Октомври
Работа

Ќе ви недостасува енергија која може негативно да се одрази на вашата работа, без разлика дали сте ученик, студент, домаќинка или вработен. Чувствувате дека работите брзо стигнуваат до крајот, а вие немате уште малку енергија да ги дозавршите. Заморот ќе понете да го чувствувате од 16 октомври кога Марс планетата на енергијата ќе влезе во Девица. Меѓутоа Сонцето во знакот на Вага ќе ви ја дава потребната подршка за сите проблеми и со најмала енергија да успеете да ги решите. Преку целиот период ќе биде полни идеи и многу од нив на работното место ќе бидат корисни. Избегнувајте озборувања бидејќи можат да ве доведат во непријатна ситуација. Бидете на висина тоа го умеете и е во вашата природа. Лавовите кои се занимаваат со трговија добро нека размислат пред склопувањето на договорите бидејќи брзоплетноста лесно ќе ги доведе до лоша положба. Планетите исто така ве подржуваат во поглед на парите, сите идеи и планови за подобрување на вашата финасиска положба лесно можете да ги остварите само ви треба малку повеќе иницијатива. Исцрпеноста од обврските може да завршува со нервоза која некаде ќе мора да ја извадите. Потрудете се тоа да не биде во деловниот круг бидејќи може да биде доста непријатна за иднината на вашето работно место. Последната декада од месецот станува доста критична. Деловните партнери ќе ви ги отежнуваат вашите палнови за иднина. Мала е веројатноста дека ќе успеете да го остварите тоа што сте го замислиле. Некоја личност од вашата непосредна околина ненадејно ќе ви го заврти грбот. Луѓето и комуникациите ќе ви бидат најнеопходни и многу повеќе отколку обично ќе чуствувате дека никој не ве разбира. Работите поврзани со уметност, право и медиуми ви се добро аспектирани.


Љубов

Првата половина од месецот речиси нема да се случува ништо на љубовен план. Можеби тоа не е така лошо бидејќи во последно време во љубовата само губите. Малку одмор нема да ви биде на терет, а исто така чувствувате дека треба да бидете малку сами со себе. Ако сте слободни и ви се допаѓа некоја личност ќе мора да се борите за нејзината наклонетост. Евентуалниот успех не е исклучен, но за него ќе мора доста да се потрудите. Немојте да бидете премногу самоуверени или пак немојте тоа да го покажужвате. Ако врската потрае ќе имате доста прилики за тоа. Некои Лавови и понатаму ќе ги мачи љубомората, но нема да поприми поголеми размери. Имајте на ум дека во овој период од другите ќе добивате толку колку што и вие ќе дадете. Не би било лошо секогаш вие да го правите првиот чекор и да ги израдувате оние кои ги сакате со некој добар гест или подарок. Лавовите родени во третата декада ќе бидат малку поактивни од останатите. Доста ќе излегуваат и ќе имаат многу повеќе прилики за љубовна врска. Би можеле да започнете нова врска или возбудлива авантура меѓутоа чувајте ги емоциите. Бидете подготвени и за решавање на некои љубовни проблеми доколку сте во врска. Средината на месецот ќе бидете исклучително ранливи и истовремено агресивни. Исто така нема да имате доволно разбирање од околината. Односите со партнерот ќе ви бидат целосно разнишани и ќе ви носат чести љубовни проблеми. Тоа кај вас ќе предизвика емоционална криза. Можеби би било најдобро покрај љубовните проблеми да останете активни во работата. Така помалку ќе се препуштате на депресивни мисли, а би ги спречиле и понатамошните проблеми кои се причина за задоцнувањето со работата. Размислете за тоа, бидејќи периодот ви носи многу можности. Со влегувањето на Венера во знакот на Стрелец ќе ви се врати шармот и ќе имате малку повеќе успех кон спротивниот пол. Некоја љубов на прв поглед ќе ви го одземе вниманието за потоа брзо да ја изгубите од видикот.


Здравје

Ќе имате намалена волја, енергија и виталност, која постепено се повеќе ќе се влошува како влегувате во месецот. Овие особини ќе ви донесат поголема подложност на повреди и болести како и тешкотии во закрепнувањето од било какви болести. Постои опасности од зголемена нервна напнатост највероватно предизвикана од семејни нетрпеливости која највероватно ќе ви се појави во средината на месецот. Исто така можни се проблеми и со органите за дишење. На удар ви се линфниот систем и жлездите а од повреди треба да ги чувате најповеќе нозете. Последната декда од месецот добра е за физичко разубавување и смалување на телесната тежина. Направете нова фризура, одете на масажа, закажете третман за лице и сл.


Совет

Избегнувајте озборувања, намалете ја напнатоста и потрудете се постојано да мислите на нешто позитивно.


Идеален партнер

Во текот на овој љубовен месец најповеќе симпатии ќе најдете во динамичните и привлечни Овнови. Во оваа врска конфликтните ситуации можат да имаат важна улога, бидејќи и двата партнера уживаат во тоа. Ако се појават финансиски проблеми, животот би можел да стане многу тежок за нив, бидејќи и едниот и другиот имаат изразена потреба за удобност во животот. Агресивноста која е присутна и кај Лавот и кај Овенот, може да се одрази во креветот особено после некоја жестока расправија. Овенот можеби ќе ужива да води љубов, а истовремено да го мрази Лавот.