За разлика од западната астрологија кинеската е заснована на циклус од 12 години во кој секоја година се наоѓа под еден од 12 знаци. Кинеските години почнуваат крајот на Јануари или почетокот на Февруари и завршуваат во истото време следната година.
Во источните земји долго време важел таканаречениот месечински календар, различен од сончевиот кој се употребува на Запад. Според него месечинската година е составена од дванаесет млади месечини и на секоја дванаесетта година и се додава тринаесетта месечина. Според тоа, но и од други фактори, Новата година никогаш не паѓа на ист ден.
Дванаесет години сочинуваат еден период (под-циклус) на шеесетгодишниот циклус, а секоја година е означена со посебно животинско име. Според традицијата, се претпоставува дека луѓето родени во одредена месечинска (животинска) година носат повеќе или помалку точно одредени карактеристики, претставени со симболите на таа година.
Според будистичко-кинеската легенда изборот и редоследот на животинските годишни симболи (знаци) го одредил самиот Буда пред, отприлика, 2500 години. Тој повикал симпозиум на животните на Нова година. Од сите повикани животни се одзвале само дванаесет. Прво дошол брзиот и жесток СТАОРЕЦ, по него работливиот и вреден БИВОЛ, потоа енергичниот ТИГАР, па внимателниот ЗАЈАК (МАЧКА). Следат супериорниот ЗМЕЈ, мудрата ЗМИЈА, и надарениот КОЊ, занесената КОЗА, немирниот МАЈМУН, и горделивиот ПЕТЕЛ. Меѓу последните стигнале верното КУЧЕ и совесната СВИЊА. Буда на секое животно му одредил негова година придржувајќи се на тој редослед според кој животните пристигнувале.
Според тоа човек роден во одредена животинска година ги носи карактеристиките на своето натално животно, неговите слабости и снагата, неговите активности, темпераментот, стремежите и тн. Се разбира, кон тоа треба да се додадат индивидуалните карактеристики, т.е. разликите на животните. Така на пример родот на Коњи опфаќа цел спектар на можни коњи, од коњи за работа до коњи за парада. Подвидот во кој спаѓа некој човек зависи од факторите кои на се опфатени со симболите. Тоа на пример се наследните особини, образованието, културната средина, нивото на свеста и тн.
Според традицијата, луѓето родени првите денови (посебно првиот) од новата година поседуваат изразени карактеристики на тој знак. Луѓето родени во активните годични времиња (пролет, лето) поседуваат карактеристики како што се активност, пробојност, стремеж кон растење исл. Соодветно важи и за есента и зимата (пасивни годишни времиња).
Важни космобиолошки циклуси кои ги одредуваат карактеристиките на некој човек, според кинеската традиција, се:
Податоците кои се потребни за да се пресмета и да се добие опис на личноста во рамките на двата споменати циклуси се годината на раѓање, сезоната како и часот на раѓање. Од тие податоци можеме да добиеме наталниот животинскиот симбол, наталниот елемент и насоката на активност. Тогаш треба да се прочита соодветниот текст, кој е презентиран. На крајот се презентирани значењата на петте елементи во кинеската астрологија, како и некои информации за дневните измени. После тоа треба да ги комбинирате податоците, за на крајот да добиете конечна слика на сопствените особини гледана преку оваа древна кинеска традиција.
Калкулатор за кинески хороскоп |