29 Мај - 5 Јуни
Работа
Делувате невнимателно и дозволувате другите да ви ги откриваат вашите намери. Поради ваша лоша проценка, ќе почуствувате спречувања и зголемена тензија во средбите со деловните партнери. Проблемите со парите и расправиите во семејството можно е да ве натераат да отпатувате некаде накратко. Добра одлука. Разговорот со некоја личност може да ги побуди вашите амбиции во кариерата. Новите проекти не ви се финансиски исплатливи, па нема да успеете да го средите негативното салдо ба вашата сметка. Можно е да излезе некоја компликација поврзана со некој договор или некој документ.
Љубов
Среќата е потенцијално на ваша страна и постои личност која ви подарува искрени чуства. Многу е важно да направите правилен избор. Лицето со кое емотивно се надополнувате ќе стори се за да бидете среќни. Возвратете со иста мера но не претерувајте со сентименталност. Мирот во вашиот брачен живот ќе зависи од вашата способност да ги избегнувате празните разговори.
Здравје
Внимавајте повеќе особено ако сте склони на хронични заболувања.