За Лавовите декември ќе биде возбудлив и плоден месец на деловен план. Ќе успевате да се прилагодувате на сите ситуации за кои во обично тоа не ви оди од рака. Резултатите за среќа ќе бидат изненадувачки па можеби и ќе ве натераат да направите некои промени во вашиот карактер и однесување. На старите работи ќе им се гледа крајот, па сега ќе можите и малку да одморите. Вашата вродена креативност особено ќе дојди до израз во првата половина од месецот, па може да се каже дека овој е идеалне период за уметнички настроените Лавови. Очекувајте и многу новини пратени со напнатост, но и такви кои иницираат акција. Очекувајте и пречки, но исто така и енергија за истите да ги совладате, со еден збор ништо не ќе може да ви застане на патот меѓутоа сепак внимавајте на енергијата, немојте да ја трошите на незначајни работи. Финансиската состојба е подрачје во кое многу работи променивте во последните месеци. На почетокот од овој месец ќе ја почувствувате маѓијата на заработувањето, а сепак нема многу да му се радувате, бидејќи имате многу посериозни желби. Премногу ќе барате од околината која ве опкружува и ќе бидете постојано незадоволни, без разлика што се случува, па макар и работи кои се во ваша корист. Исто така овој месец може да биде интерсен за нови почетоци за подобрување на материјалната состојба. Трговијата со убави нешта; парфимерија, уметнички дела, накит и слично, може да ви донеси голема заработувачка. Најповеќе ќе трошите се разбира кон крајот на месецот за новогодишните празници, меѓутоа внимавајте да не биде тоа на патувања и луксузни нешта.
Поставеноста на планетите можеби е виновна за вашите љубовни проблеми кои повремено се јавуваат веќе подолго време. Па така и во декмври истите тие проблеми ќе продолжат да ве мачат, но тоа ќе се случи само во првата половина од месецот. Во втората половина од декември работите одеднаш се менуваат кон подобро особено за оние кои се во брак. Исто така работите се средуваат и оние кои имале проблеми во врската или наскоро раскинале против нивна волја, доаѓа помирување и повторно будење на старите чувства и страсти. Слободните често ќе се заљубуваат, ќе имаат желба да разбудат некоја стара љубов, меѓутоа во игра највероватно ќе влезе некоја друга личност која ќе ви ги поремети плановите. Можеби ќе се случи тоа во деловната средина што ќе биде лоша идеја меѓутоа како и да е ќе бидете во интензивен период со доста интересни настани. Последните денови од месецот поточно пред празничното расположение помалку ќе ви ги намали страстите и некако нема да бидете многу заинтересирани за љубовта, па и од тука можеби ќе произлезат некои проблеми. Дружењето ќе ви биде поважно од се, многу забава и сл., па недостатокот на време за партнерот ќе предизвика и некои проблеми кои можат да преминат во нешто посериозно. Старите врски и брачните односи ќе ги немаат овие проблеми, ќе уживате со партнерот во предпразничното расположение, во топла семејна атмосфера. Ќе бидете на иста бранова должина, ќе разговарате многу за работата и заедничките интереси што за многу ќе ја обнови вашата блискост и разбирање. Сосотјбата во семејството преку целиот месец ќе ви биде добра. Целосно ќе се посветите на вашата фамилија и домот. Можни се одредени промени, и малку повеќе дипломатија за многу да ги средите и хармонизирате одностите на релација родители деца.
Планетите се на ваша страна во поглед на здравјето. Поставеноста на Марс во знакот на Вага укажува на вишок на енергија која повеќето ќе ја трошите на работа. Под негативно влијание ќе бидат болните од мигрена и неуралгија, а чувствителни органи ќе ви бидат жолчкатља и црниот дроб. Во очекува период со премногу јадење, пиење и уживање, па затоа внимателно. Избегнувајте тешка и мрсна храна, на вашиот организам потребни му се течности, витамини и сл. Препорачуваме повеќе минерална вода и повремена диета добро. Заболените од гастритис посебно да бидат внимателни и редовно да ги земаат лекарставта препорачани од лекарот. Кај постарите Лавови преголемото напрегање на работното место може да придонесе за појава на некакво заболување.
Иако ќе ја имате во изобилство, внимавајте на енергијата, немојте да ја трошите на незначајни работи.
Во овој месец ќе ви бедат потребни личности полни со страсти и доминација токму како што сте вие. Па најдобро ќе се сложувате со некој кој е роден во вашиот знак. На двајцата им е важна кариерата што може да доведи до појава на натпреварувачка атмосфера помеѓу нив. Машкото Лав мора секогаш да биде водач, меѓутоа ќе мора упорно да се бори со Лавицата која не сака некој да е подоминантен од неа. Многу време ќе се троши во креветот, со оглед на тоа што имаат голем сексуален нагон и голем број домашни проблеми тука ќе се разрешат. Физичката привлечност меѓу нив најчесто е нодолива, а потребите и желбите им се заеднички. Ова е напната врска во која доминира или љубов или омраза.