Мај
Работа

Поставеноста на планетите навестува доста динамичен месец за Водолиите. Единствено негативно е лошата концентрација и комуникација која ве пратеше последните денови од април, а ќе се пренесе и во првата седмица од мај. Останатиот период ви е прилично поволен на вас, останува само да ги искористите сите шанси за поволен развој на настаните. Можна е појава на некои пречки во извршувањето на работните задачи во средината на месецот, а тоа ќе се појави поради недостатокот на енергија или можеби пак здраствени проблеми или нервоза. Што и да се случува со влегувањето на Сонцето во знакот на Близнаци после 21 мај работите ќе се средат одеднаш. Исто така ќе мора да се навикнете малку на новата деловна околина, да бидете пофлексибилни, меѓутоа и да не одстапувате од своите замисли. Поставеноста на Марс во знакот на Вага, помалку ќе ви ги загрозува односите со околината и само поради тоа што луѓето не се навикнати на тој начин да комуницирате. Би можеле да изгубите некој драг пријател само поради тоа што погрешно ќе бидете сватени. Меѓутоа ќе има и такви кои доста ќе ви помагаат и во вистинските моменти ќе се најдат на вистинското место. Колку повеќе се движите со луѓето кои ги сакате толку подобро и со многу поголема самодоверба ќе му пристапувате на проблемите. Последната декада од месецот ви е исклучително поволна за деловниот живот, вашата работа ќе биде наградена, но не толку од колегите колку што ќе биде пофалена од претпоставените. Одлично ви се аспектирани работите поврзани со кратки патувања, образование, како и работите поврзани со домот и семејството. Водолиите се најхуманите личности во Зодијакот, секогаш големодушни и дарежливи. Тоа е добро меѓутоа во овој месец внимавајте да не претерате и своите пари да ги давате буквално наслепо.


Љубов

Случувањата на сентиментален план ќе ве издигнат до небото. Ќе ги оставите грижите на друга страна и ќе се препуштите на животот. Можеби одповеќе ќе лудувате, но при тоа внимавајте да не префорсирате, бидејќи подоцна за сето тоа ќе мора да платите. Некои од вас ќе заминат на пат со партнерот и тоа ќе биде добро, бидејќи планетите за овој месец се одлично аспектирани за љубов на кратки патувања. Каде и да заминете ќе се сретнете со друштвени и интересни луѓе, а и лесно ќе можете да влезете во некаква љубовна врска. Направивте кратка пауза меѓутоа сега повторно сте блескави и со нов сјај. Единствено што е негативно е тоа што ја ставате својат личност во прв план, а тоа може да ги одбие другите од вас. Слободните со пријателска помош и на искрен начин ќе мора да ги решаваат своите љубовни проблеми. Сакате да ја обновите старата врска меѓутоа немате доволно храброст, а не сте и доволно искрени. Доколку навистина сакте тоа да се случи, ќе мора вие да го направите првиот чекор. Оние кои се во постојана љубовна врска ќе бидат изнанадени од разбирањето и подршката која ќе им ја дава партнерот. Покрај тоа во некои врски може да се појави мала криза поради несваќањето на слободата и одговорноста. Често знаете брзо да го изгубите интересот за нешто посебно за она за кое се распаѓа, тоагаш станувате неверни бидејќи немате храбрости срце да се соочите со партнерот и да пресечете. Стабилноста не ви е некоја некоја јака страна, а малку самоконтрола нема да ви дојде лошо. На самиот крај од месецот можен е некаков флерт, а можеби и тајна љубовна врска со некој колега или нов пријател. Нема да останите рамнодушни бидејќи ќе ви се овозможи и прилика и за нешто повеќе. без разлика на сите настани вашиот брак нема да биде доведен во прашање бидејќи односот со вашиот партнер е добар само што му недостасува онаа искра од почетокот која постојано ја барате.


Здравје

Ве очекува одлична здравствена состојба, преку целиот месец. Постарите и понатаму ќе си бараат болести за кои не можат да добијат дијагноза, меѓутоа сепак на крајот ќе се уверите дека со вашето здравје се е во најдобар ред. Проблеми можат да имаат прекумерните пушачи, кои имаат чувствително срце и белите дробови. Нагласената физичка кондиција ќе ви донесе и привлечен изглед. Направете некои промени нова физура, козметичар и др. постарите ќе имаат проблеми со забите направете редовна контрола и одржувајте ја хигиената. Не се изложувајте на провев и внимавајте при облекувањето. Во средината на месецот можни се проблеми со бубрезите, но само доколку сте имале некои проблеми досега.


Совет

Ќе мора да се навикнете на новата деловна околина, да бидете пофлексибилни, меѓутоа и да не одстапувате од своите замисли.


Идеален партнер

Стрелците ќе ви бидат исклучително наклонети меѓутоа најповеќе симпатии ќе најдете во Вагите. Овие двајца брзо ќе се шармираат, ќе ги поделат своите слични интересирања, посебно во друштвениот живот. Имаат исти потререби за убавина и естетика, но ќе им трееба некој трет, за нив да работи. Ќе живеат сложно додека имаат пари. Привлечноста меѓу нив може да биде неодолива. И двајцата многу ќе се трудат да се задоволат обајцата. Но нивната врска може да ја загрози некој трет, затоа што спротивниот пол многу ги привлекува. Со некој вид на договор во кој ќе бидат вклучени и неверства оваа врска може да биде добра, но ретко долготрајна.