Почетокот на јуни ќе ви донесе опуштање од деловните обврски. Преку целата прва половина од месецот ќе бидете некако изолирани од деловните збиднувања, ќе немате работа и едноставно ќе се досадувате. Деловниот ритам ќе ви биде многу успорен, па така ќе имате многу време за читање на весници и размислување. За типичните Бикови тоа не претставува некој проблем, меѓутоа за оние поработливите ќе мора ќе претставува проблем. Обидете се да си најдете некоја занимација, хонорарна работа или нешто сл. Кон средината на месецот веќе ќе почне да ви се отвора полето за работа, можни се некои поголеми деловни акции кои ќе ви овозможат бегство од емотивните проблеми. Не го правете тоа само заради да ги отргнете мислите, бидејќи на полето од љубовта после 18 Јуни работите се менуваат кон позитивно. Кон крајот на месецот ќе го вратите стариот деловен ритам со многу нови идеи. Со нетрпеливост ќе ги чекате деловните резултати иако ќе бидете на самиот почеток од проектот. Можете да очекувате и препреки кои со добра соработка помеѓу колегите брзо ќе ги надминете. Добро ќе фукнционирате во сенка како соработник, не се изложувајте премногу пред очите на јавноста, односно не настапувајте како прв човек во фирмата. Финасиската состојба ќе ви биде просечна со можности за поголеми трошоци посебно ќе бидат слони кон трошењето женските претставнички кои ќе се обидуваат да си ја исполнат секоја желба. Машките претставници можеиби ќе трошат повеќе на своето хоби, па со тоа ќе доаѓаат до расправии со партнерот. Бидете повеќе рационални доаѓаат поповолни планетарни делувања кога ќе можете повеќе да се опуштите во трошењето. Односите со околината ќе бидат бурни и интензивни ќе имате динамични врски, нови познанства, комуникација со голем број на луѓе но при тоа цело време ќе ве пратат и расправии. Често ќе ви се приговара на вашата тврдоглавост која во овој период ќе биде нагласена.
Оставеноста на Венера во вашиот знак ветува среќна љубвна ситуација. Можете да остварите некои љубовни желби, меѓутоа исто така преиспитајте што поточно сакате бидејќи можете да се доведете во контрадикција со самите себе и да се вплеткате во многу замрсени љубовни односи. Секој ден ќе го менувате вашето мислење, на моменти ќе сакате авантури, повеќе љубовни врски одеднаш и слично, а на моменти ќе барате нежност и топлина во трајните врски. Успех ќе имате и во двете, а можете да ги реализирате и двете истовремено меѓутоа долгот ќе треба да си го платите во јули. Затоа добро внимавајте што правите. Се наоѓате во среќен период кога се ви оди од рака, но секоја непромислена одлука подоцна може многу да ве чини. Држете се до моралните норми тоа не значи дека мора формално се да запазите, меѓутоа да биде во границите на толернцијата. Слободните ќе бидат заинтересирани за неколку личности одеднаш. Вашиот шарм ќе има успех, но тешко ќе се одлучите со кој, кога и коку долго. Некои врски ќе нудат страсти, други чувства, трети сигурност. Ќе се обидувате да најдете нешто помеѓу, меѓутоа тешко дека ќе успеете во тоа. Биковите кои се во брак или сериозна љубовна врска ќе живеат во мир и хармонија, обновување на страстите можете да очекувате после 15 јуни. Би билло добро кога некаде со партнерот би отпатувале во последната декада од месецот. Дури во друштво на вашите пријатели би било добро. Кон крајот на месецот можни се некои љубовни проблеми или семејни нетрпенија кај оние во брак, меѓутоа сето тоа ќе го поднесувате лесно и лесно ќе успевате да го решите. Се на се, се наоѓате во рамантичен период во кој ќе има многу повеќе добри одколку лоши настани. Препуштете се на страстите и едноставно уживајте.
Напнатиот однос со Марс планетата на енергијата во знакот на Лав би можел да ви донесе некои здраствени проблеми. Се до 21 Јуни се наоѓате во состојба без никаква заштита од планетите па ви препорауваме внимателност и повеќе грижа за себе. Посебно чуствителни ќе ви бидат бубрезите, грлото и срцето. Можни се и некои алергии, особено на сонце. Се што ќЕ работите не претерувајте издржете го периодот до 21 кога и сонцето и Венера ќе бидат поволно поставени за вас.
Со сите проблеми соочувајте се мирно и со разбирање. Не си дозволувајте тврдоглавоста да доминира и избегнувајте ги љубовните драми.
Наповеќе ќе се сложувате со Раковите меѓутоа ќе ве привлекуваат Девиците. Погледите и ставовите кон животот и парите се речиси идентични и за Биковите и за Девиците. И едниот и другиот уживаат да ја планираат својата иднина до последна ситница и присутен е взаемен страв од долгови. Нивниот сексуален живот ќе биде многу активен но највероватно конзервативен и едноставен, иако Девицата е доволно интелегентна за да го прифати секој предлог на Бикот. Љубпмората која што ја поседува Бикот од време на време може да предизвика напнатост во врската. Оваа е идеална астролошка врска.