Она што треба да го направите во овој месец е да бидете потрпеленви бидејќи работите одненаш нема да се средат. Ќе треба малку повеќе време, поточно од декада во декада како влегувате во октомври така се подобро ќе се чувствувате. Би требало да тежнеете кон хармонизирање на односите со околината бидејќи во тоа најдобро ќе се снаоѓате во овој месец. Истоа така постапно би требало да градите и постабилна позиција како во работата така и во приватниот живот. Подгответе го теренет бидејќи последната декада од месецот ќе ви биде доста бурна и успешна, па решавањето на ситни проблеми би значлео само трошење на време кое ќе го имате се помалку. Со влегувањето на Сонцето во вашиот знак после 21 октомври ситуацијата нагло ќе почне да се подобрува па ќе бидете успешни во сите сегменти на деловниот живот. Во почетокот на месецот поголемо внимание посветте му на евентуалните недовршени работи задоцнувања и сл. бидејќи тоа може да предизивика некакви проблеми на работното место. Последната декада ќе ви биде исклучително динамична. Доаѓа период со многу деловни контакти во кои од нив ќе има и доста непријатни меѓутоа тие ќе ве потикнат на поголема борба за за својот статус. Може да очекувате и подобрување на финасиската сотојба минатиот месец доста се потрошивте, а и во овој сеуште трошите, бидете поскромни во купувањето на подароци или гардероба за себе, бидејќи работите ќе почнат да се средуваат дури кон крајот на месецот. Трошете само онолку колку што мислите дека нема да го оптерретите вашиот домашен буџет. Рискантните зафати можат да ви бидат многу штетни. Бидете внимателни во работите поврзани со државната администрација. Учениците и студентите имаат добра подршка од планетите особено оние во високото образование, посебно добро ви се аспектирани јазиците и спортот.
Првите две декади во месецот навестуваат на бурни моменти, многу настани и навестување на конечна разврска на љубовните проблеми и интриги во кои бевте западнати. Венера планетата на љубовата во моментот се наоѓа во знакот на Вага, меѓутоа во третата декада влегува во вашиот знак. Овој период искористете колку што можете повеќе и уживајте во друштвото на својот партнер, меѓутоа при тоа внимавајте на своето однесување и контролирајте се од љубомората. Не трошете го времето на ситни расправии наоѓајте мирно решение. Младите и слободните Скорпии можеби ќе доживеат флерт, а некои ќе започнат и кратка врска. Бидете верни во спротивно можни се неприлики. Поставеноста на Венера во вашиот знак ќе ве доведе до бројни прилики за испитување на својот шарм. Ќе бидете љубезни, привлечни и конечно средени. Во последно време се повеќе внимание посветувате на надворешниот изглед. Последната декада од октомври ви се јавуваат проблеми. Колку и да е вашата врска хармонична и полна со длабоко разбирање треба да знаете дека на вашиот партнер му е потребно промена и поинтензивен љубовен живот. Бидете активни и подготвени за нови работи и не дозволувајте во љубовниот живот да ви се вовлече монотонија. Слободите претставници да не ги пропуштаат приликите кои ќе ги имаат. Ќе ви се пружи прилика да ги остварите вашите желби и планови, но не во таа мера која ја посакувавте. Не го барајте невозможното, бидете малку поскромни, сега е доволно и толку за да останете среќни. Имате исклучително големи шанси да започнете нова љубовна врска, не ја пропуштајте приликата бидејќи наредната е далеку. Состојбата во семејството и односите со родителите ќе биде без поголеми потреси. Ќе бидете подобар родител отколку дете.
Ќе се одликувате со голема енергија и претерана акција со желба да се искористи таа енергија. Притоа ќе ве прати и добро расположение, па искористете го октомври максимално. Кај женските преставнички можни се некои гинеколошки проблеми, а доколку се бремени ќе чуствуваат тешкотии и би било добро во овј период повеќе да одмараат. Ќе имате чуствителен желудник, меѓутоа не од нервози, проблемите ќе ви доаѓаат од претешка храна или од нередовна исхрана. Можни се настинки и инфекции на дишните патишта кон крајот на месецот.
Бидете потрпеленви бидејќи работите одненаш нема да се средат. Ви треба малку повеќе време за оан што го барате.
Најдобро ќе се разбирате со личностите родени во знакот на Риби, а бидејќи многу нема да бидете заинтересирани за љубов ви треба некој покрај вас кој ќе можи да ве сослуша, а тоа се токму овие личности. Ова е посебна и многу нијансирана врска, која е тешко да се разбере ако човек не е Риби или Скорпија и веќе тоа не го искусил. Многу често личи на садо - мазохистичка врска, што е, се разбира, совршено ако секој од нив двајца се чувствува добро во својата улога. Но, не се сите Скорпии садистички расположени, па затоа потчинетоста, недофатливоста и љубовната опсесија на Рибите - иако ги фасцинира на почеток - после неколку месеци почнува да ги нервира. Не се ни сите Риби мазохисти, со силата на својата еластичност, разбирањето и прилагодливоста, тие (и тоа незабележливо) ќе ја сведат Скорпијата на домашно животно без никаков отпор.