СКОРПИЈА
Работа
Почерокот на 2024 година за Скорпиите ќе биде доста бурен и полн со возбудувања. Ве очекуваат некои финансиски добивки кои ќе ви бидат добар почеток за понатамошно вложување или продолжување на започнатата работа. Комуникациите ви се одлично аспектирани ќе комуницирате брзо и бурно, меѓутоа во исто време и мудро. Ваквата состојба во одредени ситуации ќе ви носи конфликти меѓутоа вие успешно ќе се справувате со истите. Во Фебруари малку ќе омекнете сега на говорните вештини ќе му додадете и малку тактичност што ќе ве направи уште поуспешни. Целиот зимски период е во знакот на комуникациите, па доколку работата ви е поврзана со тоа очекувајте успеси. Исто така во овој преиод успешни се сите кратни деловни патувања. Во Април се појавуваат првите проблеми на работното место во вид на конфликт со претпоставените и кочење во кариерата. Во овој период амбициозноста ќе ви биде нагласена и доколку не успеете да ја исконтролирате ќе биде автодеструктивна, а тоа и до некаде е карактеристично за типичните Скорпии кога неможат да ја остварат целта самите се уништуваат. Во Мај продолжуваат проблемите со претпоставените меѓутоа постои можност за средување на истите највероватно ќе ви биде потребна помош од некој ваш близок колега, но бидете мудри и направете правилен избор. Исто така овој период е добар за нови работни места, некои од вас неочекувано ќе се вратотат, но можна е и промена на работното место. Во Јуни доаѓа целосно разведрување на работното место. Кочницата во напредокот во кариерата се отпушта со помош на пријателите највероватно од спротивниот пол. Проблемите со претпоставените мудро ќе му ги префрлите на друг , а вие ќе продолжите да си ја терате вашата работа. Јули е доста поволен за работа со пошироки маси, политичаите ќе бидат доста убедливи, меѓутоа можни се проблеми во потесните комуникации. Во овој период можни се проблеми во комуникациите со потчинетите личности но доколку сте претпоставен. Август ќе бидете целосно концентрирани на вашата кариера, очекувајте и позитивни и негативни настани . Можно е да бидете измамени од некој близок пријатели или пак вие некој ваш близок да го искористите за постигнување на некои ваши цели. Внимавајте во овој период можете да изгубите некоја многу драга линост. Септември е добар за партнерствата и за сите активности кои ќе ги превземате со пријателите. Комуникациите повторно ќе ви бидат на високо ниво, но во овој период нагласени се активностите на вашите тајни непријатели. Можни се посериозни штети од кои тешко ќе се опоравите. Во Октомври овие проблеми ќе ги средите и ќе комуницирате многу попријатно. Нагласени ви се кратките патувања од кои ќе имате поголеми добивки исто така овој период добар е за купување и продавање на недвижности. Со влегувањето на Сонцето во вашиот знак енергијата ќе ви скокне на максимално ниво и сите активности двојно ќе ги зголемите. Во овој период можете да сторите многу за вас и за вашата кариера. Во целост ќе имате поволна година во полето на работата а посебно ќе се истакнувате во комуникациите.



Љубов
Бидејќи одлично ќе комуницирате така и можноста за нови љубовни врски ќе биде голема. Јануар ќе биде доста будрен со многу љубовни понуди од кои скоро сите ќе бидат неочекувано, непланирано, но сепак среќно. Љубов на прв поглед во вистинска смисла. Единствено на тоа штотреба д внимавате е да избегнувате љубовни врски надвор од своето родно место, особено избегнувате ги доколку сте на подалечни патувања. Во Фебруари ќе биде концентрирани околу домот близок роднина можеби син доаѓа од далеку. Во семејството ќе биде живо и среќно а тоа целосно ќе ве исполнува. Март продолжува хармоничната состојба во семејството, меѓутоа се појавуваат проблеми поточно згоди и незгоди во љубовниот живот. Ќе бидете среќно заљубени, па одненадеж ќе сватите дека сте се заљубиле во погрешна личност. Можеби не треба толку да разговарате со вашите блиски пријатели и премногу да им се доверувате. Овој месец не е многу погоден за нови љубовни врски, па затоа советуваме на трпение. Во Април значително ви се подобрува ситуацијата меѓутоа проблемите во кариерата нема да ви дозволат целосно да се посветите на ова поле. Мај ќе биде во знакот на брачните односи, периодот е одличен за стапување во брак, хармонизирање на односите, принова и сл.со еден збор може да се каже дека повторно ќе бидете заљубени во партнерот толку страсно и бурно како во тинејџерски години. Периодот не е добар за флертување и тајни љубовни врски бидејќи лесно ќе бидат откриени. Јуни ќе биде среќен за пресно заљуените, меѓутоа претходно со мали недоразбирања и расправии. Необичн настан ќе ви го направи семејството повесело. Во овој период ќе се одликувате со исклучителна сексуална моќ. Летниот период помалку почнуваат проблемите во љубовта. Месец Август за многумина ќе значи премин во љубовните врски и разочарување. Во овој период можно е да бидете измамени од страна на партнерот а исто така голем број од врските кои ќе се раскинат ќе бидат пропратени со афери. Септември ќе владее мало затишје, ќе бидете малку повлечени во себе, а и повеќе од времето ќе го трошите по ваќата кариера а за љубов ќе немате време ниту интерес. Повторно во шема влегувате дури во Ноември кога ви се враќа шармот, акомуникациите се подобруваат. Овој период имате што да избирате единствено што не препорачуваме обновување на старите љубовни врски особено не оние кои се со поголема разлика во годините помеѓу партнерите. 2025 највероватно ќе ја дочекате со нова среќна љубовна врска.



Здравје
Ве очекува одлична година за вашето здравје посебно ако се занимавате со спорт. Во зимскиот период постојано ќе ви се зголемува физичка кондиција, па доколку сакате да бидете убави, шармантни со задоволителен изглед, направете нешто со свбојата фризура, облека и сл. Потребно е малку да го средите начинот на живеење бидејќи енергијата која ја поседувате има граница. Диетите се препорачливи за овој период. Физичките активности можат добро да ви дојдат, не само што ќе се ослободите од вишокот на енргија туку ќе се ослободите и од негативната енергија која ја имавте акумулирано во изминатата година. Родените во втората декада во есенскиот период ќе бидат погодени од можни воспаленија, покачени температури и трески. Преголемата напнатост во семејството може да ви донесе проблеми и со крвниот притисок. Кон крајот на годината ќе почувтвувате голем енергетски пад што ќе резултира со мрзоволност.