podznak КАЛКУЛАТОР ЗА МЕСЕЧИНА

Лични податоци Дата на раѓање:


Време на раѓање:




Вашата Месечина е на 5° од Лав

Личностите со ваква положба на месечината, секогаш сакаат да бидат во центарот на вниманието, егоцентричноста на Лавот и овде е присутна. Чувствата се на некој начин отмени, но за нивно одржување потребна е постојана поддршка од надвор. Овие луѓе се многу привлечни на другите, иако често се арогантни и склони кон доминација. Имаат високо мислење за сопствените вредности, кои тешко може да се разниша. Овие луѓе може да бидат многу великодушни и пријателски расположени, но тоа е во тесна врска со поддршката и луѓето со кои стапуваат во контакт. Кај нив постои страв од неуспех што е и една од причините на добри резултати иако не се љубители на тешката работа. Доколку некој се осуди на ваквите личности да им се закани или со нешто да им се наметне, нека очекува исклучителна агресивност. Мажот со Месечината во Лав, бара жена со добар вкус, убава и полна со ентузијазам. Често мајката ја доживува како снажна личност. Влегуваат во емотивни односи со уживање, посебно кога постои можност за раст и развој низ меѓусебно разбирање, почитување или поврзаност со работата. Кога овој маж ќе се заљуби тој објектот на својата љубов го подигнува на престол, заборавајќи дека тоа не е секогаш удобна положба. Во принцип овие луѓе се многу отворени кон љубовта. Жената со ваква положба на месечината е жестока и страствена, сака да кокетира и успешно го освојува секој маж кој ќе и се допадне. Во овие нејзини игри е отмена, затоа и кога губи се чувствува победник, барем во своите очи.