ЈАРЦОТ

Јарецот е знак кој доцна проработува во сите животни области, а тоа важи и за сексот, но како што кажуваат астролошките учебници, Јарецот вреди да се почека. Иако на прв поглед овој знак не ветува сензуалност ниту топлина која е потребна на секој кој претендира за титулата на добар љубовник, Јарецот има свој скриени но јаки адути. Имено планетата на страста и сензуалноста-Марс, е егзалтирана токму во Јарец, со што на овој знак му ги пренесува своите најдобро квалитети. Вистина е и дека огнот на Јарецот е скриен под воздржаната и дистанцирана појава, строгите манири и нагласениот морал, што ги одбива повеќето импулсивни луѓе. Причина за ваквото однесување на Јарецот секако е нивната несигурност и внимателност. Тие никогаш не се излетуваат со изразувањето на своите склоности и унапред многу внимателно ги проценуваат своите шанси кај личноста која им се допаѓа. Во односот се посветени и многу ретко се впуштаат во авантури од страна. Секако има прмискуитетни Јарци од двата пола, но во такви случаи во таквата карта постои некојм  елемент кој тоа го предизвикува и тоа најчесто нагласен Уран.

ТОЈ: Мажот Јарец со својот сексуален живот почнува нешто подоцна од своите врсници, затоа што сака да биде потполно сигурен дека тој прв пат ќе биде токму онака како што треба и со вистинската личност, па затоа пропушта бројни прилики. Тој сака убаво градени жени (не, слаби) и на фигурата на телото му оддава најголемо внимание. Ттреба да се каже дека овие мажи иако по ред ги бираат добрите жени за постојани партнери, потајно посакуваат секс со лоши девојки и посебно уживбаат во авантури кои вклучуваат ризик или имаат нешто забарането. Иако може да го избегне чувството на вина тој неможе да го отфрли чуството дека во сексот постои нешто мрачно или мистериозно. Иако постојат и мажи во знакот на Јарец кои не се многу заинтересирани за секс и го сведуваат на обичен саботен ритуал, типичниот Јарец е многу добар љубовник. Во тој дел на својот живот тој му пријдува сериозно и внимателно трудејќи се да се образува со целата расположива литература, да добро ја запознае ерогената мапа на телото и дијапазонот на позиции и техники. Иако во останатите аспекти на односот често е ладен и далечен, во сексот е многу посветен на партнерката и внимателен. Но треба да бидете свесни дека кај Јарецот сексуалноста доаѓа на второ место дури после амбициите кои треба да ги осатвари и сигурноста која треба да ја обезбеди, па однего нема да доживеете да ја прекинат работата или да задоцни во канацеларија затоа што го обзела страст. Дотолку повеќе неговиот партнер често ќе чека и Јарецот да ги заврши своите дневни и неделно обврски за да може да се опушти. Доколку мажот Јарец се сомнева во својата способност да се докаже и постигне одреден социјален статус, тој ќе стане или потполно незаинтересиран за секс или ќе стане Дон Жуан. Неговото сексуално однесување е всушност барометар на неговата самодоверба и екстремните ситуации во тој случај се лош показател.

ТАА: Жената Јарец е наизглед сторга и недопирлива но внатрешно е многу темпераментна. За да се опушти таа во врската најпрво бара сигурност, а потоа топлина и внимание. Таа ретко влегува во озбилни врски со мажи кои веќе биле во брак или се сеуште во него и при тоа тежиштето на односот никогаШ не го поставува на сексуалната усогласеност. Исто така се случува овие жени да манипулираат со своето тело, за да Што подолго го задржат мажот кој им значи, затоа што генерално страдаат од намалена самодоверба. Во овој знак често се среќаваат фригидни жени (емотивно и телесно), кои кога ќе добијат деца сексуланите уживања ги сведуваат на ранг на ретки празници. Сепак типичната жена Јарец е свесна на своето тело и како земјен знак е многу сензуална. Ако не е закочена со раното семејно воспитување, таа може да стане исклучително еротична и затоа што тоа е природен дел на нејзиниот земјен елемент, атрактивна е за мажите. Кога ќе го прифати своето тело и својата сексуалност таа ја губи вообичаената пасивност и често ја превзема иницијативата а тоа обично се случува дури во зрелите години. Со својата способност само да се посвети на еден човек и својата сензуалност да ја изрази на крајно суптилен начин, жената Јарец е извонредна и како сопруга и како љубовница.