Dneven Horoskop-Lav 29 Мај - 5 Јуни


Работа
Мешавина од позитивни и непријатни настани неделава ќе се поиграат со вас. Комуникациите со деловните партнери некако ќе ви затаат, па затоа ќе треба да бидете внимателни во работењето, со договорите и преговорите. Доста ќе заборавате и лесно можете да загубите ситници. На учениците и студентите мислите ќе му бидат насекаде само не во учењето. Распоредете го времето така да можете да стигнете да ги направите најважните работи.

Љубов
Љубовниот живот ви е интензивен, па чуствувате потреба за љубов и сигурност. Не дозволувајте со пречуствителност да ја оптеретувате вашата врска. Бидете едноставни и уживајте во сегашните моменти. Новиот партнер ви дава шанса подобро да го запознаете. Обидете се заедно да ги поделите проблемите. Оние претставиници кои сокриваат некоја љубов треба да бидат повнимателни, бидејќи може да стане опасна по нивната кариера.

Здравје
Здраствената состојба ви е добра, бидете повнимателни во сообраќајот.