ТАА - Жената Скорпија е во многу работи слична на својот на својот маШки зодијажки партнер. Ако е повеќе примитивна, нејзинити длабоки инстинкти е скоро невозможно да се задржат под контрола. Страствена и посесивна, храбра и многу лојална на мажот кој го сака. Најголемата опасност доаѓа од можните трансформации на чувствата на љубов во чувства на омраза. Доколку е повредена нема да ви прости, со истиот жар ќе продолжи да се однесува према вас, но овојпат и со длабока потреба да ви се одмазди. Оваа жена или сака или несака, никогаш не е рамнодушна, а кога сака, тогаш тоа мора да биде јак маж, некој на кој ќе се гордее. Бракот го сваша многу озбилно и тука е прилично старомодна. Домашните работи најчесто се нејзини работи и не е ништо помалку способна од жената Рак или жената Бик во уредувањето на домот. Скорпионката сака лукзузни работи и поседува добар вкус во местењето и средувањето на куќата. Сепак кај оваа жена многу тоа зависи од интензитетот на нејзините чувства. Сешто работи работи со целото срце иако нејзините реакции на животот се многу реални и својот маж го гледа прилично јасно и се разбира точно. Ако сте од оние мажи кои се допрени од чудесните импулси што обично ги зражи жената Скорпион, спремете се: нејзините апетити се огромни, посебно во сексот. Оваа жена нема да може да ја тропи незадоволеноста. Поголемиот број на жени Скорпиони имаат темен тен и темни очи. Нивниот изглед е таинствен и на многумина им се чини дека овие жени гледааат низ нив и продираат до дното. Љубомората и бесот се уште две чести карактеристики на Скорпионките. Тие имаат добро и долго паметење и често рано во животот ги откриваат задоволставата на физичката љубов. Најмногу ги привлекуваат искусни мажи, полни со самодоверба, со квалитети на водачи. Чистотници или премногу срамежливи и физички слаби мажи не се пожелни како партнери на жената која веќе на прв поглед делува како еротска слагалица. Ова е и една од потребните особини на мажот на Скорпионката, а тоа е да знае да сложува коцки, да знае да ја дешифрира загатката на оваа жена, да знае да завлезе во длабочините на нејзината природа и се разбира да излезе повторно. Жената Скорпион е фатална и незаборавна. Ако сте доволно храбри, осмелете се, доживувањето ќе биде исто така фатално и незаборавно.