и предизвикува голем интерес кај припадниците на овој знак. Затоа доколку сакате да се сретнете со него ќе мора најпрво да се договорите по Фејсбук. Водолиите исто ги привлекуваат диско клубовите. Во нив наоѓаат чуство на слобода и вкус на непознато и непредвидено.


Риби

Сите активности кои можат да се наречат невообичаени и чудни, а до израз доаѓа максималната индивидуална слобода, се местата каде можете да ги најдете мажите родени во знакот на Риби. Можат да се сретнат и како ДиЏе-и во диско клубови или работници во сите видови уметнички занимања, но можете да ги сретнете на големите хуманитарни собири, екологисти, љубители на животни итн. Мора да покажете голема сентименталност доколку сакаде да ги освоите.