ПОЧЕТНА

Прв знак на Зодијакот, огнен, кардинален, машки, активен, позитивен. Владетел на Овенот е планетата Марс, а тоа е место и на егзалтација на Сонцето. Венера во Овен е во прогон, а Сатурн е во пад. Во природниот хороскоп владее со првата куќа.

Овенот е амблем на египетскиот Амон, богот на воздухот и плодноста. Кај Догоните е боженство на земјоделието. Самиот збор Овен асоцира на снага. Тој е зачетник и предводник на стадото, но и направа за пробивање на вратите и ѕидините на градовите тврдини опседнати од војските на освојувачите.

Спиралниот облик на овновските рогови укажува на развој. Овенот е пламен што ја загрева “замрзнатата“ природа и го дава исконскиот првобитен креативен импулс за создавање на нешто ново. Врската меѓу Овенот и огнот се темели врз огнениот симбол на животното и сугерира семејна плодност. Симбол кој најсоодветно одговара на раѓањето на нов циклус годишни времиња.

Особини на луѓето со нагласен знак Овен во хороскопот (Сонце, Месечина, Асцендент или група планети во овој знак) се: Луѓето на овој знак се одликуваат со огромна, посебно физичка активност. Имаат скоро неограничена енергија. Секогаш се склони кон авантури и истражувања. Чувствата им се огнени, жестоки многу често патриотски. Лесно и нагло се возбудуваат и тешко се контролираат, па често запаѓаат во афективни состојби. Вољата им е скоро секогаш над разумот, поттикната од афектите. Но овој знак секогаш е млад во духот.

Луѓето Овни се инспиративни, брзо одлучуваат. Добри се адвокати, но многу лоши судии, барем така вели астрологијата. Овенот е знак на почеток, раѓање, дава луѓе кои подлегнуваат на сопствените желби, потполно се предаваат на своите потреби, на остварувањето на својата цел, но при сето тоа нестрпливи-за нив желбите мора да се исполнат веднаш. Секогаш искрени (никогаш не лажат) поштени и простодушни се радуваат на животот како деца. Но и тешко учат на своите грешки, ранливи се и брзо закрепнуваат - како деца.

Овенот не е скромен, и не го очекувајте тоа од него. Тој се цени себеси, а всушност само себеси и се познава. Со голема самодоверба, настапува со мислата ,,Јас прв,, сигурен дека се може да направи подобро од другите. Интелектот им е насочен и едностран. Идеалисти се на една и тоа субјективна вистина што може да навлезе во фанатизам. Тешко трпат другите да имаат поинакви мислења. Овенот секогаш е водач, па така од материјалните добра ретко нешто задржува за себе. Меѓу богатството и славата секогаш ќе ја избере се разбира-славата.

Со витка става и спортски градени, најчесто се одлучуваат за нивната посебна склоност - да облечат униформа. Најмногу им одговараат занимања во врска со спортот, војската, механиката и индустријата воопшто. Нивната детска природа и директната искреност од нив прави добри сатиричари и глумци. Можат да се најдат секаде каде што се бара активност.

Склон е на високи температури, ифекции, не познава средина, никогаш не е болежлив. Или е здрав и полетен, расположен за борба со проблемите, или тивок и изгубен, паднат во постела. Многу ретко е жртва на хронични болести, заштитен со својот вечен оптимизам и јаката физичка конституција.

Вишиот тип на Овен има изразена моќ на убедување и водење. Оптимисти се и секогаш спремни и способни за нови и големи достигнувања. Нижите типови на Овен се кавгаџии и егоисти. Многу често се љубоморни. Во афективни ситуации способни се да направат злосторство.

Најлесно ќе го повредите со игнорирање, меѓутоа, иако бесот на Овенот е гласен и страшен, кратко трае. Луѓето ги дели само на пријатели и непријатели. Им се спротиставува на сопствените емоции, жилаво и изненадно. Но едно не може да поднесе: пораз. Затоа се откажува. Сака признанија и благодарност за она што го сторил надвор од обврските.

Движен со помош на желбите, секогаш во себе чува еден прекрасен збор. Тоа е надежта за нивното исполнување.