Октомври
Работа

Во првите денови од октомври сеуште ќе ја чувствувате напнатоста на работното место, но набрзо ќе се случи некоја промена, која работите од ќе ги доведе во ред. Ќе ви биде нагласена деловноста и амбициозноста, единствено недостаток ќе биде намалената комуникативност. Постојнао ќе се трудите да ги заведете и да ги воодушевите деловните соработници, меѓутоа нема да успеете во тоа. Тоа и воедно ќе биде пречката за овој месец да се нарече максимално успешен. Некој ќе си поигрува со вас, но за ваша среќа тоа ќе биде безопасно. Со влегувањето на Сонцето во знакот на Скорпија енергијата значително ќе ви се зголеми, па тогаш ќе почнете со уште поголем елан да ги извршувате деловните обврски. Во овој период помалку се средува и комуникацијата и ќе ја добиете целосна подршака од деловните партнери. Обидете се да се експонирате како успешна личност и покажете задоволство во она што го работите. При тоа најдете време и за вашите семејни обврски. Брзањето на сите околу вас нема да му биде многу пријатно, па затоа фатете чекор со останатите колеги. Немојте да оставите впечаток на полтрон во својата близина бидејќи подоцна тоа ќе ви пречи во напредувањето. Ќе имате прилика да соработувате со личност која многу нема да ви се допаѓа, а оној што треба да попуши ќе бидете вие. Важно е да не брзате и да ги решавате работите по секоја цена, работете го она само што сигурно ви носи успех останатото слободно отфрелете го или оставете го за размислување за некој нареден период. Финансиската состојба ви се подобрува, можна е неочекувана добивка на пари. Ќе имате среќа во работите во кои ви е ограмничен пристапот. Ќе успеете да заработите одлична сума на пари, поради што ќе бидете задоволни.


Љубов

Љубовта ќе ви биде од огромно значење во октомври, ќе имате желба сите работи да ви се средени и секаде да стигнете што можеби и до некаде ќе успеете во тоа. Без љубов не ќе можете да го замислите периодот, па многумина можеби ќе направат грешка и ќе му се предадат на саканата личност безрезервно. Секој момент на слободно време ќе му го посветувате на партнерот понекогаш тоа ќе биде смешно, но понекогаш и невозможно. забелешките во однос на ова прашање нема многу да ви пречат иако ќе бидат често тема за исмејување. Доколку тоа го правите само да ја компензирате презафатеноста со деловните обврски може да се рече дека е во ред, но ако со тоа ги оправдувате грешките од минатиот месец тоа не е исправно. Во средината на месецот ќе донесете некои одлуки за промена на таквиот став. Тие ќе бидат доста важни за вас бидејќи конечно ќе сватите дека сте добивле само големи ветувања, а со време се уверивте во нивната вистинитост. Со влегувањето на Венера во знакот на Стрелец после 8 октомври доаѓа период на некакви промени кои ќе бидат предизвикани од некои надворешни настани. Што и да се случува нема да бидат пресудни така не мора да се гиржите. Едноставно некои работи ќе ги сватите многу подобро и појасно, а воедно ќе си ги откриете и вашите грешки. Многумина од вас ќе одлучат да завртат нова страница, да тргната понова патека иако нема да знаете каде води. Верувајте дека среќата во љубовта е на ваша страна и дека сте тргнале кон неа-тоа е доволно. Не бегајте од чувствата кон крајот на месецот ќе се обидете цела енергија да ја насочите кон работата како би престанале да мислите на љубовта. Набрзо потоа ќе сватите дека едно без друго не можат.


Здравје

Неповолното делување на Сонцето ќе го чувстувате низ хронични тешкотии. Ќе ве измачуваат проблеми со забите и коските. Главоболките ќе ви биат чести во првата половина од месецот, па потоа можете да здивнете бидејќи неповолниот период ќе остане зад вас. Родените во втората декада ќе чувстуваат трешкотии на мокрачните канали и воопшто урибарниот тракт. Психички исто така нема да се чуствувате добро ќе бидете склони кон меланхолија а нема да бидете задоовлни и со вашиот изглед. Ако сакате промени направете го тоа посел 21 Октомври. Јарците во поодминати години можно е да имаат проблеми со висок крвен притисок и воопшто со срцето и крвните садови.


Совет

Обидете се да се експонирате како успешна личност и покажете задоволство во она што го работите. При тоа најдете време и за вашите семејни обврски.


Идеален партнер

За возбудлива љубовна авантура која во овој период најповеќе ќе ја барете потребни ви се Скорпиите, но за вистинска љубовна врска потребни ви се Девиците. На деловен план најповеќе ќе се сложувате со Јарците. Силна телесна привлечност, а сличните погледи према парите уште повеќе ќе ја продлабочат оваа врска. Во љубовта добро се сложуваат, бидејќи сексот не им е најважен во животот, а може да биде згоден начин за искажување на љубовта и блискоста, со што ќе ја зајакнат врската. Депресиите на Јарецот би можеле да го подобрат нивниот сексуален живот, бидејќи во тој случај Девицата станува почувствителна и попилагодлива на своите желби. Јарецот еден од знаците кои им одговараат на Девицата.