29 Мај - 5 Јуни
Работа
Би било добро да го искористите оптимизмот и потребата за партнерство со цел за осварување на интензивна тимска соработка. Периодот е добар за сите активности во општествените и деловните контакти. Доколку бидете максимално попустливи ќе сносите големи последици. Па затоа ве советуваме да држите златна средина во се. Водолиите во работен однос се наоѓаат пред многу обврски како и учениците пред многу задачи, испити, притисоци од родителите и некои недоразбирања со наставниците, професорите. Не се грижете одповеќе туку потрудете се колку можете да бидете успешни во активностите.
Љубов
Во сентименталниот живот очекувајте кратка, но за иднина ефективна средба со личност од спротивниот пол. Наклонети сте кон флерт, но неделава ќе треба малку да се воздржите од емотивни испади. Не го запоставувајте партнерот, одделете од вашето слободно време за него. Слободните ќе доживеат непредвиден пресврт.
Здравје
Здраствената состојба ви е доста чуствителна, внимавајте на крвниот притисок и не внесувајте многу маснотии.