Работа
Преку целата година Сатурн планетата на ограничувањата ќе биде во опозиција со вашиот знак што значи дека очкуваните резултати тешко ќе ги постигнете. Меѓутоа од друга страна ќе ве обдари со мудрост која ите како ќе ви биде потребна за средување на односите на работното место комуникацијата со пошироката околина и сл. почетокот на годината ќе ви биде прилично напнат на работното мето се служуваат работи за кои не сте информирани, а тоа посебно ве загрижува. Чуствувате дека нешто ви се служува зад грб и дека некој ви го загрозува работното место. Ваквата ситуација може да донесе доста расправии на релација претпоставен работник кои ќе ја докомплицираат и така сложената ситуација. Во Фебруари малку се разведруваат работите, вистината излегува на виделина, а ќе бидете изненадени од група на колеги или поединци кои застанале на ваша страна, а не морале тоа да го сторат. Исто така овој месец е одличен за средување на односите во комуникациите, проблемите на работното место и воопшто подобрување на состојбата во целост. Во Март повторно следуваат ограничувања. Во овој период на удар ќе бидат сите оние кои се поврзани со јавноста политичари, медиумски личности и сл. бидете умерени и внимавајте на изјавите. Во пролетниот период ограничувањата во комуникациите продолжуваат меѓутоа тоа нема да има никакви последици врз вашето работење. Напротив самостојно без многу галама и бука ќе ги извршувате сите работни обврски успешно и навремено. Месец Мај посебно да бидете внимателни ве очекуваат патувања на подолги дестинации кои ќе доживеат голем неуспех. Пред да прифатите било каква работа во овок период добро преиспитајте ги работите бидејќи активностите на вашите јавни непријатели токму во овој месец ќе бидат најголеми. Исто така во овој период многу ќе се дружите и некако тоа ќе ви биде добар лек за сите проблеми кои ќе ги доживувате на работното место. Како и да е во во овој период и покрај проблемите ќе бидете доста среќни. Јуни е доста добар за кариерата може да се рече дека е најповолен во целата година. Подршка пристигнува неочекувано па ако имате некаков план за промена на работно место, ново работно место во овој период тоа можете слободно да го направите. Во летниот период нагло се влошува состојбата и се до влегувањето на Сонцето во вашиот знак ќе чуствувате негативни вибрации од планетите. Месец Октомври е поволен за вашата финансиска состојба во овој период ќе имате неколку мали и едноставни зделки кои доста ќе ви помогнат во решавањето на некои семејни проблеми. Месец Ноември и Декември повторно следуваат ограничувањата посебно за родените во третата декада. Во целост 2024 година не е многу поволна за Девиците се ќе биде во знакот на ограничувањата. Па едноставно издржете. Меѓутоа позитивното е тоа што сигурно во 2025 ќе влезете помудри и поздрели.
Љубов
Можеби во работата ќе имате проблеми затоа пак во љубовта ќе бидете доста среќни. Месецте Јнуари и Фебруари ќе бидат одличен за нови љубовни врски среќата неочекувано ќе ви се насмевне и ќе го добиете она што долго време сте го посакувале. Ништо подолу нема да бидат и оние кои се во брак периодот е одличен за хармонизација на односите како во бракот така и воошто во семејството. Јануари е одличен за средување на разнишаните односи со постарите личности. Ако сте во поодминати години првите два месеци од годината можете да очекувате голема радост преку вашите деца: свадба, дипломирање, нова работа исл. Пролетниот период и понатаму е добар за нови љубовни врски, но со мали пречки во комуникацијата со брачниот другар кај оние во брак. Тоа кратко ќе трае, а проблемот ќе биде највероватно во вас и вашето ограничување во комуникациите. Во мај можни се мали неприлики за слободните, раскинување на врска или некаква несреќна врска како и да е ќе се чуствувате доста повредени. Исто така во овој период очекувајте и додворување од некој близок пријател, па најдете начин да го одбиете. Влегувањето во врска би бил многу лош избор. Летниот период ќе чуствувате повторно ограничување во комуникацијата со партнерот во бракот, ќе се појават повеќе ситни проблемчиња, сосема неважни меѓутоа ќе бидат причина за чести расправии. И покрај ваквата сосотојба вие ќе бидете среќни и исполнети. Избегнувате религиозни и филозофски теми со партнерот и не му се меќајте во односот со неговите пријатели. Јули нема да биде добар за слободните и кратко заљубените, во овој период можни се мали прекини кои набрзо потоа ќе се средат. Со влегувањето на Сонцето во вашиот знак ќе имате повторно прилика за стабилна љубовна врска. Во овој период поволно ви се аспектирани Јарците и Биковите а избегнвуајте ги Водолиите. Месец Октомври со подобрување на финансиската состојба се средуваат и многу работи во семејството. Следува период на благосостојба до крајот на 2024 годин. Во овој период ќе бидете доста шармантни и ќе освојувате со голема леснотија. Женските претставнички ќе бидат малку поуспешни од машките, ќе има доста додворувања и доста тешкотии во изборот. Во Ноември очекувајте некакви новини во домот. Можно е принова зголемување на членовите во семејството или пак венчавки односно поголеми собири на кругот на семејството и тн. Во месец Декември се продолжува благосостојбата во семејството. Исто така во овој месец монжи се бранувања во семејстовот од ладни прекини и заладување на односите до бурни и страствени ноќи исполнети со многу љубов. Овој месец е поволен и за обновување на старите љубовни врски. Во целост 2024 година е одлична за љубов кај Девиците покарј малите бранувања преку целиот период ќе бидете среќни и исполнети без разлика дали сте свежно заљубени, во брак или пак сте слободни. Посебно оваа година е добра за семејството, добивање на принова, нов член на семејстовот и сл.
Здравје
Ќе имате стабилно здравје во првите два месеци од годината со доста високо ниво на енергија. Проблеми нема да чуствуваат ни оние најболежливите . Првите падови на енргијата ќе ги почуствувате во мсец Март меѓутоа набрзо ќе се опоравите и ќе ја вратите изгубената енергија. . Можни проблеми со нервите и кожата ќе имате во месец Мај и Јуни. Јули не е поволен за хроничните болни кога ќе ви појават главоболки и вртоглавици. Овие проблеми поинтензивно ќе ги чуствувате во месец Август. Женските претставнички во овој период ќе имаат некои гиниколошки пречки. Можни се некакви инфекции, па најдобро во овој месец е да ги избегнувате базеите. Есенскиот период ќе биде неутрален за здравјето се до месец Ноември кога енергијата повторно ќе го достигне максимумот.