Октомври
Работа

Високото ниво на енергија кое ќе почнете да го добивате уште од првите денови на октомври, ќе направи да се чувствувате доста позитивно, посебно во деловниот свет. И покрај пречките ќе се обидете да остварите некои свои стари амбициозни планови. Целосна планетарна подршка нема да имате за ваквиот потфат, меѓутоа сепак најсреќно ќе поминат родените во втората декада. При тоа имајте на ум една работа - не бегајте од ризикот. Најдете добри деловни партнери или помош од вашите блиски соработници, тоа е клучно за успех. Добро ви се аспектирани приватните претпријатија, формирање на нови фирми, отварање на локали и сл. Би требало максимално да се посветите на работата и да искористите се што ви се дава. Бидете попродорни не чекајте работите сами да се средуваат. Добро ви се аспектирани и работите кои носат брза и добра заработка, па доколку размислувате за нови инвестиции, сега е вистинското време за тоа. Не ги штедете парите, вложете ги и употребете ги на правилен начин. Ќе ви се овозможат многу интересни прилики. Последната декада од месецот со влегувањето на Сонцето во знакот на Скорпија работите уште повеќе се средуваат. Некој нов почеток или важни иницијативи ќе го обележат вашиот деловен живот. Ова е доста важен период во кој можете да ја искористите големата енергија која ви ја даваат планетите. Немојте да се плашите да ја превземите одговорноста која е пред вас. Со вашата воља ќе можете да направите чуда. Ќе имате волшебна сила, со која лесно можете да ги реализирате вашите планови за кои накогаш требало да вложите многу повеќе труд. Обратете поголемо внимание на финансиската страна на вашето работење. Можноста за заработка е зголемена, а можни се и неочекувани понуди и одлуки. За да ги одбегнете финансиските и правните проблеми ќе морате да размислите за работни промени. Додатната заработка е можеби поврзана со модернизација, необичен начин на работа и сл.


Љубов

Се наоѓате во доста позитивен месец за љубовта. Речиси се што ќе посакате на љубовен план, се разбира ако сте скромни, ќе може да ви се оствари. Единствено од вас што се бара е да бидете похрабри и подготвени на промени. Добрата поставеност на Венера ќе ги стави во искушение и Раковите кои се во брак или во подолготрајна љубовна врска. Ќе сакате, а и ќе имате прилика да направите мал излет од бракот. Совет: контролирајте се, не е време да го скршите срцето на вашиот партнер. Слободните претставници ќе се најдат во искушение страмежливо и дискретно да ги искажат симпатиите кон личноста која ги привлекува. Некоја личност веќе некое време чека од вас да го направите првиот чекор. Доколку знаете за која личност се работи не одложувајте бидејќи рокот за проба ви истекува. Обидете се барем еднаш да рескирате и дозволете да бидете заведени. Раковите кои се во трајни и хармонични врски ќе уживаат во разбирањето и разменувањето на љубов, а ваквата состојба ќе остане се до последната декада од месецот. Патувањата со партнерот во овој месец ви се добро аспектирани, па доколку не можите да одделите повеќе време, искористете барем еден викенд и заминете некаде. Земете ги најдобрите пријатели во поголемо друштво, така ќе биде уште повесело. Последната декеда од месецот станува малку напната за љубовта. Раковите кои се во брак ќе исчекуваат нивниот партнер да ги реши проблемите особено оние заедничките. Можеби ќе посакате и да флертувате, но бидете претпазливи ако вашиот партнер ви значи нешто, бидејќи можно е да си ја ископлицирате целата ситуација.


Здравје

Октомври е поволен за вашето здравје само не треба да ја тестирате својата издржливост. Проблемите најповеќе ќе ви доаѓаат поради преоптеретеност и тоа како последица на љубовни или деловни проблеми. Пред се мора да бидат внимателни родените во третата декада кои лесно можат да станат меланхолични кога ќе се појави како последица на незаинтересираност на околината. Се на се ве очекува добар месец без некои поголеми стресови со зголемена физичка енергија која ќе ве служи и во наредниот период.


Совет

Не се плашите да превземете одговорност. Со вашата воља ќе можете да направите чуда.


Идеален партнер

Одлично ќе се совпаѓате со личности родени во знакот на Девиците. Лавовите можат да ви нанесат штета, а Биковите монотонија. Во очите на околината изгледаат како идеален пар. Меѓутоа еротската врска не е јака ниту страствена како што сакаат да ја прикажат. Во самата игра Девицата прави недолични постапки кои ја навредуваат длабоката интима на Ракот. Овие двајца подобро да не го испитуваат минатото, затоа што сомнежите кои се јавуваат фантазијата можи да ги преувеличи. Ги врзуваат прашања околу здравјето, домот, исхранат, економијата и сл. Многу малку е веројатно дека сексот во оваа врска ќе има значајна улога затоа Што ни еден од нив не чувствува голема потреба за него. Но сепак тој ќе биде фактор кој во нивниот живот ќе внесе повеќе топлина и нежност. Хармонијата во оваа врска ќе ја нарушуваат само ситни расправии.