Во почетокот на месецот ќе добиете доволно енергија за почеток на нешто ново, за поголеми промени и решавање на стари деловни проблеми. Меѓутоа не смеете да брзате. Почекајте до 21 октомври кога влегува Сонцето во знакот на Скорпија и воедно почнува поволниот период кој ќе трае неколку неели. Тоа значи дека не смеете да брзате, а при секое планирање или извршување на некаква активност бидете темелни. Немојте да започнувате повеќе работи одеднаш концентрирајте се само на најважното. Вашата желба да работите самостојно во овој месец ќе имате прилика да ја остварите. Нема да бидете расположени за тимска работа ниту за партнерство. Сепак не смеете да ја избегнувате помошта од пријателите. Не можете се сами освен тоа и советите ви се добродојдени. Односите со претпоставените ви се добри и поголемиот број на работи со нив ќе ви бидат успешни. Родените во третата декада, потребно е да бидат внимателни, затоа што не се прогнозираат задоволителни резултати. Не ја провоцирајте личноста од која зависите. Финасиската ситуација ќе ви биде задоволителна, ќе трошите повеќе од обично, а воедно ќе бидете во преговори за некоја поголема заработка, а можеби ќе си дозволите некаков кредит. Можни се и некои поголеми инвестиции, но при тоа треба да бидете многу повнимателни. Би било добро да вложите во опрема на домот или деловниот простор. Направате го просторот во кој живеете попријатен тоа многу делува на вашаето расположение.
Вашиот љубовен живот станува се поинтересен. Конечно се отвораат можноситте да решите некои стари проблеми кои ве исцрпуваат. Основниот проблем е во тоа што очекувате некој друг да ви ги реши проблемите без разлика да ли е пријател, партнерот или пак можеби судбината. Своите проблеми мора да си ги решите сами, всушност тоа е и целта на секоја љубовна компликација во која сте се заплеткале. Така ќе сватите дека мора да имате свој живот и дека секогаш тој е во вашите раце. Почнете со тоа веднаш имате големи прилики за успех. Вашиот партнер ќе одигра голема улога кога е во прашање вашата работа, но не заборавајте на обврските во семејството, тоа може да ви го залади односот. Слободните уште на самиот почеток од месецот ќе запознаат интересна личност на која бурно ќе реагирааат. Овој пат обидете се да играте сосема поинаку и не ги повторувајте грешките од минатиот пат. Во втората декада од месецот влегувате во една контрадикторна состојба која целосно ќе ве збуни. Од една страна уморни сте од се и сакате само мир а од друга страна ќе бидете немирни со желба за промени и авантури. Ваквата состојба ќе потрае до крајот на месецот набрзо потоа од немирна состојба одеднаш ќе посакате мирен дом и стабилна врска. Ако сте во брак или во подолга врска последната декада од месецот на дневен ред ќе доиете некои стари проблеми. Овој пат соочете се со нив и не ги одложувајте. Мора да реагирате мирно не е време за прекини нити за агресивно однесување, проблемот мора да го решите. Откако се повелковте малку од друштвениот живот, сега чувствувате се поголема желба за комуникација со луѓето. Најпрво ќе се сетите на старите пријатели. Првата недела од овој месец ќе се потрудите да ги обновите сите стари врски, што нема да биде сосема добро за вас. Би можеле одеднаш да ве вратат во минатото. Пред вас постои опасност да направите погрешен чекор или да се потприте на погрешни луѓе.
Октомври е поволен месец за вашето здравје. Физичката кондиција ви е во пораст, а нервозата и психичката напнатост се намалуваат. Застојот на работите на работното место нема да делуваат врз вашата здрствена состојба, но сепак водете малку повеќе грижа, бидејќи покасно можете да ги чувстваувате проблемите. Внимавајте на главата посебно во пределот на очите каде постои можност од некакви повреди. Неделава чуствителни ќе ви бидат кожата и забите, а кај пстарите можни се главоболки и проблеми со коските.
Не работете повеќе работи одеднаш и не ја провоцирајте личноста од која зависите.
Најпријатно ќе се чуствувате во друштво на Раковите иако поенкогаш нивната претерана чвуствителност помалку ќе ви оди на нерви. Нема ништо поирационално од оваа врска, која успева кога сите мислат дека ќе пукне, и која се растура кога изгледа дека е се во ред. Во еден момент се разбираат толку добро што ги воодушевува и ги воздигнува во светот на бајките. Во друг момент им се причинува дека еден на друг се потполни странци и дека залудно се бараат. Не можат да си ја анализираат својата положба. Сепак се сакаат, но се себични. Ракот сака Рибите да бидат помалку лизгави, а Рибите сакаат Ракот да личи на нив. Тоа е многу сложено. Ракот е повеќе врзан за стварноста, но Рибите се повеќе прилагодливи. Секој од нив на тој начин има корист од таа врска дури и кога двајцата се расправаат.