Подршаката од вашиот владетел која ја имавте во минатиот месец од средината на октомври веќе ја губите, меѓутоа тоа не значи дека работие ќе почнат да уназадуваат. Ќе се чувствувате помалку исцрпено меѓутоа сеуште ќе работите со полна пареа. Работните планови речиси целосно се остваруваат, а тоа ве прави доста задоволи. Ќе се боравите на љубовните проблеми само доколку целосно сте посветени на работата. Овните на кои работата им е поврзана со партнерство би можеле да наидат на проблеми во смисла несовпаѓање со идеите на деловниот партнер. Немојте да се обидувате да ги наметнувате вашите идеи тоа би можле ода ве доведе до сериозни расправии, одложување на важни одлуки, па во краен случај и раскинување на партнерството. Комуникациите преку целиот месец ќе ви бидат стабилни доколку работите со странки ќе уживате во работата. Учениците лесно ќе се прилагодуваат кон училишните обврски, само ќе им недостига малку дисциплина. Со влегувањето на Сонцето во знакот на Скорпија последната декада од месецот работите малку ќе почнат да стагнираат. Избегнувајте ги сите можни расправии на работното место и не дозволувајте да ве изнервираат. Може да добиете трајни последици од тоа. Вашата ментална активност ќе биде намалена, а во вашата работна ангажираност ќе ви недостасува креативност и нови идеи. Просечна финансиска ситуација ќе биде присутна преку целиот месец. Можно е да остварите некоја деловна зделка што ќе ви овозможи да ја подобрите материјалната состојба, меѓутоа за тоа ќе треба сериозно да се потрудите. Притоа не торшете премногу и не купувајте прескапи подароци.
Се наоѓате во напнат период за љубовта. Ќе бидете доста нервозни на сите партнерови постапки па дури и оние најважните. Постојано ќе влегувате во остри расправии без некои посебни причини а за тоа ќе бидете свесни. Во одредени моменти дури и ќе уживате во малтретирањето и испитување на партнеровите граници. Воопшто комуникацијата со спротивниот пол ви е во криза па така доколку сте слободни најдобро би било во овој период да не се обидувате да влегувате во нова врска. Постојано ќе барате разбирање од блиската околина, а посебно од оние кои многу гу саката доколку не ја добивате тоа ммногу ќе ви биде тешко. Би било добро да бидете малку потолерантни и поподготвени да ги прифатите недостатоците на партнерот. Најдобро е да се посветите максимално на работата и на тој начин максимално да ги избегнете љубовните проблеми. Преку целиот месец ќе имате силна желба за хармоничен живот во пар и можеби токму таа ќе ве врати во партенротивте прегратки. Во втората половина од месецот ќе бидет зафатени со силна стравственост и сексуална преокупираност, па така нама да ви бидете мирни во овој бурен љубовен период. Ќе имате неодолив шарм и лесно ќе освојувате, а сето тоа ќе биде пропратено со нежните и романтични чувства. Оние што се во врска нека бидат особено претпазливи, бидејќи ќе бидете во искушение дали да влетате во некоја авантура, која може негативно да се одрази во врската. Слободните иако се во потрага на партнер за кратка врска, со кој ќе ги задоволаат своите сексуални потреби, имаат големи шанси во последната декада од месецот да ја најдат својата љубов или пак да запознаат личност со која во иднина ќе можат остварат долготрајна и хармонична љубовна врска.
Здравствената состојба ќе биде неповолна особено за родените во почетокот на првата декада, кои ќе го чувствуваат негативното влијание од за вас лошо поставениот Марс. Би било добро почесто да го мерите крвниот притисок посебно во периодот од 21 до 30 октомври . Поспаноста која ве има зафатено може да се смета за нормална и сосема е можно тоа да биде последица од одредено пореметување во крвниот притисок. Исто така можно е често да ви се приближуваат притисоците. Највероватно други проблеми нема да имате освен горенаведените но сепак немојте премногу да се опуштате. Понежните припаднички на овој нека ги направат редовните гинеколошки прегледии нека ги елиминираат некои намирници во исхраната кои го покачуваат крвниот притисок или телесната тежина.
Бидете потолерантни и прифатите ги недостатоците на партнерот и воопшто блиските околу вас.
Раковите најдобро ќе ви се прилагодат и ќе ви овозможат да доживеете вистински љубовни романси кои ќе останат во ваше незаборавно сеќавање во текот на целиот живот, но нажалост тоа кратко ќе трае. Во оваа врска не може да дојде до усогласеност исто како водата и огнот. Двајцата трпат, се расправаат заради куќата, родителите домот и татковината. Среќна околност е тоа што Ракот може долго да трпи па се некако природно тече. Не ги врзува страст затоа што огнените чувства на Овенот и водените длабоки чувства на Ракот никогаш нема да се усогласат. Овенот во љубовта е агресивен, а во сексот не обраќа внимание на потребата на Ракот за романтика и нежност. Кога едната личност е толку сложена, а другата толку директна тешко е да се оствари хармонична врска.