Осми знак на Зодијакот, втор воден занак. Фиксен, женски, негативен и пасивен знак. Со него управува Плутон , но е под силно влијание на Марс како првобитен владетел. Во овој знак се егзлтирани Плутон и Уран, Месечината е во пад, а Венера во прогон. Природно управува со осмата куќа. Сонцето, низ овој знак поминува од 23.10 до 22.11 секоја година.
Африканците се плашат да го изговарат неговото име затоа што е премногу злокобно. Според легндата Скорпијата вели: “ Моите рогови се сила и омраза, а боцката на мојата опашка е оштрица на одмаздата. Зачнувањето, кое кај другите е знак на распознавање, во мене е знак на скоро умирање.” Скорпијата е симбол на ратоборност, зла волја, но и самозатајување и жртва, затоа што неговите младенчиња, болно и ја пробиваат утробата со своите отровни опашки. Кај Маите е бог на ловот, а кај грците Артемидовиот одмазник. Создадена е од противречности. Уништување и обновување. Скорпијата е љубовна песна на бојното поле, или крик на воинот на љубовното поле.
Магичните снаги и сили на регенерација уште од раѓањето се дадени на секоја Скорпија. Освен тоа чувствата, а со тоа и способностите на доживување, се интензивни до болка за чие изразување потребен е простор. Тоа е скорпиското мало небо или сопствен мал пекол. Снажен и опасен знак чии припадници стануваат воини со самото свое влегување (или излегување) во живот. Боиштата се желби, а најопасно што може да им се случи на овие луѓе е да во борбата загине љубовта.
На овој знак често му се додава елементот на зло, но при тоа се заборава дека поседуваат огромна снага и способност на самоизлечување, но на слабите туѓата јачина изгледа зла. Можеби сите заблуди потекнуваат од незнаењето во однос на најважното знаење кое го поседуваат луѓето Скорпии, а тоа е тајната на животот и смртта. Ним им е се јасно и дури и не им е важно од каде. Овие луѓе управуваат со своите ѕвезди и кога ги сакаме и кога не ги сакаме. Но треба да се чуваме од тоа да при тоа не управуваат и со нас.
Луѓето на овој знак ќе ги препознаете по погледот, нивните очи коинемилосрдно пробиваат во вашите читајќи ги ви мислите. Астролошката приказна твреди дека, кога умира некоја Скорпија во рок од година дена пред или после, во семејството се раЃа дете. Но и раѓањето на новата Скорпија поврзана е со умирањето. ПОвторно во рок од година дена, пред или после раѓањето на Скорпијата умира некој член на неговото семејство.
Тие се и бог и грешник и бог и свештеник . Ова е опасен знак, јак и во љубовта и во омразата, но често незнае да повлече граница помеѓу тиа две работи. Страста е клуч до овие луѓе, брава која ги отвора нивните тела и нивните умови, нивната сегашност и сите иднини кои им се подарени. Кон овој знак често се додава зборот Вулкан. Тоа е затоа што тивката површина никогаш не е заштита пред можната ерупција на снага без љубов или било што друго кај луѓето Скорпии. Тие никогаШ не се во средина, или силно сакаат или силно не сакаат, или се многу среќни или се длабоко несреќни и.т.н. Межтите и интуицијата, уште еден се од даровите кои ги примиле на раЃањето. Каризматични и со длабока концентрација, Скорпиите се често многу успешни во животот. Но нивната судбина е навистина во нибните раце. Доколку се недоволно спремни да ги развиваат и користата своите многубројни таленти, може да им се служи опасно потопување, во незадоволство, критичност, ситничарење, но и мрзеливост. Тогаш стануваат опасни рушители на својот и туѓиот живот и тогаш најдобро е да себиде на пристојна оддалеченост од нив.
Физички, склони се на претерана тежина, но долго во староста го задржуваат силното, мускулесто и здраво тело кое е многу отпорно на болести. Доколку се разболат тогаШ се работи за некои инфекции, полови болести, тешкотии со жлездите, фистули и чиреви воопшто. Но заради нивната внатрешна снага, најдобро е да се мотивираат на самоизлекување. Тоа не е толку тешко да се стори затоа Што ја мразат и својата и туѓата слабост и безпомошност.
Ова се и многу таинствени луѓе, наклонети кон моќ и тоа често политичка. Освен тоа нивните најголеми интереси се сексот, мистериите и туѓите пари. Интересно е дека најголемиот број на светските државници и денес и низ историјата, родени се во знакот на Скорпија.
Симболот на Скорпијата е Феликсот, птица која излетува од пепелот. Ова се луѓе на страсти, опасни и единствени, господари на интелектот и чувствата, филозофи и аскети, возбудливи и сензуални, но секогаш праведни. Затоа што правдата е нивниот збор.