Dneven Horoskop-Strelec 29 Мај - 5 Јуни


Работа
Ве очкува најобичен период, без некои посебни случувања на деловен. Новите деловни договори својата реализација ќе мораат да ја причекаат, но тоа нека не ве загрижува. Ќе имате време уште еднаш за се добро и подетално да размислите. Ќе бидете тешки за другите и за себе, но сепак во вас ќе има доволно сила од сопствените противречија да извлечете и по нешто добро. Потрудете се повеќе околу средување на односите со соработниците и претпоставените. Финансиската ситуација ви е одлична, но сепак парите трошете ги разумно.

Љубов
Во љубовта состојбата е без некои позначајни промени. Осамените можат да се надеваат на почеток на романтична врска, а оние во сериозните врски, подобрување на односите со патнерот. Ако сте родени во третатат декада, емоциите силно ќе ги доживувате, па многу од вас ќе драматизираат, ќе се расправаат со партнерот, ќе прекинуваат и повторно ќе се смируваат. И покрај се, ќе привлекувате внимание кај другите и ќе бидете интересниза многумина.

Здравје
Здравјето добро ќе ве служи. Можни се болки во желудникот.