Втор знак на Зодијакот, прв земјен, фиксен, женски, пасивен, негативен. Со Бикот управува Венера, а место е на егзалтација на Месечината. Тоа е среден знак на пролетта, а во природниот хороскоп владее со втората куќа. Сонцето го поминува меѓу 21. Април и 20. Мај секоја година.
За да ја освои Европа Зевс се преправил во сјајно бел бик. Клекнал пред неа, оставил да го помилува и да му седне на грбот и потоа ... Зевс - бикот нагло полетал во височина и летал, летал се до Крета каде најпосле, тој и Европа се соединиле во љубов. Приказната понатаму зборува дека од таа љубов се родиле три деца. Но бикот го има и во други преданија. Тој е амблем на Индра и Шива, симболизира снага и моќ, правда и космички поредок. Го знаеме и како нескротлив мажјак, но и како страсен чувар на лавиринтот - Минотаур. Ведските книги ја слават кравата, но и го чуваат верувањето дека на крајот на секое годишно време бикот извлекува од земјата едно од своите копита. Во исламските преданија бикот е еден од носачите на карпи. Тој е симбол на плодноста, а неговото мукање се изедначувало со грмотевица - уште еден симбол на плодотворна моќ.
Особини на луѓето со нагласен знак Бик во хороскопот (Сонце, Месечина, Асцендент или група планети во овој знак): Овој знак е во многу нешта спротивен на Овенот: спор е, внимателен, практичен и резервиран. Инертен е и многу лесно станува мрзелив и себичен. Ужива во едноставни, мали работи, домаќински тип е и заштитнички е настроен спрема другите. Во работата, но и воопшто во животот, често е конзервативен, традиционален, сака сигурни и испробани методи. Ако е нагласено позитивно аспектиран, Бикот е стрплив и добронамерен, лесно го одржува мирот и дисциплината. Има силно развиено чувство за материјално, посебно во работите од големи парични вредности. Мирољубив е и тешко може да се налути, но доколку успеете во тоа, ќе научите колку може да биде опасен.
Бикот ќе го препознаете по молчеливоста и внимателноста во однесувањето. Цврст е и постојан, никаде не брза и ако не знаете или не можете да му се прилагодите оставете го на мира. Со својот изглед оваа личност навистина потсетува на бик: немарни, скоро троми движења, краток, масивен врат и најчесто со темен тен.
Пасивноста е негова главна особина. Гостољубив е често и затоа што не сака да оди кај други луѓе, па затоа сака тие да дојдат кај него. Одлуките ги донесува промислено и полека. Немојте да се обидувате, кога еднаш ќе ги донесе, да ги променувате. Биковите се јаки и воглавно здрави личности. Сите неволји, ако дојдат, ги поднесуваат стрпливо и без жалење. Никогаш не се одмаздливи, склони се кон убав живот, а со трпелост и упорност воглавно успеваат да го добијат она што го сакаат. Заедно со Бикот оди и нешто друго, а тоа се парите. Не ги расфрлаат, но и не го ни чуваат. Најчесто ги вложуваат во она што им го прави животот поубав.
Со овој знак владее земјена Венера, затоа овие луѓе се реални и рационални. Цврсто стојат на земја, меѓутоа се многу осетливи и сензибилни. Најдобро се чувствуваат кога сетилата им се задоволени. Затоа тие се најголеми гурмани, кои после доброто јадење ќе испијат чаша добро вино, слушајќи убава музика, а сето тоа во пријатна атмосфера опкружени со убави предмети.
Иако е бавен, мирен и посесивен, со Бикот е многу лесно да се живее, но под услов да не ги реметите неговите навики, никогаш да не дозволите да помисли дека може да се наруши неговата рамнотежа и скапо здобиената сигурност. Неговата сигурност во многу зависи од она што поседува - пари, работа или личности, а ако од овие нешто му биде одземено тоа ќе ја разниша неговата рамнотежа.
Бикот би сакал да може се да собере и зачува: чувства, непосредни сознанија, сеќавања, поими. Живее во страст кон поседување која лесно може да премине во фикс - идеа, а посебно во опсесивна љубомора.
Бикот има две основни потреби, прво да биде прифатен од страната на другите и второ, да ужива во сите благодети на овој земен живот. На Бикот му е потребен јак мотив за да придвижи својата латентна енергија. Другите можат со денови да го наговараат на нешто, но тој ако не е мотивиран тврдоглаво ќе се придржува кон својата одлука, која подоцна може многу да го чини. Ако е емотивно испровоциран, Бикот станува егоцентричен, охол, зајадлив, а многу често и многу вулгарен во своите реакции. Тврдоглавоста кај него делува како еден вид одбрамбен механизам. Без оглед на се, сепак Бикот е контролиран и добронамерен. Многу често е меланхоличен и повлечен. Тој не е многу зборлест, но не е ни многу стамежлив. Бикот не го комплицира животот, но не сака ни другите тоа да му го прават. Тој ве цени вас, ценете го и вие него.
Збор кој најдобро го опишува Бикот е мир, а тоа е негова природна состојба.