Октомври
Работа

Почетокот на месецот ви носи довро расположение и зголемено ниво на енергија. Минатиот месец бевте доста напнати, чувстувавте како се да е завртено против вас, па еве прилика работите малку да ги исправите. Ќе бидете доста поактивни, но исто така и нетрпеливи. Ваквата состојба често ќе ве наметнува нервоза, па она што треба да го направите е максимално да се конторлирате особено во деловната околина. Ќе имате прилика да напредувате во работата, па искористете колку што можете. Невработените ќе имаат прилика да добијат нова работа можеби на почеток нема да ви се допаѓа, но набрзо ќе сватите дека подобро нема. Родените во третата декада ќе имаат некои неприлики на работното место поврзани со стари недовршени проекти, внимавајте од судири со претпоставените тензијата од минатиот месец сеуште не е намалена. Сите оние кои се занимваат со интелктуална работа ќе имаат дста успех и ќе бидат задоволни со достигнувањата. Исто така Девиците на кои работата им е поврзана со патувања ги очекува успех. Ќе чувствувате некаков страв и трема меѓутоа еднаш ќе мора да го сторите тоа кое веќе долго време го одлагате. Поволно се аспектирани и работите со странство. Последната декада од месецот планетите уште поповолно се поставуваат за вас. Ќе имате доволно храброст да разговарате со вашите претпоставени за проблемите кои мислите дека се пречка во вашето меѓусебно разбирање. Обидете се да се опуштите и да работите нешто што многу ви значи и ве расположува. Комуникациите со околината се во фаза на подобрување, а во овој период најповеќе ќе ве радува разбирањето со оние кои најмногу ги сакате. Финансиската состојба исто така помалку се подобрува, но сеуште ве очекуваат неприлики на тоа поле. Потрудете се да заработите со некои нови потенцијали. Не мора да е тоа во доменот на вашите кфалификации.


Љубов

Првата недела од октомври ќе бидете полни со енергија и шарм. Месецот најповолен е за Девиците кои скоро стапиле во љубовна врска, бидејќи токму во овој период нивната врска ќе процвета посебно на еротски план. Сепак добро би било малку да ги контролирате страстите бидејќи вашата сакана личност може сето тоа да го протолкува поинаку. Често ќе добивате напади на емоции кои можат да го заплашат вашиот партнер. Избегнувајте теми за брак или некоја сериозна заедница сепак до толку не е поволен периодот. Емотивната напнатост ќе биде присутна преку целиот месец, но ќе биде во латентна фаза. Ве очекува доста дружење забави, излегување и сл. дури сега ќе сватите дека напнатост кој ја чувствувате во минатиот месец ги имала зафатено сите сегменти од вашиот живот. Опиштете се максимално и не се плашете да кажете некој непријатен збор на непријатно место. Средината на месецот ви е најповолна тогаш ќе сватите колку многу ви значи саканата личност, а доколку сте слободни симпатијата може многу да ве израдува и да ви даде надеж. Ќе бидете доста романтично расположени, но за жал ваквата состојба кратко ќе трае. Последната декада од месецот ја губите подршката од планетата на љубовта, па веќе можност за кваги и расправии со партнерот ќе почне да се зголемува. Во овој период не се базирајте на моменталното расположение туку трезвено размислете и при тоа постојано анализирајте ги поселдиците а не постапките. Искористете ги поволните аспекти од планетите во првите две декада и најдете начин да ја стабилизирате вашата врска. Родените во втората декада, ќе бидат најактивни. Ќе имаат доста љубовни понуди, а ќе има и што да изберат. Бидете внимателни и помалку слушајте ги вашите пријатели, а повеќе своето срце.


Здравје

Преку целиот месец ќе се одликувате со витлност и издржливост. Заморот од минатиот месец и незадоволството постепено ќе исчезнуваат меѓутоа ви се зголемува опасноста од повреди. Внимавајте при работата со електрични апарати постои опасност од електрични удари или повреда од истите посебно по првата деката. Пожелно е да се занимавате со спорт, но бидејќи акцијата не е јака страна на овој знак можеби подобро е да се најадете малку повеќе и добро да се релаксирате. Девиците во поодминати години ќе имаат намален имунитет па затоа придржувајте се до советите од лекарите. Престојувајте во проветрени простории и редовно одржувајте ја личната хигиена.


Совет

Дајте му приоритет на работите кои ве опуштаат и ве расположуваат. тоа Анализирајте ги поселдиците, а не постапките.


Идеален партнер

Во текот на овој месец можете многу да уживате покрај некој кој е роден во знакот на Лав, но само овој месец, бидејќи ова е многу нестабилна врска. Оваа врска сигурно нема да успее. Лавот ќе биде презафатен со својата кариера, а тоа за Девицата е потполно несватливо. Но постои можност топлината на Лавот да го победи гневот на Девицата и со текот на времето да се надминат овие несогласувања, но сепак тоа ќе трае кратко време. Потребата на Лавот да му се ласка и восхитува, нема да го добие од Девицата, бидејќи многу тешко дава комплименти, а кога е загрозено егото на Лавот станува арогантен. Конфликти се јавуваат и околу односот со парите.