ТИГАР

Ако сте родени во еден од наведените денови,
тогаш вашиот натален симбол е ТИГАР:

26.01.1914 - 13.02.1915
13.02.1926 - 01.02.1927
31.01.1938 - 18.02.1939
17.02.1950 - 05.02.1951
05.02.1962 - 24.01.1963
23.01.1974 - 10.02.1975
09.02.1986 - 28.01.1987
14.02.2010 - 02.02.2011

Основни особини
Позитивни: племенит, широкоград, воспитан, авторитативен, снажен, храбар, доверлив, заштитнички расположен, страствен, идеалист, расчистувач на патишта - пионер.
Негативни: кавгаџија, тврдоглав, недисциплиниран, непослушен, импулсивен, неверен, бунтовен.

Тигарот се стреми кон самопотвдување и стекнување на моќ. Неговата суета и смета на околината, но неговата топлина, човечност и привлечност му овозможуваат да собере верни следбеници и обожаватели. Во такво друштво се чувствува среќен и на свое место, а без него е изгубен и циничен. Како водач често е непромислен и заради тоа не ја оправдува секогаш довербата на следбениците. Без поддршка и среќа неговите потфати резултираат со катастрофа. Во постојаната потрага и лов мора да смета и на многубројните опасности. Бунтовник е, борец, роден водач и заповедник кој храбро се впушта и во најопасните авантури. Потребно му е многу среќа за да успее во своите непромислени потфати и шпекулации. Но тука нема проблем зошто среќата ги следи храбрите. Противник е на секој авторитет, типичен бунтовник и револуционер.
Полн е со чувства и љубов, но неконтролираните стасти го водат од авантура во авантура и затоа не може да се смири кај еден партнер. Има една голема мана-често си гра со чувствата на другите луѓе. способен е зе голема љубов, но итука неговата жестина е премногу силна и љубовните авантури ретко завршуваат среќно.
Тигарот првентвено е човек од акција. Не е директно заинтересиран за парите туку повеќе за славата и честа. Иако не е нагласено агресивен, спремен е да го прифати секој предизвик. Витешките особини како што се честа, љубезноста, помошта кон слабите итн. се негови истакнати особини и многу му значат. Луѓето обично го респектираат дури и неговите противници. Иако е егоистичен во ситниците (чувство на сопствеништво над предметите и луѓето) во големите работи е племенит и широкоград.
Екстровертниот Тигар чувствува потреба за поддршка и апалуз од околината, а во тоа е и нарцисоиден. Кај интровертниот Тигар се наоѓаат во судир неговото внатрешно чувство за моќ и потребата за усогласени секојдневни изрази на личноста.
Првата фаза на животот на Тигарот тече добро, втората е жестока и полна со страсти и различни авантури, а ако успешно ја совлада таа фаза завршната фаза е мирна, во староста пишува мемоари. Постојат значајни разлики кај Тигарот роден дење и Тигарот роден ноќе. кај ноќниот Тигар животот е помирен. Но воопшто животот на Тигарот е многу повозбудлив од животот на останатите знаци. На Тигарот никогаш не му е досадно, животот за него е полн со прдизвици и опасности а тоа е живот кој нему му одговара.

Изглед и однесување
Тигарот се однесува сигурно дури и во непозната ситуација. Тој е оној кој прв одлучува, ја потискува опозицијата на позитивен, енергичен начин и без оглед на последиците ја следи својата цел. Мнозинството смета дека Тигарот е прекрасна личНост, иаки на плашливите луѓе делува застрашувачки. Во друштво се движи сигурно и шармантно. Во него постои голема потреба за љубов, но на крајот на краиштата тие љубовни авантури не можат да ја сокријат неговата единствена љубов кон самиот себеси. Во кризните ситуации се покажува Тигровата вистинска страна. Блескавата фасада на храброст и ентузијазам пука и открива мал заплашен човек.

Маж Тигар
Мажот Тигар одговара на архетипите на ловец, на борец, војник, и авантурист. Ја сака слободата и бега од сите цврсти и постојни врски. Во животот е самостоен, ниту му треба, ниту бара помош. Го привлекуваат жени кои покажуваат независност а бега од оние кои сакаат да го задржат. Веројатно е најдобар љубовник, иако можеби не доволно нежен.

Жена Тигар
Оваа жена делува многу привлечно на мажите. Тоа не мора да биде само од убавината, туку во прашање се и квалитетите, шармот друштвеноста, привлечноста. Таа не е посесивна туку напротив бара независност. Не сака ни да помисли да биде врзана. Жената тигар има безброј авантури кои не завршуваат секогаш мирно. Поседува природна надареност за контролирање на мажот и постојано е опкружена со толпа која се натпреварува во освојувањето на нејзината наклоност. Однадвор можеби изгледа ладно и прибрано, но во незе се гори и пламти. Во љубовта е вистинска Тигрица, ужива да му пружа уживање на својот љубовник. И покрај се таа жена во принцип е верна. Кај незе вообичаени се измени на подолг период на мирен живот со краткотрајни излети на авантура.

Поволни занимања
За Тигарот поволни се сите занимања во кои може да дојде до израз неговата моќ и способноста на водач. Тој е оној кој прв ги изнесува новите идеи и многу од нив се занимаваат со опасни занимања. Му одговараат: спортски возач, матадор, извидник, падобранец, диверзант, шеф и водач од било кој вид, државник, војсководач, главен глумец, главен музичар и слично.

Совети
Најголемата мана на Тигарот е непромисленото делување. Од лошите последици на таквиот начин на делување често (но не секогаш) го спасува среќата. Ако маучи да делива промислено, ако послуша добар совет, тоа многу ќе допринесе кон успешно завршување на потфатот. Неговиот емоционален живот е премногу агресивен и егоистичен, затоа оклината многу често го критикува заради тоа. Тигарот наизглед е цврст, тврд, нескршлив и сигурен, но во него е скриена душа полна со нежност, различни стравови и несигурности. Нему во принцип никој друг не може да му помогне, тој е одговорен сам за себе. Таа способност треба да ја научи даја искористува, компромисот и прилагодувањето не се за Тигарот.

Односите на Тигарот
Во љубовта најдобар однос постои меѓу Тигарот и Коњот, добри врски остварува и со Змејот, Кучето, Мајмунот, Стаорецот и Свињата. Треба да ги избегнува Биволот и друг Тигар.
Во пријателството најдобро се сложува со Кучето, добри односи има и со Змејот, Зајакот, Коњот и Свињата, а односите на Тигарот со Козата и Петелот не се длабоки.
Во деловните односи најдобро се сложува со Змејот, Коњот и Свињата, а треба да ги избегнува Кучето, Мајмунот и Козата.