ДЕВИЦА
КАЛКУЛАТОР ЗА ПОДЗНАК

ДЕВИЦА - ОВЕН
Иако настојувате да се претставите како амбициозни, доминантни и храбри, тоа го правите за да ја сокриете внатрешната несигурност, плашливост и повлеченост.Одлична комбинација за постигнување на врвни работни резултати, особено во медицината и машинството. Работата премногу ви значи и не постои личност што може да ве спречи во остварувањето на поставените цели. Девиците работат најчесто како блиски соработници на претпоставените, но оваа комбинација дава личности кои се на значајни раководни функции.

ДЕВИЦА - БИК
Хармонична комбинација.Децата ви се особено значајни и сте премногу приврзани кон нив, а најчесто едно од нив постанува  славно.Ако Сонцето е негативно аспектирано, личности со ваква комбинација остануваат најчесто без деца.Одличните предиспозиции во областа на економијата, ви овозможуваат да постанете врвни и светски признати економисти. Иако станува збор за личности, кои се шкрти и избегнуваат хазардни игри, доволна е само мала натална поткрепа, на оваа комбинација и едноставно ќе уживате во игрите на среќа, во кои ќе постигнувате само успеси. 

ДЕВИЦА - БЛИЗНАЦИ
Кај овие личности доминира интелектот и се доста аналитични и одлични логичари, меѓутоа се одликуваат со неиздржливост, ја менуваат својата работна положба и најчесто имаат две професии. Имаат изразена способност за изучување на странски јазици. Секогаш добро расположени, шират позитивна енергија  и имаат нагласена смисла за хумор. Следат туѓи авторитети и често се среќаваат како трговци со галантерија. Нервниот ситем им е осетлив, па треба да се чуваат од психичка исцрпеност.

ДЕВИЦА - РАК
Изразено неодлучна личност, скоро постојано под влијание на околината и многу лесно ги прима туѓите влијанија. Голема несигурност во донесувањето на одлуки. Во бракот често има пасивна улога. Се одликува со силна фантазија и способност за создавање на книжевни дела. Како пријатели се добри и пријатни во друштво, го сакаат домот и собири во домашна атмосфера. Склони се на економично работење и одлични се трговци, но споро заработуваат. Можно е да имаат проблеми со органите за варење.

ДЕВИЦА - ЛАВ
Во оваа личност има многубројни спротивности. Се двоуми меѓу комплексот на виша и комплексот на нижа вредност. Од сите Лавови е најинтровертен и постојано се сомнева и плаши дека не е способен. Сепак тој е голем работник, перфекциониста, многу се грижи за секоја ситница. Многу е резервиран и често пати непристапен. Има специјална смисла за логика. Ретко зборува за своите чувства, со што неговиот приватен живот останува таинствен. Може да се занимава со шверц на скапоцености, но најчесто се сретнува како шеф на некоја устанува.

ДЕВИЦА - ДЕВИЦА
На прв поглед се добива впечаток дека станува збор за  повлечена и страмежлива личност, но кај оваа комбинација Сонцето често е во прво поле, што значи дека поседувате силна желба за искажување на вашата личност, на некој начин сакате да и се наметнете на околината и може да се каже дека станува збор за егоцентрична личност.Извонредните способности за анализа, како и перфектната логика се добри предуслови за постигнување на одлични резултати во високото образование, пред се во медицината, како и во литературата.

ДЕВИЦА - ВАГА        
Оваа комбинација дава премногу педантни и уредни личности. Многу време трошите за облекување и дотерување на надворешниот изглед, но мора да се признае дека изгледате совршено.Ова е една од идеалните астролошки комбинации во поглед на убавината.Поседувате одлична моќ на запазување, првокласни сте критичари и донесувате исправни и логични заклучоци.Многу ви значи праведноста.Најчесто живеете мирен и повлечен живот, уживајќи да работите во мирна атмосфера. Ве привлекуваат работи во затворени социјални установи.

ДЕВИЦА - СКОРПИЈА
Интелектулните способности на Девицата во комбинација со силната и бескомпромисна волја на Скорпијата, многу често дава личности способни за најголеми научни истражувања. Ве привлекуваат необични науки, пред се астрологијата како и окултизмот. Перфектната способност за анализа и навлегувањето во проблемот до најмала ситница ви овозможуваат постигнување на врвни резултати, меѓутоа често знаете да се изгубите во многубројните ситници и да се оддалечите од суштинскиот проблем. Вашиот на прв поглед мирен живот е нераскинливо поврзан со вашите пријатели.       

ДЕВИЦА - СТРЕЛЕЦ
Многу често личности, со оваа комбинација постигнуваат успех во кариерата, и тоа користејќи ја својата висока интелигенција. Итрината и воздржаноста ги прави добри дипломати и најчесто можат да се сретнат како секретари во амбасади. Знаат да се постават во положба на противникот и со што на дипломатски начин го добиваат она што го сакаат. За нив не постои изненадување и секогаш се спремни за секакви ситуации. Најчесто  професијата на ваков тип на луѓе им е поврзана со патувања или науката.

ДЕВИЦА - ЈАРЕЦ
Ова е комбинација која најчесто дава меланхолични и тивки луѓе. Бидејќи и Девицата и Јарецот се земјени знаци, на овие луѓе најчесто работата им е поврзана со земјата (рудари, геолози, историчари, археолози и.т.н.), а ако се работи за ниски типови, најчесто се земјоделци или чистачи по паркови. Во работата се точни и претпазливи, а во љубовта најчесто ги пратат афери. Повлечени се, имаат малку пријатели, што не им пречи бидејќи уживаат во осаменоста. Скржавоста им е една од главните особини и парите ги трошат само на најнеопходните нешта.

ДЕВИЦА - ВОДОЛИЈА
Овие личности најчесто се способни и вредни, за што се свесни, но никогаш тоа не го искажуваат. Најчесто се ладни и тивки типови на кои монотонијата не им смета. Хуманоста им е главна особина, па затоа најчесто работат во Црвен Крст или некоја социјална устанува. Имаат чудна интуиција и способност за анализа на карактерите на луѓето. За било каква работа што започнуваат, бараат подршка и совет од блиските. Најдобар одмор им е музиката и книгата. Во бракот се постојани и трпат промени истиот да го зачуваат.

ДЕВИЦА - РИБИ
За овие луѓе најчесто се вели дека се со крстот на чело. Срамежливи се, доброчудни и ретко може да ги слушнете како викаат. Имаат нежен интелект, никогаш не ги користат своите способности како треба, а на противникот скоро секогаш му се предаваат. Добри се со сите, па дури и со најголемите непријатели. Со партнерот често му се несредени односите и не се трудат да ги средат. Брачниот другар секогаш не им одговара и чест му попушта. Мажите со ваква комбинација најчесто се папучари.