Вагата е симбол на божјата правда. Во египет душите на мртвите ги вагал Озирис, во христијанската иконографија вагата ја држи светиот архангел Михаил, ја спомнува и куранот, додека во Тибет, белите и црните камчиња во тасовите од вагата ги симболизираат добрите и лошите дела на човекот. Вагата е симбол и на Сатурн-Кронос, односно на времето на она што на крајот пресудува скому. Таа е и рамнотежа на природните сили, стремеж кон соединување. Со влегување во соѕвездието на Вага, Сонцето излегува од северната и истовремено влегува во јужната хемисфера, тоа е средна точка на астрономската година и почеток на Есента. Од сите зодијачки знаци Вагата е единствен неживотински знак.
Карактеристики на луѓето со нагласена Вага во хосроскопот (Сонце, Месечина или група на планети во овој знак) се: друштвеност, мирољубивост , непристрасност, убедливост, склоност кон уметности, љубезност од позитивните, додека неодлучноста, апатичноста, лесното откажување и претераниот компромис им се негативни особини. Кога зборуваат реченицата ја започнуваат со фразата “Јас усогласувам”.
Надворешно овие луѓе се препознаваат по складот, праведноста, сипматични се и полни со сочувство кон другите. Имаат високо развиена смисла за убавина. Внатрешната и надворешната рамнотежа им е неопходна на овие луѓе, а таа резултира со целовитост - единство на телото душата и духот. Затоа во знакот на Вагата се наоѓаат и се здружуваат, мислењето и чувствата, главата и срцето.
Како владетел на седмата куќа (прва куќа во која се гледа околината, а воедно и куќа на бракот), ова е знак на партнерство и заедништво. Луѓето родени во овој знак длабоко се несреќни ако живеат сами. Нивниот стремеж кон складен живот во пар, чсто ги присилува на компромиси. Вагите сакаат да ги исполнат романтичните идеали на љубовта, топлината, но и убавината. Она што луѓето од овој знак треба да го научат, е како да ги препознаат спротивностите во внатрешноста на својата природа и да ги урамнотежат така да живеејќи со нив можат и понатаму да живеат со другите. Вагите се многу ориентирани и на спротивниот пол. Нивните мани се тоа што незнаат да кажат “не”, директно да се спротивстават, па затоа остануваат незадоволни со спствената постапка. Понекогаш се и мрзливи, посебно ако се попримитивни. Тогаш и нивниот надворешан изглед станува запоставен и неуреден. Тешко го превземаат својот дел од одговорнодта, па затоа им треба партнер кој ќе одлучува во негово име. Вагите се секогаш спремни на проштевање, тешко ја поднесуваат атмосферата на расправии и кавги и тоа често ги води во компромиси. Ако се развиени овие луѓе се стремат кон духовност и мир меѓу луѓето. Имаат развиено чувство за правда, па многу често се среќават во улога на судии. Во работата се уредни, солидно, ги планираат приходите и расходите, лесно ги трошат парите но секогаш на вредни работи.
Владетелот на Вагата - Венера ги обдарила овие луѓе со посебна склоност и талент кон уметноста, а посебно кон сликарството и поезијата. Вагите се големи естетичари. Нивниот дом е вистински музеј од уметнички слики, и секогаш е уреден во стил. Уживаат во добра храна иако тоа на нив не може да се види.
Здравјето многу им зависи од расположението, дневните доживувања, а често и од времето. Чувствителни им се кожата, бубрезите, вените, црниот дроб, грбот, жолчката и нервите. Често болуваат од мигрена, но уште почесто се хипохондрици.
На крајот за луѓето Ваги треба да се каже дека се меѓу најдобрите родители на зодијакот. Поседуват вродено разбирање за своите деца, спрема нив зрачат со нежно пријателство водејќи ги во нивното созревање без цврста рака, но сепак рацете на овие луѓе се секогаш цврсти.