ЗАЈАК

Ако сте родени во еден од наведените денови,
тогаш вашиот натален симбол е Зајак:
 
02.02.1927-22.01.1928
19.02.1939-08.02.1940
06.02.1951-26.02.1952
25.01.1963-12.02.1964
11.02.1975-30.01.1976
29.01.1987-16.02.1988
16.02.1999-04.02.2000
03.02.2011-22.01.2012            

Зајакот, мајчесто е популарна личност, има многу пријатели, а семејството му е многу важно. Нивната чувствителна пририда ги тера да бидат заштитнички расположени кога во прашање се личностите кои ги сакаат. Кога во прашање е љубовта, Мажката може да ја идеализира својата врска и во неа и се предава на партнерот, некогаш и повеќе од нормалното. Меѓутоа кога Зајакот е повреде, многу брзо доаѓа при себе се разбира со помош на пријателите и средениот семеен живот.
Зајакот е многу нежен и затоа потребна му е цврста основа и наслон. Кога ќе почувствуваат недостаток на поддршка, одма ќе ги пуштат солзите над својата судбина. Нестабилноста е нешто најлошо што може да им се случи на овие луѓе, а тоа може и да ги доведе до психички растројства. Зајаците мразат расправии и прават се ги избегнат, без разлика од кој вид биле.
Со вистинската личност пред себе, односно личност која ни на кој начин нема да ја искористи добрината на овој знак, Зајакот може да биде многу пожртвован и верен партнер. Го сакаат домот и доколку им нуди сигурност, доста време ќе поминат во него.

Особини
Личностите кои се родени во годината на Зајак, се многу нежни и чувствителни на светот кој ги опкружува. Тие не можат да преживеат во околината која е агресивна и доколку во неа не се снаоѓаат. Нивните добро избалансирани чувства лесно се дестабилизирваат во непредвидени околности.
Мачките сакаат околу нив да владее мир, што ги прави одлични домаќини. Исто така не сакаат некој во нивно друштво да се жувствува отфрлен или изолиран. Им обрнуваат внимание и на најситните нешта во животот. Мачките секогаш се полни со фантастижни идеи и приказни и многу се дарежливи и племенити, што нивните непријатели ги претвора во пријатели.
Нивниот животен стил помалку е конзервативен и не сакаат нивната сигурност да им е разнишана на било кој начин. Зајаците бегаат од секој конфлик и компликации. Тоа не значи дека се интровертни и повлечени. Тие едноставно сакаат мир.

Љубов
Во љубовта на мачките напотребна им е довербата, сигурноста и нежноста, а најсреќни се кога ќе направат интимна и конфорна атмосфера со партнерот. Тие нигогаш нема да побараат кратки и страствени авантури. Дури и кога се повредени, не бараат нов партнер, туку едноставно се повлекуваат. Има моменти кога ноивната ранливост доаѓа до израз, дури и кога се потполно сигурни во партнерот. И најмалиот непромислен збор на партнерот, можи да ги растажи овие луѓе. Кога ќе пронајдат вистинаски партнер, многу се верни и интимни со него и секогаш ќе бидат тука да ги слушнат неговите проблеми.
На овие луѓе некогаш им е тешко да најдат вистински човек за себе, бидејќи многу бараат и имаат високи критериуми.

Кариера
Личностите родени во годината на Зајак за се добро размислуваат пред да повлечат некој деловен потез. Сакаат за се да се известени. Сакаат работи кои не се сурови, а посебно ги привлекуваат дипломатските односи и деловната политиката.
Не сакаат да работат под било каков притисок. Тоа ги прави нервозни, како и донесувањето на нагли одлуки. Нивната креативна природа им овозможува на проблемите да им приоѓаат од повеќе страни и на најразлични начини. Зајаците се добри соработници и сите кои добро работата тие многу ги почитуваат.  
На Мачките им одговараат работи кои се поврзани со уметноста, литературата или со односите со јавноста. Исто така добри се како советници, судии, секретари...

Сакаат: приватност, разговор вклучувајки и трач, сами да си ги решат проблемите, романтични филмови, тајни и мистерии, долга коса, пријателите и роднините и ситници.
Мразат: кавги, насилство, ризик, изненадувања, непријатности, обврски, да донесуваат одлуки.

Односи
Љубов: најдобар однос има со Козата, а потоа следат Мајмунот, Коњот и свињата. Биволот и Кучето можат да го повредат.
Пријателство: единствено Козата и Свињата можат да ја толерираат природа на Зајакот.
Работа: мора да ги избегнува деловните контакти со Коњот, додека успешна соработка може да оствари со Мајмунот, Свињата, Козата и Змејот.