ПОЧЕТНА

ОВЕН

Господинот Овен во повеќето случаи е вистински прототип на мачомен. На него е оставено да пријде прв, а на вас воглавно да дозволите да бидете освоени. За да го заведете, би требало да задржите минимум независност (најмногу се ужасуваат од жените кои се камен околу вратот), да бидете дотерани (по природа се естети, а колку и да не признаваат, сепак важно им е што другите мислат за нивните придружнички) и полни со разбирање. Ова третото е посебно тешко, затоа што типичните Овни ги согледуваат работите на два начини. За нив тие се црни или бели, а ако случајно не се сложувате со она што вашиот љубен Овен го мисли или работи, тоа автоматски значи дека сте против него. Со срце на момче секогаш ќе покажува доволно ентузијазам за решавање на евентуалните несогласувања, но ако вечерите ги поминувате во плетење, пред телевизор и саканиот маж покрај себе тогаш би било подобро да се насочите кон друг знак. За овој човек секојдневната монотонија е збор кој убива, а промените и активностите му помагаат да остане во добра форма и да се чувствува исполнето.

Дамата Овен е храбра жена. Таа искрено верува дека може да направи се исто као и мажот, но тоа што самата си ја отвора вратата од ресторанот, нарачува пиење или повикува такси не ја прави помалку женствена од нејзините други зодијачки сестри. Ако сте во потрага за личност која со наведната глава ќе чека вие да донесете било каква одлука, типичната жена Овен заради тој ваш став може да ве гледа со презир. Ова е можеби единствената жена која прва вам ќе ви закаже состанок и чии доминантни особини се отвореноста и искреноста. Бидејќи и самата е многу активна, потребен и е маж кој ќе биде уште побрз, похрабар и поснаодлив од неа. Можеби се прашувате зошто - па затоа да може да се натпреварува со вас. За да привлечете жена Овен, потребно е со темпераментот и навиките да и бидете слични, што значи: самостојни, конкретни и со еден дел од битието секогаш свои. Таа бара силен, искрен партнер. Ретко кога го поствува прашањето за доминација и ако вашиот однос е навистина искрен и вистински, нема да и пречи вие да доминирате, или таа да го превземе водството, ако е тоа потребно. Со неа не е тешко, но не е ни лесно да се изгради искрен однос во кој секој има подеднаква одговорност во врската. Се зависи од вашата лична мотивација, но и од вашето срце.