Март
Работа

Напнатоста и нервозата ќе бидат доста чести во овој за вас променлив месец. Ќе имате наизменично добри, лоши и многу лоши периоди. Добар период ви е помеѓу 15 и 21 март, а многу лош ви е периодот од 26 март до почетокот на април. Останатите денови се просечни кон лоши. Ќе се чувствувате доста уморно и исцрпено, а постојано причина ќе барате во некој кој најмалку за тоа е виновен. Добро ќе комуницирате во средината на месецот и во тој период можете да остварите доста од вашите планирани активности за овој месец. Ќе бидете склони и кон заборавање и запоставување на обврските, а тоа најповеќе ќе ви се случува во последната декдада од месецот. Во последно време доста непрофесионално се однесувате кон работата, а за тоа немате сеуште сносено сериозни последици. Поправете се колку можете повеќе бидејќи можат да се појават навистина сериозни проблеми. Она што ќе ви паѓа најтешко во овој период е недобриот однос помеѓу вложениот труд и добиената награда. Чувствувате како премногу се трошите и вложувате многу труд, а за тоа никој ниту ви се заблагодарува. Можеби треба да се запрашате за квалитетот кој го нудите во работата. Финасиската состојба нема да биде многу поволна. Веќе подолго време не сте задоволни со неа, но исто така не превземате ништо за нејзино подобрување. Тактиката на чекање можеби помалку ќе ви се исплати, но не долгорочно. Ќе мора сериозно да размислите и да промените нешто во начинот на кој до сега се однесувате кон неа. Насочете се кон некои алтернативни извори на заработка кои не се институцијализирни ниту пак се поврзани со поголем број на луѓе. Исто така не се плашете непотребно, нема причина за толку грижа за брзо состојбата ќе се промени кон подобро.


Љубов

Состојата во љубовта наизглед ќе ви се чини дека е добра, но највероватно само се залажувате околу тоа. Можеби работите ги гледате премногу нереално или пак страстите ви ја заматиле јасната претстава за реалноста. Но како и да е некој порано некој подоцна ќе сватат дека се наоѓаат во тешка положба од која излез ќе најдат само оние кои ќе бидат поупорни, пофлексибилни и поистрајни. Големиот број на деловни обврски и малку слободно време ќе предизвика кај партнерот незадоволство, а можеби и љубомора која тешко ќе можете да ја надмините. Постојано обезбедувајте си алиби за своите отсуства, па така можеби дел од проблемите ќе ги решите. За многумина од вас врската е само навика, па можеби токму во овој период ќе сватите дека е време нешто да се промени. Од ваквата желба може да произлезе нова љубовна врска меѓутоа многу тешко дека и другата ќе биде срќна. Периодот не е идеален за стапување во нова љубовна врска, без разлика дали напуштате стара и влегувате во нова или пак сте слободни и барате возбудување во новата љубов. Можеби добро е во овој период малку повеќе да се навлечете во вашите фантазии и многу подобро да ги проаналзирате вашите барања околу тоа каков партнер ви треба. Воздржете се уште малку, многу повеќе среќа ќе имате во наредниот месец. Ако навистина се чувствувате осамени и ви треба некаква промена дружете се повеќе со вашите блиски пријатели, излегувајте почесто. Уште подобро би било ако тоа го правите со личности од спротивниот пол или некои ваши блиски колеги спрема кои имате некакви чувства, но работата не ви го дозволува тоа. оние кои пак не ќе можат да му одолеат на додворувачите и ќе влезат во љубоивна врска ќе си внесат немир во емотивниот живот. Постојано ќе наидувате на несеризони личности кои само дополнително ќе ве разочараат.


Здравје

Во почетокот на месецот ќе имате подпросечна здраствена состојба со можни настинки, вирози и грипови. Грижете се повеќе за себе. Вашите емоции ќе бидат нагласени преку целиот месец. Потрудете се проблемите да ги решавате во моментот. Одлагањето и клавањето на срце ќе ви ја зголемуваат нервната напнатост. Родените во втората декада потребно е да обрнат поголемо внимание на бубрезите и на жолчката. Во средината на месецот помалку се подобрува вашата здравствена состојба но тоа ќе биде за кратко. Последната декада на месецот ќе бидат на удар постарите припадници на овој знак кои ќе имаат чуствително срце, а можни се и проблеми со простата. Витамините од групата Б6 и Б12 се добри за смирување, ги има во тестенините и млечните производи.


Совет

Непрофесионалното однесување кон работата, може да ви донесе сериозни последици.


Идеален партнер

Во овој месец повеќе ќе ви треба пријател а помалку љубовник, па зато можеби најдобра варијатна за тоа ви е Водолијата. Драматичноста на сцените кој ги приредува Скорпијата, најмногу може да ја нервира Водолијата. Скорпијата е посесивна и ќе се обиде да ги поседува и мислите на Водолијата, но Водолијата се може да даде, но не и своите мисли. Ќе и смета истот така и материјалистичкиот став на Скорпијата, нејзиното поседување на материјални добра и луѓе и Ќе се труди да ја убеди дека нејзе никој не може да ја поседува. Подобро да не се ништо друго освен пријатели. На Водолијата пристојството и е најважнои тоа е единствена можност на Скорпијата да ја задржи оваа необична личност долго во својот живот.