Личностите родени во знакот на Овен скоро секогаш имаат вишок на енергија, ја трошат на работа, често ја растураат силата, агресивни се и динамични. Болеста доаѓа од пренапрегање и грижа заради неуспех. Најчести болести од кои болуваат: мигрена, неуралгија, треска, телесни повреди, инфаркт, изненадни несреќи при работата, шарлах, опаѓање на костата, несоница, сипаници, а чувствителни места им се мускулите и вените на главата, мозокот, црниот дроб, лицето, срцевите артерии. Треба да ги планира и одржува термините за одмор, повеќе прошетки покрај вода и ливади, кога има умерен и слаб ветар. Им се препорачува да јадат риба, салати, јаболка, колку што е можно помалку месо, затоа што нивното тело има и вишок на топлина. За луѓето родени во знакот на Овен пушењето и алкохолот се посебно отровни дури и погубни. Повеќе да конзумираат млеко, чаеви, посебно од камилица. Кога е болен тој е тежок, се кара, ги кини завоите и потребна му е ладна облога на главата.
ИСХРАНА
Со него владее Марс и огнот. Затоа мажот роден во знакот на Овен доста
е импулсивен и нестрплив, жежок во изливите на љубов иако понекогаш
премногу брза, па почесто е доста површен. По кинеската астромедицина
неговата градба е сува и топла. Иако најповеќе сака пикантни јадења со
јак вкус, него му требаат свежи намирници со горчлив вкус. Кинеската
медицина препорачува: банани, домати, кромид, оцет, кафе, свински
џигер, мандарини, кора од грјп, хрен, целер, вино, тиквички и тиква.
За успешно да ја одржи рамнотежата, духот и телото, како и високата
полова потенција која му е најсилна наутро кога се биди, мажот роден во
знакот на Овен навечер мора малку да јади, а наутро богато да појадува.
Материи кои несмеат да му недостасуваат во неговото мени се:
магнезиумот кој најповеќе го има во интегралниот леб, како и во
зеленчукот и овошјето.