Шести знак од Зодијакот, втор земјен, променлив, женски, пасивен, негативен. Владетел на овој знак е Меркур, но многу е поприземјен и попрактичен отколку кај Близнаците. Ова е двотелесен знак, и природно управува со шестата куќа.
Девицата во Египет била знак на Изида, има силно влијание и во симболиката на бројот шест. Раѓањето на девица Марија било во времето на владеењето на овој знак (21. Септември). Со Девицата земјените знаци го постигнуваат својот врв, и после тоа Сонцето ја почнугва својата зимска сетва и својот крај во знакот на Јарец. Времето на Девица е време на работа и собирање на плодови, време на присвојување и чување, борба за исполнување на потребите на сигурност. Низ митологијата Девицата била поистоветувана со ликот на Големата Мајка, посебно во медитеранските култури: Деметра, Изида, Астарта, Богородица.
Дел од духовното тело на човекот е безгрешен. Оној друг, грешен дел потребно е од време на време темелно да се прочисти. Изгледа дека токму тоа е задача на Девицата во нејзиниот земјен живот.
Личностите кај кои е нагласен знакот Девица во нивниот натален хороскоп (Сонце, Месечина, Асцендент или концентрација на планети во овој знак ќе се одликуваат со следното: Ова се луѓе на практична менталност, со умот насочени кон конкретни работи. Иако често уметнички и литературен, знакот Девица дава луѓе внимателни во ракувањето со парите, силен трговски инстинкт. Методични, педантни, работат во тишина и мир. Во овој знак се родени извонредни секретари, односно најдобри соработници на оние што раководат и одлучуваат. Ги привлекува градинарството и сите работи поврзани со здравјето, исхраната, хигиената. Девицата е знак на критичност и дискриминација, а тоа е една од нејзините најголеми недостатоци, покрај претераната љубов према методичноста и детализирањето, што е непоимливо за другите поенергични знаци. Но овој знак е поверлив и искрен. Иако бракот не е нивна природна состојба, тие одлично се вклопуваат во тимска работа и се приврзуваат за својата фамилија.
Луѓето Девици не се многу комуникативни, иако знаат одлично да се изразат. Перфекционисти, внимателно ги одбираат пријателите но и луѓето со кои воопшто ќе стапат во контакт. Има уште нешто поврзано со нив, нешто по кое се препознатливи: грижа. Оваа грижа околу и заради се и сешто ги доведува во речиси неуротичен страв од зависност од било кој и било што. Затоа на другите често им изгледаат скржави, иако тие само се обезбедуваат од сиромаштија во староста, бидејќи тоа воедно би значело и зависност. Во врска со овој знакастролозите често спомнуваат една непостоечка (барем за сега) планета за која тврдат дека во иднина ќе биде откриена: Вулкан. Ако е тоа вистина, тогаш не е чудно што брзиот, немирен Меркур повеќе им одговара на воздушните Близнаци отколку на конзервативната Девица. Вулкан-бог на громот истовремено е симбол на умот, педантен и блескав, аналитичен. А тоа е токму умот на Девицата. Во овој земјен знак опасноста за интелектот постои во студенилото кое може да го обвие, скептичноста, понекогаш дури и цинизмот. Но тука е и можноста за развој, длабоко закопана во комплексите на инфериорноста, кои се чести кај луѓето од овој знак. Највозможно е да се научи во секојдневниот живот, во практични работи, со искуство на непрекинато повторување на постапките. Тука Девицата е мајстор.
Склоноста на Девицата кон чистота не смее да се сопре само на телото, прочистувањето на душата, духовната хигиена е задача на овие луѓе. На знакот Девица и припаѓа збор кој ја опишува во секој поглед, и морално и физички: чистота.