ПОЧЕТНА

Март
Работа

Март е исклучително поволен за Oвните особено за оние родените во втората декада. Во првата декада од месецот ќе ви недостасува концентрација и ентузијазам, меѓутоа во втората декада, одеднаш ќе почне да се разведрува состојбата, па ќе можете да ги средите работите за кратко. Во овој период вашиот вадетел Марс ќе биде позитивно аспектиран, а од друга страна веднаш Сонцето велгува во вашиот знак, па така ќе ја надополните целата изгубена енергија и повторно ќе бидете во елементот. Во првата декада од месецот одлично ќе комуницирате, невообичаено ќе бидете доста пријатни во друштво, слаткоречиви, ќе внимавате што зборувате, а се разбира тоа не е вообичаено за вас. Втората декада ви е доста непријатна за комуникациите, ќе бидете често напнати во друштво на луѓе кои не ви се допаѓаат, некако тешко ќе успевате да се справите со проблемите од овој тип, меѓутоа затоа последната декада од месецот ви се враќа, како енергијата, така и способноста за комуницирање. Искористете го овој период за сите активности кои бараат вештина во говорот или убедување. Лукавоста ќе ви биде доста нагласена, па доколку се занимавате со политика ова е периодот кога можете да остварите многу за вашата кариера. Некои Овни ќе бидат оптеретени со положбата на работното место. Упорно ќе барате нешто повеќе иако можеби не сте доволно квалификовани за тој тип на работа. Некако ве има фатено инает и не сакате никој да е пред вас за кој мислите дека е помалку способен од вас. Финансиската состојба преку целиот месец ќе ви биде одлична. Намалете со трошењето и концентрирајте се на заработката. Во овој период можете значително да го наполните вашиот буџет.


Љубов

Во љубовта ве очекува просечен месец со периоди на стагнација и многу кратки и бурни периоди. Венера планетата на љубовта е неповолно поставена спрема вашето соѕвездие. Обидете се да најдете разбирање во љубовта. На самиот почеток на месецот нагласени ви се проблемите во семејството и тоа највероватно ќе биде релација татко-син. Не дозволувајте да преовладува инаетот, застанете цврсто на нозе и решете го проблемот уште на самиот почеток. Првата декада ќе помине без некои посебни збиднувања додека повторно во втората декада семејните проблеми ќе кулминираат. Ќе имате прилика да му ставите крај на семејните проблеми во третата декада од месецот меѓутоа ќе ви треба помош од целото семејство. Во овој период ви се откриваат и некои тајни во врска со некоја стара љубов, па постои можност за обновување на истата. Не праваете ја грешката по втор пат. Ако веќе сте сигурни дека личноста со која бевте во врска не одговара на вашите потреби и барања, едноставно барајте среќата на друго место. При тоа не се користете со лаги, во овој месец тајните ќе бидат многу кратки, а ако бидете фатени можат да станат и фатални. Вистинските љубовни доживувања започнуваат на самиот крај од месецот кога ќе се случи нова љубовна врска и највероватно ќе потрае преку целиот месец Април. Конечно ќе се чустувате среќно и исполнето. Март не е добар за Овните во брак. Ќе имате доста недоразбирања со партнерот, проблеми во комуникацијата и сл. Може да се појави и неоснована љубомора од ваша страна која дополнително ќе ја зголеми напнатоста во врската. Кон крајот на месецот овие проблеми ќе се надминат кога односите конечно ќе се хармонизираат, а ќе му се стави и крај на некои минат прооблеми кои долго време сте ги одложувале.


Здравје

На почетокот од месецот енергијата ќе ви биде на ниско ниво, брзо ќе се заморувате, а расположението ќе ви биде лошо. Тоа е последица на нехармонично поставеното Сонце во знакот на Риби. Внимавајте на коските, забите, бубрезите, желудникот и нервите. Можни се и главоболки и покачена температура, а постарите нека внимаваат на бубрезите и бешиката. Расправиите во семејството често ќе ви прават хаос во вашите чуства, лесно ќе се возбудувате ќе бидете доста напнати. Мора да најдете некаква техника на релаксација.


Совет

Искористете го овој период за сите активности кои бараат вештина во говорот или убедување. Доколку се занимавате со политика имајте на ум дека ова е периодот кога можете да остварите многу за вашата кариера.


Идеален партнер

За овој месец идеален партнер ви се Близнаците. Овие два типа брзо се откриваат и меѓусебно се поверуваат, а љубовта на прв поглед не е без опасност. Овенот нема да биде доволно задоволен заради брзоплетоста и површноста на Близнаците, па затоа врската е доста нестабилна. Мажот Близнаци ја опсипува жената со многубројни безначајни подароци; жената Близнаци потскокнува околу мажот-оган. Ако прејако изразениот ерос на Овенот или силната љубопитност на Близнаците не ја расипат врската во младоста, ги чека среќна старост.