podznak КАЛКУЛАТОР ЗА МЕСЕЧИНА

Лични податоци Дата на раѓање:


Време на раѓање:




Вашата Месечина е на 12° од Девица

Најмногу од се на светот луѓето со ваква положба на месечината се плашат од хаосот. Нивното мото е: “место за се, или се на свое место” што истовремено немора да знаи дека средината во која живеат мора да биде многу уредна. Овој нивни став повеќе се однесува на светот околу нив. Овие личности сакаат да знаат секогаш што се служува околу нив, а најсреќни се кога се околу себе можат да организираат на свој начин. Ако не се посветат на глупави ситници, кои другите и не ги забележуваат, стануваат смешно самокритични и се губат во збрката на болки кои сами себе си ја нанесуваат. Личностите со Месечината во Девица, не се снаоѓаат најдобро со своите чувства. Своите емоции, ги сметаат како нешто што им досадува и се обидуваат да ги интелектуализираат и категоризираат своите стравови. Ваквата положба на Месечината ја нагласува менталноста и практичноста. Памтењето е извонредно и многу прецизно. Кај жените со Месечина во ваква положба, укажува на емотивна несигурност, често изразена низ недостаток на топлина и спреченост. Кај мажот со ваква Месечна, постои склоност кон самостојни жени кои не дозволуваат зависност ниту од партнерот ниту од љубовта. Мајката ја доживуваат како ладна и многу критична. Ова не се луѓе за романтика, но се многу пожртвувани во односот со партнерот и посветени на работата на меѓусебниот развој низ врската. Постојат посебни стандарди за тоа што очекуваат од партнерот, но кога еднаш Ќе ја пронајдет вистинската личност односот се развива во правецот замислен многу од порано.