Десетти знак на Зодијакот, трет земјен, кардинален, женски, пасивен, негативен. Владетел му е Сатурн, а место е на егзалтација на Марс. Јарецот во природниот хо0роскоп владее со десеттата куќа. Сонцето низ овој знак поминува секоја година од 21. 12. до 19. 01.
Јарецот низ вековите се сметал за олицетворение на алчност, а заради својата смрдливост, се разбира и како симбол на гнасотија и расипаност. Во средниот век и ѓаволот бил прикажува во облик на Јарец. Притоа е заборавено дека јарецот и дал име на трагедијата (трагедија буквално значи: песна на јарецот) и дека бил посветен на Афродита заради својата страствена и плодна природа. Неговиот лик во астрологијата е претставен со тело на јарец и опашка од риба, што ја открива двојната природа на родените во овој знак, а воедно и поседување на спротивни можности.
Особини на луѓето родени со нагласен знак Јарец во хороскопот (Сонце, Месечина, Асцендент или група планети во овој знак):
Овие луѓе се одговорни и практични, како и останатите земјени знаци, но од нив забележително се разликуваат по количеството на амбиција, која едноставно е вградена во нивната личност. Никој не е поабициозен од Јарецот, но исто така и никој поупорен во своите желби да дојде до врвот. А тоа најчесто му успева. Овие луѓе се сериозни и дисциплинирани. Изгледаат мирно, тивко и ненаметливо. Тенот и очите им се темни, со блага сенка околу нив, делуваат потполно безопасно. Но не заборавајте: тие се јаки. Непопустливи се, способни да ги преживеат сите можни навреди, разочарувања, удари на судбината. Додека останатите знаци растрчуваат наоколу заборавајќи ја целта, Јарците незапирливо одат право кон него. Изгледа дека тајната е во тоа што тие го знаат патот и не им смета неговата стрмнина, затоа што копитата на Јарецот се секогаш цврсто на подлогата. Овие луѓе ја почитуваат традицијата и авторитетот. Често привидно се покоруваат, привидно, затоа што малку Јарци ќе им дозволат на другите од нив да направат коза. Според тоа тие се спротиставуваат кога знаат дека се дораснати за судирот. Ако сеуште не се ( внимание: еднаш сигурно ќе бидат) тие паметно чекаат и ... памтат.
Најголема опасност за овие луѓе се наоѓа во нив самите и нивното препуштање на грижите, стравот и песимизмот. Полни со живот внимателно ги градат темелите на својата иднина. Не успеваат да научат еден, за нив странски збор: “ДА”. Тие едноставно не знаат да ја изговорат; многу полесно им е да кажат “НЕ”.
Има нешто планинско во типичните претставници на овој знак. Тоа не е само стрмнината слична на онаа по која целиот живот се искачуваат стремејши се кон успех, статус, пари и моќ. Тоа е нешто друго нешто тврдо и земјино дури и на тие висини. Траењето е збор кој го обележува Јарецот. Тие луѓе често долго траат и со одминувањето на годините, како да ја напуштаат онаа тврда сериозност, враќајќи се најпосле на младоста која, во првиод обид не ја проживеале доволно младешки. Затоа понекогаш веќе побелени во косите можат да делуваат ѓаволесто и младо. Исто така се вели дека колку стареат, толку се помлади (често и физички). Но тие се секогаш млади, но во нивната внатрешност, но им треба време и години додека ја разберат дека таа внатрешност смеат малку да ја покажат и на другите. Тогаш немаат страв дека тоа отворање може да ги закочи во успонот, затоа што (кога ќе се отворат) тие се веќе на врвот.
Иако во позадината на овој знак лежи сериозна работа, а не само проста желба за успех, луѓето Јарци, нешто многу тешко го постигнуваат во животот, а тоа е омиленоста. И кога им се признава трудот, знаењето, моќта, успехот, сепак тешко дека некој истовремено и ќе ги сака. Тука не се работи за завист, туку потиснатоста на нивните сопствени емоции во длабоките рудници на потсвеста не им дозволува на туѓите чувства да се насочат кон нив. А кога ќе дојде времето на староста, исполнети се материјалните желби и уморениот Јарец ја подигнува главата кон ѕвезденото небо молејќи се за малку топлина, светлина, љубов. И најчудно од се е тоа што небото најчесто таа желба ја исполнува на луѓето Јарци.
Клучни зборови на луѓето родени во овој знак се: амбиција, сериозност, методичност, концепција, но постои еден збор кој претставува суштина на луѓето Јарци а тоа е: почитување