СКОРПИЈА
КАЛКУЛАТОР ЗА ПОДЗНАК

Скорпија-Овен
Тврдоглавоста и самоволието е прво што се забележува кај оваа силна комбинација. Дуплиот Марс со добра доза на Плутон, овозможува овие луѓе да постигнуваат се што ќе посакаат. Меѓутоа амбициите често им се пренагласени, затоа што се свртени во повеќе насоки. Оваа комбинација дава нестрпливост, енергичност и е доста тешка за околината. Се одликуваат со огромни резерви на снага. Нивната таинственост колку што е привлечна толку е и блкефирање. Сепак оваа е машка комбинација и не е пожекна да ја имаат личностите од понежниот пол.

Скорпија-Бик
Ова се луѓе со темен тен, бавен од, силен врат и уште по силни рамења. Ако ова не е доволно да се препознаат знаците на личноста тогаш слушнете ја како зборува, бидејќи подзнакот Бик речиси секогаш овозможува посебен глас. Ова е комбинација која мора да поседува се што е вредно, не се мисли само на парите. Силната волја им овозможува да го истварат своите желби и цели. Ги привлекуваат необични групи, дури и некои различни секти. Овие луѓе треба да внимаваат повеќе на своите сонови, тие се многу често вистинити.

Скорпија-Близнаци
Оваа комбинација дава релативно неповерливи лу”е, со заедлив хумор, склоност кон иронизирање, ме”утоа многу талентирани, пред се за уметност. Овие лу”е од секојдневното живеење, често знаат да направат уметност. Постои природна потреба за некое креативно изразување, но потреба да се биде секогаш заљубен. Посебноста кај овие лу”е, се состои во изразувањето на своите длабоки внатрешни чувства. Скорпијата е знак на тајноста, а брбливиот Близнак на Асцендентот ќе се погрижи многу со оваа комбинација да се разоткријат пред јавноста.

СКОРПИЈА-РАК
Доминација на вода во наталниот хороскоп, секогаш покажува дека станува збор за длабока осетливост, но и тивка упорност, започнатите дејности да се завршат. Промените на расположението, повеќе се од очигледни. Силината на карактерот и надворешното искажување на чувствата, многу повеќе ќе зависат од положбата на Месечината во наталниот хороскоп. Ориентирани кон минатото, овие лу”е се губат во времето, а другите личности влегуваат и излегуваат, од вашиот живот, однесувајќи го тоа што им е потребно. Комбинација која дава големи предиспозиции, неопходно е да ги развивате.

СКОРПИЈА- ЛАВ
Многу е тешко, речиси невозможно, да се укомпонира внатрешната природа на Скорпијата со тоа што Лавот сака да го презентира пред околината. Комбинација на оган и вода, секогаш се стреми кон самоуништување. Склоноста кон ризикот е нагласена особина кај овие лу”е, како и самоволието и осветољубивоста.Богатство. слава, блесок, неопходни им се на оваа комбинација. Другите ги согледуваат многу реално, речиси до грубост. Другиот дел од животот им е полесен и поуспешен. Не е добро да се игра со овие лу”е, бидејќи  не знаат да опростуваат , а  жестоко  возвратуваат. .

Скорпија-Девица
Освен умствената синтеза, што ја дава оваа комбинација, треба да се нагласи и хуморот, кој најчесто е црн и ладен, како и големата количина на злоба, која се натрупува кај овие лу”е. Ова се многу комуникативни лу”е, за разлика од останатите комбинации, склони кон нови познанства, насочени за учење и патување. Нивната работа е најчесто интелектуална, понекогаш поврзана со механичка или научна работа. Здравствените проблеми често се врзани со циркулацијата или се од психича природа.

Скорпија-Вага
Ове се многу романтични Скорпиони, меѓутоа незначи дека се поради тоа слаби. Оваа комбинација од страствени знаци особено е привлечна на другите личности и воглавном доаѓа до проблематични љубовни односи. Тоа е поради жестината, но и поради потребата на Вагата за флертување. Многубројните задоволства и склоноста кон луксуз, бараат и добри финансиски извори, што овие луѓе со леснотија ги остваруваат. Доколку влетаат во недозволена љубовна врска која би требало да остане скриена од јавноста, тоа многу тешко ќе им појде од рака.

Скорпија-Скорпија
Овие луѓе е лесно физички да се препознаат. Темен тен, мускулести, продорен подглед и длабока внатрешна страна која им се забележува во очите. Одот е спор, сигурен и цврст. Интензивни чувства, насочени на моќ и секс, ова се мистични луѓе, привлечни и интересни за својата околина. Тешко е да не се приметат, дури и во некое обично секојдневно место бидејќи дуплата Скорпија зрачи со еротска привлечност и снага. Нивната слабост е во тоа што лесно се вреѓаат и незнаат да опростуваат.

Скорпија-Стрелец
Добро градени луѓе, иако помалку склони кон дебелење, многу се спонатани, зборлести, комуникативни. Сите овие не се карактеристики на Скорпијата туку на огнениот подзнак, наклонет на своите луѓе да им наметнува мислења. Овие луѓе треба да научат да се разликуваат себеси од другите, да утврдат каде се внатрешните граници и да не дозволат на другите да им одземаат премногу. На луѓето со оваа комбинација најчесто им се случува да влезат во бракот нагло, непромислено, речиси на прв поглед. Материјално добро стојат и најчесто во животот имаат некоја роднина која му остава наследство.

Скорпија-Јарец
Ова се силни луѓе, способни да преживеат во најтешките ситуавции. Имаат изразено чувство на одговорност и претерано се работливи. Овие луѓе се однесуваат како секогаш да ги посматра некој скрињен автроитет и затоа секогаш се на штрек, практични и спуштени на земја. Најголем проблем им е да се соочат со своите вистински чувства, затоа што се длабоко потиснати и строго контролирани. Речиси е невозможно да се спречат на патот кон успехот иако го постигниуваат покасно во животот.

Скорпија-Водолија
Многу необични и лесно препознатливи повеќе по однесувањето отколку по изгледот. Главата им е секогаш полна со необични мисли и револуционерни идеи. Имаат голема инспирација, не само према духовната еволуција, туку и према целокупната еволуција на човештвото. Оваа комбинација ги крши сите граници, ги прекршува правилата кој ги оставиле другите, бидејќи секогаш се раководи по некои свои убедувања. Меѓутоа амбициозноста ги тера на отстапки затоа што му е важно да се докажува пред околината.

Скорпија-Риби
Ова е складна комбинација која прилично гои смекнува надворешниот впечаток за Скорпијата, давајќи низ слики за сензуален човек, полн со мечти и илузии за себе и за другите. Сепак под оваа површина се крие силна личност, страствена и стабилна, сигурна и храбра. Нагласена е креативноста во секој поглед, дури и бројноста на децата е над просекот. Склоност кон далечни патувања, особено по вода, како и за романтика, пишување на прекрасни љубовни писма. Оваа комбинација овозможува несекојдневно сексуално доживување.