ДЕВИЦАТА

Девица - Овен
Огромни емоционални разлики, Девицата многу тешко се заљубува, додека Овенот е импулсивен и има краткотрајни и силни чувста. Бидејќи и Девицата и Овенот тешко  ја менуваат својата природа, па поради тоа, Девицата е принудена да ги прифати сите особини на Овенот кои не и одговараат и најдбро е своите забелешки да ги задржи за себе, а не гласно да ги изнесува. Разлики постојат и во финансиските погледи, Девицата е штедлива, а Овенот лесно ги троши тешко заработените пари. Оваа врска е осудена на пропаст.

Девица - Бик
Нивните погледи и ставови кон животот и парите се речиси идентични. И едниот и другиот уживаат да ја планираат својата иднина до последна ситница и присутен е взаемен страв од долгови. Нивниот сексуален живот ќе биде многу активен но највероватно конзервативен и едноставен, иако Девицата е доволно интелегентна за да го прифати секој предлог на Бикот. Љубпмората која што ја поседува Бикот од време на време може да предизвика напнатост во врската. Оваа е идеална астролошка врска.

Девица - Близнаци
Сестраноста, желбата за комуникација и шармот, Девицата ќе ги смета за незрелост и можеби ќе настојува да го поучува, сметајќи дека со текот на времето може да се надминат овие за Девицата неприфатливи особини. До кавга сигурно ќе дојде, можеби причина ќе биде и среденоста на Девицата наспроти хаотичноста на Близнакот.  На Близнаците им е потребно возбудување и секогаш бара нешто ново, а Девицата тоа неможе да му го овозможи па поради тоа многу брзо и лесно се одлучува за љубовни авантури. Добра врска помеѓу овие два знака е вистинска реткост.

Девица - Рак
Врска која за да биде успешна е потребно и двата да вложат доста труд. Ракот кој е воден од своите чувства и кој секогаш останува романтичен, многу тешко ќе ивее со Девицата со кој управува здравиот памет и интелегенцијата. На Девицата може да и засмета и снагата на неговите чувства. Таа не може да свати зошто секогаш е потребно да го уверува Ракот дека го сака, бидејќи смета дека тоа е непотребно. Постојат две работи за кои иматат исто гледање:способност за работење со пари и го сакаат домашниот живот.

Девица - Лав
Оваа врска сигурно нема да успее. Лавот ќе биде презафатен со својата кариера, а тоа за Девицата е потполно несватливо. Но постои можност топлината на Лавот да го победи гневот на Девицата и со текот на времето да се надминат овие несогласувања, но сепак тоа ќе трае кратко време. Потребата на Лавот да му се ласка и восхитува, нема да го добие од Девицата, бидејќи многу тешко дава комплименти, а кога е загрозено егото на Лавот станува арогантен. Конфликти се јавуваат и околу односот со парите.

Девица - Девица
Врска која не ви ја препорачуваме, ако сакате да ги зачувате нервите. Почетокот во љубовната врска кај овој пар е одличен, меѓутоа ако едниот направи една грешка во креветот ќе биде изложен на жестоки критики. Но мала е веројатноста дека сексот ќе биде основа на оваа врска, бидејќи премногу време ќе трошат на средување на други работи, но помеѓу нив сепак ќе постои една топла и длабока поврзаност. Иако најчесто Девиците се реални, можеби ќе им недостасува чувство за мерка и ќе посветуваат премногу внимание на неважни ситници.

Девица - Вага
Вагите оставаат впечаток на шармантни, друштвени, романтични личности, какви што би посакале Девиците. На Девицата им се допаѓаат комплиментите со кои ја опсипува, па дури нема ни да примети дека се повторуваат истите безброј пати. Почетокот може да укачува на добра врска, меѓутоа со текот на времето Девицата доаѓа до логичен заклучок дека станува збор за крајно површни личности, а со тоа настанува и пресвртница на односот. Оваа врска е добро да се избегнува, бидејќи и двата можат да доживеат големи разочарувања.

Девица - Скорпија
Иако многу различни имаат заедничка особина, а тоа е што се родени критичари, кои воопшто не се воздржуваат да го изразат своето незадоволство. Но иако се среќни кога ги искажуваат своите забелешки, не им е пријатно кога се предмет на туѓа критика. Сложената природа на Скорпијата, нејзините интензивни симпатии и несимпатии, како и емоционалната несигурност, Девицата тешко дека може да ги сфати. Иако Девицата настојува да биде верна и приврзана, Скорпијата и понатаму ќе биде љубоморна без некоја посебна причина. Многу тешка врска.

Девица - Стрелец
На Девицата можно е да им се допаднат добродушноста, отвореноста и живоста на Стрелецот. Иако Девицата не е љубоморна, сепак Стрелецот би можел да предизвика такви чувства кај Девицата. Таа не обрнува многу внимание на сексуалниот живот, но Стрелецот би можел да, донекаде, ја промени оваа особина. Но сепак ќе постојат и други личности во живото на Стрелецот, а Девицата тоа ќе мора да го прифати, за оваа врска да опстане. И покрај многу заеднички интереси оваа врска тешко успева да опстане.

Девица-Јарец
Силна телесна привлечност, а сличните погледи према парите уште повеќе ќе ја продлабочат оваа врска. Во љубовта добро се сложуваат, бидејќи сексот не им е најважен во животот, а може да биде згоден начин за искажување на љубовта и блискоста, со што ќе ја зајакнат врската. Депресиите на Јарецот би можеле да го подобрат нивниот сексуален живот, бидејќи во тој случај Девицата станува почувствителна и попилагодлива на своите желби. Јарецот еден од  знаците  кои им одговараат на Девицата.

Девица - Водолија
Оваа врска тешко дека ќе се развие повеќе од кратка авантура. На Девицата во почетокот ќе им се допадне возбудувањето што и го овозможува Водолијата, а нејзиното интензивно ангажирање во животот ќе и изгледа возбдливо. Но после кратко време нивните суштински разлики ќе испливаат на површина. И едниот и другиот ги мотивира менталната стимулација, меѓутоа Девицата очекува да се мотивира од некои заеднички интереси и конструктивни разговори, а Водолијата ќе побара мотивација во некои надворешни активности. Лоша комбинација

Девица - Риби
Рибите се најидеалниот партнер на Девицата. Ги врзува интимното и духовното. Најчесто се меѓусебни жртви, особено ако кај едниот е пореметено здравјето. Поради идеолошки разлики едниот мора да страда, а другиот то да го надополнува. Се посветуваат еден на друг; кога едниот е во неприлика, другиот одма се вознемирува и не секој начин му помогнува. Живеат тивок интимен живот исполнет со интересни ситници. Слични погледи имаат и за сексот. Работат заеднички и меѓусебно се надополнуваат.