Октомври
Работа

Ве очекува просечен месец со доста лоши односи на работното место кои постојано ќе ве загрижуваат. Напнатоста веќе некое време е присутна, се случиле некакви промени кои за повеќето од вашите колеги не се прифатливи. Доколку сте во таква состојба ќе имате навистина тешки прилики да го докажете спротивното. Не ќе можете да си ги процените вашите сили и ќе превземете одговорности повеќе одколку што ќе можете да извршите. Внимавајте да не бидете премногу критични кон соработниците. Постојано ќе ви доаѓаат на памет огринални идеи кои многу тешко ќе бидат прифатени од надворешната околина. Ќе имате прилики за патување во странство, па доколку ви се укаже не ја пропуштајте, најдобро е некаде на отпатувате на подолг период додека работите не почнат да се средуваат. Доколку планирате некакви промени и сте на раководна функција можеби најдобро ќе биде малку да причекате. Подгответе го теренот и при тоа слушнете советите. Не е време за радикални промени. Последната неделава ќе се чуствувате многу подобро иако нема да имате голема потреба за дружење. Најмногу задоволство ќе ви носат работите кои ги работите со љубов. Коминикациите ќе ви бидат зголемени, но за вас ќе се помалку пријатни одколку што сакате. Ве советуваме да не договарате важни финансиски работи, бидејќи е зголемена можноста од загуби. На работен план ќе бидете помалку амбициозни, па дури и ќе се противите на авторитетите и вообичаеното нормално однесување. Ќе дознаете дека имате непријатели кои ви работаат на ваша штета, но моментално не ќе можете да им се спротивставите.


Љубов

Состојбата во љубовта не е многу поволна. Ќе ве загрижува односот на вашиот партнер, разговарајте за тоа. Ќе доживеете разочарување кое на крај ќе ви ги отвори очите. Вистинската слика на вашиот партнер ќе биде нешто сосема друго од она што вие го мислите. Малку полесно ќе му биде на оние кои долго време имаат сериозен партнер. Ќе морате да му простите иако тоа ќе го направите со тешко срце. Во секој случај можете да очекувате многу на емоционален план, а тоа ќе делува и во останатите подрачја од вашиот живот. Слободните ќе имаат повеќе обиди за влегување во врска, но многумина ќе бидат успешни. Постојано нешто непријатно ќе ви се случува, па другатра страна ќе добива сосема поинакво мислење за вас. Со влегувањето на Венера во вашиот знак после 8 октомври одеднаш ќе станете љубезни и привлечни. Партнерот ќе биде изненаден од вашата прилагодливост и желбата за заеднички живот. Ваквата состојба ќе ве врати на романтичниот почеток на врската па можеби повторно да се заљубите во истиот партнер, но сега уште повеќе. Слободните Стрелци нека ја нанишанат љубовната стрела во добро одбраните жртви, целта ќе биде погодена, но она што недостасува е колку сте подготвени за нова одговорност. Личностите од спротивниот пол ќе покажуваат зголемено интересирање, но при тоа внимавајте да не настрадаат некои невини жртви. Интересно ќе ви биде флертувањето само за проверка на својата умешност. Ќе сватите дека врската во кој се наоѓате можеби не е онаа што ја сакате. Ако сте сами ве чека интересно познанство. Кон крајот на месецот сеуште ќе се чувствуваат позитивните љубовни делувања од планетите меѓутоа занесеноста и еуфоријата која ја имавте ќе биде со помал интензитет. Имате одлични предуслови во поселдната декада од месецот, во врката да го пронајдете она што долго време веќе го барате.


Здравје

Нервозата и стравот од неуспех интензивно ќе го чуствувате во вашиот желудник. Дигестивните органи исклучително се чуствителни а тоа најповеќе ќе го почуствуваат заболените од чир. Во првата декада од месецот проблемите најповеќе ќе ви бидат од психосоматска природа.. Ќе мора да неучите да водите поопуштен живот и да се навикните на полесна храна. Исто така склони сте на хронични болести посебно ако сте родени во првата декада. Останатите нека внимаваат на повреди и инфекции. Кон крајот на месецот енергијата ќе почне нагло да ви опаѓа, а со тоа и здраствената состојба ќе ви се влошува.Бидете максимално внимателни ви последните 10 дена од месецот.


Совет

Немојте да бидете премногу критични кон соработниците, дајте му малку простор да го кажат своето.


Идеален партнер

Во овој период идеален партнер ќе биде Вагата. Скорпиите многу ќе ве привлекуваат но ќе биде добро да ги избегнувате. Близнаците многу ќе ви одговараат во работата. Двајцата се големи авантуристи, па затоа можат прекрасно да се забавуваат и да бидат истовремено добри пријатели. Ако дојде до брак, сеуште исклучително многу ќе ја ценат слободата пришто двајцата ќе се впуштаат во авантури. Ваквата склоност сепак може да ги наруши нвните меѓусебни односи, затоа што ваквиот пар е еротски радознал и склон кон експеринменти. Можат да се створат неприлики заради неуредниот изглед на Стрелецот, кој многу и значи на Вагата. Иако ова не е многу иделана врска сепак може да биде многу возбудлива зартади нивната обострана сексуална привлечност.