ЈАРЕЦОТ

ЈАРЕЦ и ОВЕН
На општествен план Овенот може позитивно да делува на Јарецот, на тој начин што Ќе го вклучи во своите активности и тој можеби ќе свати дека во животот има уште нешто освен работата. Но Јарецот автоматски ќе реагира на присуството на спротивниот пол што Ќе предизвика љубомора кај Овенот, затоа што тој сака да го поседува својот партнер во душата и телотот. Во нивниот сексуален живот не би требало да има проблеми. Ако сепак се појават ќе бидат поврзани со мрачните расположенија на Јарецот, но и директноста на Овенот в кревет понекогаш може да биде навредлива.

ЈАРЕЦ и БИК
И двајцата имаат потреба за удобен дом и секој ќе вложи многу енергија во тоа. И едниот и другиот имаат карактеристичен страв од долгови, па тоа ќе ја елиминара можноста од финансиски тешкотии. Можеби ќе собираат стари предмети затоа што двајцата се интересираат за минатото. Взаемна е и нивната потреба за враќање кон природата и можеби ќе се изрази преку љубовта према градинарство или кампирање. Бидејќи им е толку убаво во нивниот дом и бидејќи се толку среќни кога ќе бидат заедно може да се случи целосно да се исклучат од надворешниот свет.

 ЈАРЕЦ и БЛИЗНАЦИ
Кога ќе се сретнат контактот не се ни чувствува. Љубовта е обично млака и треба да се најде друго поле на интересирање за да дојдат пред матичар. Можат да се најдат во филозофијата, индустријата или економијата но во еротиката никако. Сексуалниот живот може да им донесе тешкотии, затоа што двајцата се чудни, сложени и склони кон тоа да сметаат дека оној другиот треба да попушти и да се прилагоди. Секој си ја игра својата игра и односот е промашен. Без смисол и уживање, тешко можат да бидат заедно.

ЈАРЕЦ и РАК
Бидејќи и двајцата се внимателни со парите во оваа врска не би требало да има финансиски проблеми, умеат со него да располагаат и да штедат.  Без оглед на тоа колку пари имаат сепак нема да пропутат да ја прослават било која семејна свечаност. Таа сентиманталност им е заедничка и може да стане основа за поинтимна врска меѓу нив. Јарецот можеби ќе треба да развива романтични склоности за да го усреши Ракот вкревет, а Ракот пак ќе мора да се помири со тоа дека Јарецот не е расположен за секс кога ќе падне во една од своите депресии.

ЈАРЕЦ и ЛАВ
Една од главните причини за оваа нестабилна врсак е различното финансиско гледање. Лавот ужива во скапи облеки, го привлекуваат работи кои се симбол на углед, доедека Јарецот нема потреба за такви животни задоволства и повеќе е склон кон штедење. Исто постојат и големи разлики во сексот, бидејќи Лавот понекогаш сака да претерува, а Јарецот ја сака умереноста. Трпеливиот Јарец е во состојба да преоголта доста увреди меѓутоа затоа знае и да се освети. Најчесто ова е врска која завршува несреќно.

ЈАРЕЦ и ДЕВИЦА
Силна телесна привлечност, а сличните погледи према парите уште повеќе ќе ја продлабочат оваа врска. Во љубовта добро се сложуваат, бидејќи сексот не им е најважен во животот, а може да биде згоден начин за искажување на љубовта и блискоста, со што ќе ја зајакнат врската. Депресиите на Јарецот би можеле да го подобрат нивниот сексуален живот, бидејќи во тој случај Девицата станува почувствителна и попилагодлива на своите желби. Јарецот еден од  знаците  кои им одговараат на Девицата.

ЈАРЕЦ и ВАГА
Вагата лесно се повредува, а Јарецот е строг судија. Мала е веројатноста дека воопшто ќе се привлечат. Можеби ќе можат да функционираат на взаемно надополнување, но со доста неразбирање. Напнатоста меѓу нив се зголемува и заради нивниот сексуален живот, затоа што Јарецот е преокупиран со кариерата и тоа ќе го оддалечува од Вагата. Вагата неможе да остане долго во оваа врска и многу брзо ќе се обиде со некго, кој ќе биде поосетлив на нејзиниот шарм. Ова не е мудра врска, затоа што се работи за многу спротивни карактери.

ЈАРЕЦ и СКОРПИЈА
Материјалната страна на животот можеби ќе биде точка во која овие двајца ќе се сложат. На двајцата им треба финансиска сигурност, но во тоа можат и да претераат. Двајцата се склони да го занемарат својот личен изглед и треба да се борат против апатијата во таа сфера. Во сексот Скорпијата е поактивна од Јарецот, но често пати помислува на најлошо кога Јарецот Ќе одбие да води љубов или вели дека е уморен. Вечната несигурност на Скорпијата може да ја наведе на помисла дека Јарецот има накој друг, а ако е тој страв оправдан нема да му прости.

ЈАРЕЦ и СТРЕЛЕЦ
Можеби на прв поглед ќе изгледа чудно но ваквата комбинација на знаци не е воопшто згодна. Пред се проблемот е во нивните различни карактери. Нивната љубов, доколку се јави е многу ретко силна и најчесто таа трае многу кратко. Независноста и слободата на Стрелецот воопшто не се вклопуваат во конзервативната природа на Јарецот. Проблеми можат да се очекуваат и во нивниот физички однос. На сексуалните апетити на Стрелецот, Јарецот одговара со рамнодушност. Иако понекогаш можат сексуално да се сложат, сепак тоа не е доволно да се премине бездната на нивната врска.

ЈАРЕЦ и ЈАРЕЦ
На овој знак му се својствени тешки и долготракни депресии, што е една голема причина за конфликт меѓу двајцата Јарци, затоа што двајцата ќе ја очекуваат оној другиот да им пружи разбирање или утеха. Ако и двајцата се најдат во такво расположение, во исто време, тогаш лесно ќе дојди до разделување. Со парите не би требало да има проблем бидејќи и двајцата се штедливи. Јарците би тебало да најдат побезгрижни и подруштвени партнери кои ќе ги спречат премногу да се посветат на работата или премнмогу сериозно да го свата животот. Иако во сексот можат да се сложат ваквата комбинација е многу досадна.

ЈАРЕЦ и ВОДОЛИЈА
Во овој однос Јарецот може да биде изнервиран од односот на Водолијата спрема кариерата, затоа што таа се занимава со многу работи, постојано трагајќи за нови предизвици и простори. Очајничката потреба на Јарецот за финансиска сигурност е потполно несватлива за Водолијата, таа не може да го троши своето време на толкју досадни работи како што се парите. Расправи и судири во сексот се неизбежни затоа што Водолијата е често надвор од дома и тоа токму во моментот кога Јарецот ќе заопадни во некоја од своите депресии и кога ќе му биде потребна љубов и поддршка.

ЈАРЕЦ и РИБИ
Во оваа комбинација несогласувања може да предизвика депресијата, затоа што и Рибите се склони кон мрачни расположенија, но додека на Јарецот мо е потребна поддршка, Рибите умеат сами да се ослободат од своите тмурни состојби тогаш кога ќе бидат спремни. Рибите во оваа врска секогаш даваат нова животна снага затоа што се нежни и полни со грижа. Во финансиите Јарецот ќе треба да управува, затоа што Рибите не се многу заинтересирани за тоа поле. Сексуалниот живот им е многу добар, а кога и двајцата се во добра психичка состојба љубовта може да се изрази во полна снага и да придонесе за остранување на можните недостатоци во оваа врска.