29 Мај - 5 Јуни
Работа
Ќе имате некои пречки кои можат да преминат во сериозни проблеми. Настојувајте да бидете повнимателни во комуникацијата и намалете го кругот на луѓе со кои се дружите. Неделава треба да бидете многу внимателни кога се во прашање зборовите. Пред се изберете го молчењето отколку вербалните пресметувања. Ситуацијата ни малку не е наивна, вашиот противник очекува ситница. Покрај тоа, бидете внимателни и во сите работи поврзани со пари бидејќи ве очекува штета. Не работете со луѓе во чија исправност гледате со недоверба. Не склопувајте деловни договори.
Љубов
Интимните контакти ќе бидат нагласени овој период. Најповеќе ќе размислувате за љубовта и ќе се трудите да се снајдете во гужвата која моментално ја има зафатено вашата љубовна врска. Вашето љубовно незадоволство најдобро е да си го соберете во себе и да се обидете од почеток да ги најдете вашите грешки. Разговарајте со партнерот само со низок тон. Слободните преставници ненадејно ќе се заљубат.
Здравје
Претераната активност може лошо да се одрази врз вашето здравје.