ПОЧЕТНА

13 Мај - 19 Мај
Работа

Проблемите од минатата неделва премногу ве затворија во себе, па така неделава ќе сакате да се повлечете во себе се додека на некои од нив не им дојде крајот. Вашите идеали ве доведоа во незавидна положба, па сега преиспитувате дали да ги менувате нив или да вложите дополнителни напори за да ги достигнете. Односите со околината ви се доста нестабилни и крајно е време да се обидете да ја поправите таквата ситуација. Нависитна во моментот треба да бидете потолерантни, а влегувањето во расправии без причина само може уште повеќе да ги разниша односите со соработниците.

Љубов

Во љубовта ќе имате повеќе среќа. Вашиот партнер ве разбира, а тоа во моментот и најповеќе ви треба. Слободните претставници имаат одлични шанси но се обидуваат да ја најдете вистинската личност. Ако сте во брак ќе бидете помалку себични и ќе размислувате така како што вас во моментот ви одговара.

Здравје

Солидно, внимавајте во сообраќајот.