Dneven Horoskop-Skorpija 29 Мај - 5 Јуни


Работа
На прв поглед ќе ви изгледа дека се наоѓате во средината проблемите и незгодите. Но ќе се покаже дека состојбата е сосема поинаква. Ќе ви недостасува вистинска волја за работа, но ќе се потпрете на работата на вашите соработници кои подобро ќе се снајдат од вас. Побрзајте со извршувањето на поважните работи, бидејќи сега ќе имате многу добри прилики. Ќе бидете во добри односи со сите личности со кои деловно соработувате. Односите со претпоставените за сега се многу добри, но постои можност да се влошат.

Љубов
Во љубовта се ќе ви изгледа прекрасно и ќе уживате во убавите страни на животот, па дури често ќе заборавите на вашите обврски. Што се однесува до новата љубовната врска, најдобро ќе биде некое време да бидете дискретни и умерени. Не би требало да истрчувате. Состојбата во семејството е нестабилна ве очекуваат проблеми особено со некој од помладите членови. Бидете потрпеливи.

Здравје
Здраствената состојба ви е добра. Почнете да се занимавате со некој спорт.