ПОЧЕТНА

Октомври
Работа

Ќе работите доста, меѓутоа мотивот ќе го наоѓате само во финасиската добивка. Малку ќе уживате во работата што не е и така добро, бидејќи парите за вас не се постојан мотив. Потрудете се да најдете нешто поинтересно, нешто што вистински ќе ве мотивира, само во такви случаеви вие давате се од себе и ги покажувате вашите вистински способности. Добро ви се аспектирани работите поврзани со банки, инвестиции проектирање и програмирање. Доколку вашата работа е поврзана со овие активности ве очекува исклучителен успех. Работите кои се поврзани со комуникации за вас не претставуваат никаков проблем па така и овој месец ќе имате успех во нив. Трговијата со недвижнини, може да ви донесе големи приходи во овој месец. Ако не сте во работен однос застанете на цврсти нозе и покажете му на сите колку сте јаки и смостојни. Најуспешни ќе бидете во советувањето, па доколку работата ви е поврзана со тоа исто така ве очекува успех. Доколку сте на некоја раководна функција би можеле да имате проблеми. Шефовските положби ќе ве исцрпуваат и ќе ве прават незадоволни. Исто така ќе треба да бидете повнимателни во донесувањето на важни одлуки бидејќи, нагласена ви е склоноста кон ризик што може да биде многу опасна. Потполно ќе ги игнорирате мислењата на другите, а тоа може да претставува сериозен проблем. Погледнете малку околу себе, бидејќи можете да научите нешто. На изјавите од вашите соработници не се спротиставувајте и обидете се да ги зачувате стабилни односите. Меѓучовечките односи за сега ви се многу добро аспектирани, но тоа може многу брзо да се промени. Па затоа без обзир на наклонетоста од околината бидете многу прецизни во се што работите. Импровизацијата може многу брзо да се покаже како несигурно решение. Нагласена е и можноста за позначајни промени кои нема да ги доживеете како поволни.


Љубов

Октомври за љубовта ќе биде променлив месец со повеќе подобри моменти одколку лоши. прекуи целиот месец ќе можете да се потприте на партнерот ќе имате разбирање од него а во моментите кога ќе ви биде нјатештко постојано ќе биде до вас. Првите две декади ќе имате многу малку добри прилики за нова љубовна врска, па многумина од вас ќе почнат песимистички да се однесуваат и да ја губат довербата во себе. Оние кои се во сериозни врски покрај партнерот ќе се чуствуваат непријатно и недоволно исполнето, па затоа ќе посакаат да бидат во друштво или ќе размислуваат за некоја мала авантура. Оние порадикалните ќе одлучат да се одалечат малку од партнерот што во моментот не е најдоборо решение. Близнаците во брак ќе имаат мали проблеми. Поради несогласувањата со вашиот брачен партнер ќе бидете доста нервозни и ќе влегувате во расправии. Пробајте внатрешните дилеми да ги осавите на страна. Моментално најповеќе ве радуваат случајни средби и пријателства со комуникативни личности. Позната е вашата склоност кон краткотрајни љубовни авантури и либералниот поглед кон сексуалниот живот, што се разликува од останатите. Би било добро малку да се воздржите, со влегувањето на Венера во знакот на Стрелец после 8 октомври ќе имате многу повеќе среќа па ќе можете да ја најдете љубовта која ја барате. Ќе имате и доста прилики за љубовни авантури, па оние кои не сакаат лесно да се заљубат и да се впуштат во љубовни односи-ете им можност. Односите во семејството ќе ви бидат помалку критични особено кон помладите личности. Би било добро малку повеќе да се опуштите и со подолег и потактичен разговор да се обидете да ги решите проблемите.


Здравје

Марс, планетата на енергијата не е поволно поставена за вашиот знак во однос на здравјето. Ќе имате доста ниско ниво на енергија, ќе се чуствувате доста истоштено и многу лесно ќе се заморувате. Немојте да ги занемарите овие знаци на замор на вашиот организам бидејќи во овој период сте доста невнимателни иако се изложувате на поголеми напори можни се сериозни повреди. Освен малаксаноста ќе се чуствувате добро и добро ќе ги извршувате своите работни задачи меѓутоа со поголеми физички напори. Ако се занимавате со спорт зголемете ги своите тренинзи, тоа би можело да донесе добри резултати.


Совет

Најдете нешто интересно, нешто што вистински ќе ве мотивира, само во такви случаеви вие давате се од себе и ги покажувате вашите вистински способности.


Идеален партнер

Доколку барате стабилна и трајна врска и денови исполнети со романтика толплина, никој друг освен Стрелецот не можи да ви го овозможи тоа задоволство. Често се запознаваат преку далечни роднини, на патувања или преку допишување. Се пронајдуваат интелектуално и едноставно и отворено се зближуваат. Можат да остварат среќна еротска врска и тоа се оди спонтано и природно, без многу размислување. Можат да се јав несогласувања во поглед на заедничките интереси, но најчесто се во срешен и долготраен брак.