Февруари
Работа

За Вагите Февруари ќе биди доста среќен месец. Јупитер планетата на срешата се наоѓа во вашето петто поле, полето на среќата и љубовта, па не пропуштајте ниту една прилика каде среќата го има полседниот збор. Од друга страна Сонцето од вашиот пријателски знак Водолија ќе ви дава доволно енргија за повеќето деловни проблеми да ги прифаќате како предизвик. Нема да чуствувате мрзеливост и тормост како во минатиот месец, но некои проблеми од семејството, а можеби и здраствени ќе ве демотивираат. Би требало да направите граница помеѓу приватниот и деловнито живот. Тоа е добро и за двете полиња. Преку целиот месец посебно до 20 Февруари ќе биде нагласена вашата деловна креативност. На памет ќе ви доаѓаат доста одлични идеи, но состојбата во работната средина и механизмот кој владее повеќето од вашите предлози ќе ви ги отфрлаат. Поради лошата поставеност на Меркур, планетат на комуникациите во знакот на Јарец до 18 Февруари односите со претпоставените нема да ви бидат многу поволни па ќе мора да настапите со малку повеќе мудрост и дипломатија. Нема потреба да кажувате се што ќе ви падне на памет. Искористете ги овие двата дена помеѓу 18 и 20 Февруари за реаллизација на најчувствителните проблеми. Посебно ако сте родени во третаат декада успехот ќе ви биде загарантиран. Она што помалку ќе ве загрижува во овој месец ќе биде вашата финасиска состојба која нема да биде многу добра сопоред вашите стандарди. Последно време многу се растрошивте па јасно е дека парите неме да ви стигнат до крајот на месецот. Ве очекува некоја минимална добивка која ќе ве израдува во втората половина од месецот, меѓутоа нема да биде доволна за сите оние работи што сте ги планирале.


Љубов

Фебруари сигурно нема да ви биде досаден месец. Вашиот владетел Венера и планетата на љубовта преку целиот месец ќе бидат поволно поставени за вас, а од друга страна во полето на љубовта се наоѓа најсреќната планета Јупитер. Сега е време да погледнете во иднината со многу поголем оптимизам одколку што обично тоа го правите. Ќе зрачите со ведрина и топлина, а ќе бидете привлечни личностите за спротивниот пол многу повеќе од обично. Ќе бидете поемотивни, поотворени и со поголема желба за љубов. Дружете се со луѓето, докажувајте се трудете се да бидете забележани, флартувајте. Допаѓањето на другите личности ќе ве прави многу среќани. Со такво расположение можеби побрзо ќе влезете во нова љубовна врска. Не мора нетрпеливо да ја барате во овој месец сигурно ќе се појави. Ќе се трудите да обновите некои стари љубовни врски, што н е ви е многу паметна идеја, меѓутоа ако веќе толку сте заљубени, сторете го тоа, но не дозволувајте истите грешки уште еднаш да се повторат. Оние кои се во брак ќе бидат посветени повеќе одколку што е потребно на работата, па можеби ќе го занемарат партнерот, децата и пријателите. Тоа може брзо да ви се освети, па да останете осамени и да се досадувате. Помладите Ваги нека се потрудат повеќе околу организацијата на друштвениот живот бидејќи приликите за љубовна врска ќе им се случуваат само во поголеми друштва. Седењето дома значи и пропуштање на многу интересни прилики. Кон крајот на месецот би можело да се случи некое кратко патување кое ќе биди проследено со авантура. Близнаците ви се најдобро дојдени за ваквиот тип на љубовни врски, но при тоа имајте на ум дека тоа може да биде само авантура, а ане врска во која треба да се заљубите и да барате некаква цврстина.


Здравје

Некои значајни тешкотии со здравјето во овој месец нема да имате. Малку почувствителни од останатите ќе бидат родените во третата декада и тоа на настинки и вируси. Причината е во намалениот имунитет за кој секако потребен ви е витаминот Ц. Конзумирајте го колку можете повеќе преку овошјето. Исто така водете повеке грижа околу исхраната, особено за витамините и минералите во неа. Во првата половина од месецот ќе бидете под позитивно планетарно делување на Сонцето, но во втората половина поддршката ја губите, па во вовој период ќе ви биде потребна поголема внимателност. Намалете го пушењето и и прекинете на кратко со алкохолот. И воопшто посветтете си малку повеќе внимание на себе.


Совет

Би било добро да направите граница помеѓу приватниот и деловнито живот. Тоа е добро и за двете полиња.


Идеален партнер

Идеален партнер за овој месец во љубовта посебно ако се работи за авантура ќе ви бидат Близнаците. Исто така добро ќе се сложувате со Стрелците и Водолиите. Две уметнички природи, сензибилни и интелегенти. Заеднижки им е стремежот кон новини и возбудувања, а тоа може да биде главната прижина за нивното зближување. Нивниот љубовен живот ќе биде повеќе отколку добар, затоа што и еднот и другиот знаат да го возбудата партнерот, а само заеднижкиот живот ќе им ја пружи целата потребна стимулација. Малку е веројатно дека некој трет може да ја загрози нивната врска, затоа што ни еден нема да му придава посебно внимание на неверството. Иако двајцата се нестабилни сепак врсдкта може да биде извонредна.