Петти знак на зодијакот, втор огнен, фиксен, позитивен, машки. Владетел му е сонцето, природно управува со петтата куќа.
Во средновековната иконографија, главниот и предниот дел на лавот, одговараат на боженствената природа на Христос, задниот дел заради својата слабост на човековата природа. Лавот на далечниот исток близок е на змејот и заштитник е од лоши влијнија. Во египет лавовите често се прикажувани во пар свртени еден спроти друг со грбовите, следејќи го така протекувањето на денот, така да претставуваат Вчера и Утре.
Лавот е симбол на моќ и висока власт, симбол на Сонцето и златото, на продорната светлина и зборот. Ова е срцето на зодијакот, негов живот и негов оган. Снага, моќ и желба се атрибути на кралски знак.
Луѓето со нагласен Лав во хороскопот (Сонце, Месечина, Асцендент (подзнак) или група планети во овој знак) имаат следните особини. Имаат голема виталност, но истовремено и големи амбиции, дури и тогаш кога не поседуваат некои поголеми способности, така да се наметнуваат на својата средина како природни водачи. Неговата судбина ќе биди во првите редови, создаден да командува на оние кои го следат. Голем демократ е кога се разговара за тоа, но во пракса признава само автократски методи. Ако неговиот знак е лошо аспектиран од други планети постои опасност да стане диктатор. Инаку овој знак не е толку лош колку што изгледа: заштитнички према другите, сјаен и со краловско однесување (дури и да е роден во сиромашно семејство). Ако успее да ги запре во себе снобовските однесувања, неговата блескавост ќе ја осветли околината. Луѓето од овој знак не очекуваат од другите услуги, а знаат на другите кога има е потребна. Ќе бидат многу горди и задоволни ако му дозволите да ви помогнат.
Елегантни се со посебен стил, секогаш отворени и силни, спремни да наредуваат. Луѓето на овој знак се истакнуваат и физички. Нивната фризура потсеќа на лавовска. Овие луѓе често се со просечна висина, но лесно се забележуваат во група луѓе. Пропорционално се градени и имаат лесен чекор, подолг отколку кај другите луѓе, а неговото смеење често потсеќа на рикање од Лав. Обично го сакаат танцот затоа што имаат вродена грациозност.
Горди се и секогаш со издигната глава. Не барајте ги на осамени места затоа што групата им е потребна за да бидат во центарот. За да ги препознаете, почекајте да прозборуваат. Онаа личност која знае да го утреди вашиот живот, тоа е сигурно Лав. Лавот она што го знае, па макар и малку да било, мора да го покаже тоа на таков начин, што ќе остави впечаток како стручњак за таа област.
Ако Лавот сака да ја открие тајната на својот знак, мора да го прифати фактот дека никогаш нема да стане канал низ кој поминуваат духовни снаги, ниту ќе биде носител на скромноста на Земјата. Ова е аристократски знак, заинтересиран за она само што него го интересира, но сепак е благороден. Нивниот основен двигател во животот е успехот и за донего да стигнат спремни се на се. Нивното мото е: “законот на најмоќниот е секогаш најдобат закон”. Меѓутоа зад маската на вечниот победник се крие трогате лна ранливост. Лавовите немаат чудесни решенија за решавање на пробемите, па така доживуваат пораз како секој обичен смртник. Во тој случај се повлекува во осаменост која не му одговара ставајќи маска на голем трагичар, смислувајќи ја одмаздата и извесно време ги мразат луѓето. Но ова не трае долго, многу брзо го враќаат надворешниот изглед, но во нив останува скриена рана, која тешко зараснува.
Лавовите се и уметници, а тоа ги прави љубовта према убавината, совршеноста и големината. Тие сакаат раскош и по нивните зборови ништо не е толку убаво за него и за оние кои ги сакаат. Често пати имаат несигурен вкус, па нештата му се допаѓаат според нивната надворешност.
Лавот има душа на водачи се однесува како вистински владетел како на работа така и во приватниот живот. Ваквото однесување може да стане насилно, во случај кога Лавот ја наметнува својата волја на потчинетата околина. За да се чуствува добро и за да се надмине себеси, Лавот мора да биде обожаван и постојано поддржуван. Идеалиста е, искрен, лојален и не ја сака просечноста. Великодушен е и има потреба да ги подели своите богатства, што често изгледа како гест да биде забележан.
Збор кој најмногу му одговара на овој знак е слава, затоа што тоа е судбина на кралови. Реченицата ја почнуваат си “Јас штитам..”.