Ноември
Работа

За разлика од минатиот месец овој ќе биде многу поповолен за Јарците. Повеќе од добар ќе биде првата декада кога ќе бидете во исклучителна форма, која ќе мора да ја искористите на било кој начин. Посебно поволен е преиодот за Јарците родени во втората декада кои најповеќеќе го почувстуваат добриот аспект помеѓу Марс планетата на енергијата и Сатурн вашиот владетел. Ќе ви биде нагласена деловната страна на вашиот живот што за вас не е вообичаено, бидејќи животното мото на Јарците е ,,живеј за да работиш,, со својата вродена ладнокрвност и пресметливост ќе осигурате значителна предност пред своите ривали. Толку брзо ќе напредувате што нема да сватат што им се случува. Пред да бидат свесни за состојбата во која се наоѓате вие веќе ќе ја славите победата. Значи само храбро напред и без страв од несупех. Планетите во целост ве подржуваат дури и оние незаинтересираните ќе имаат успех на кој не ќе можат да им побегнат. Парите не ви се најважната работа во животот но сепак сакате вашиот труд да ви се плати и заради тоа во периодот кој доаѓа може да дојде до некои несогласувања на работното место, или воопшто таму каде што треба да ви исплатат финансиски сретства. Но нема причина за нервирање, од следната недела и тој проблем ќе го решите, само треба да бидете потрпливи. Трговијата на мало може да ви донесе солидна заработка, па доколку барате работа не се трудете попусто обидете се сами да дојдете до среќата. Исто така во Ноември доста поволно ви е аспектирано учењето и се разбира сите умствени активности. Концентрацијата ви е на одлично ниво, па доколку сте студент или ученик искористете го периодот за поправање на оцени или полагање на испити.

Љубов

Иако ќе бидете преблокирани со работата и малку време ќе наоѓате за љубов сепак љубовните прилики нема да ви избегнат, а можеби ќе ги имате на работното место. Ве очекуваат доста интересни и убави моменти кои ќе ги прифатите нормално, а за тоа можеби и вашите блиски пријатели ќе покажат одредена завист. Не си дозволувајте да се базирате на нивната љубомора туку обидете се да најдите некое решение и да ги задоволите и нивните потреби. Доколку тоа не можете да го сторите и гледате дека и понатаму покажуваат љубомора, најдобро посветете му се на партнерот и привремено дистанцирајте се од нив. Слободните ќе имаат успех со некоја личност која долго време ја познаваат и која во досегашните обиди постојано наидувале на неуспех. Овој пат ќе биде сосема поинаку меѓутоа имајте на ум дека со преголемата сериозност повторно може да неуспеете. Препуштете му се малку на чувствата. Доколку управувате со разумот може лесно да ви се случи да пропуштите одлична прилика. Исто така доколку влезете во авантура никако не се обидувајте да го надополните препуштеното. Не ги занемарувајте советите кои можат доста да ви ги олеснат одлуките, меѓутоа бидете и селективни. Јарците во својата природа, сексуалниот живот го ставаат во втор план. Но, во следниот пероид секојдневно ќе се наоѓате во ситуации во кои ќе треба да го покажете вашиот интерес кон телесна љубов. Ако се земат во предвид вашите конзервативни сваќања во љубовта, може да се каже дека овој месец ќе бидете многу пријатно изненадени од либералното однесување на вашиот партнер во сексот. Ова посебно важи за родените во првата декада од овој знак. Јарците во брак ги очекува добар период. Вашиот однос со партнерот се продлабочува, а тоа ќе се случи после еден мил настан. Разбирањето ќе биде нагласено со влегувањето на Венера во вашиот знак, а тоа ќе се случи во втората недела од месецот.

Здравје

Здравствена состојба во овој месец нема да претрпи никакви промени доколку прекинете со обилната исхрана. Внимавајте на исхраната која содржи холестерол, а дополнителната физичка ангажираност, прошетките во природа или спортот позитивно ќе делуваат на вашиот организам. Јадете во мали количини повеќе пати и избегнувајте храна која го надразнува желудникот. Можни се помали нервози попратени со главоболки кон крајот на месецот, но ќе бидат од минлив карактер. Важно е да однесувате умерено и да водите повеќе грижа за вашето здравје. Жените ќе треба да внимаваат од инфекции особено на половите органи.

Совет

Само храбро напред и без страв од несупех. Планетите во целост ве подржуваат.

Идеален партнер

Наповеќе ќе се сложувате со Раковите меѓутоа ќе ве привлекуваат и Девиците, во која ќе владее силна телесна привлечност, а сличните погледи према парите уште повеќе ќе ја продлабочат оваа врска. Во љубовта добро се сложуваат, бидејќи сексот не им е најважен во животот, а може да биде згоден начин за искажување на љубовта и блискоста, со што ќе ја зајакнат врската. Депресиите на Јарецот би можеле да го подобрат нивниот сексуален живот, бидејќи во тој случај Девицата станува почувствителна и попилагодлива на своите желби. Јарецот еден од знаците кои им одговараат на Девицата.