Ќе имате интензивен друштвен живот, ќе комуницирате со голем број на луѓе, ќе обновувате стари познанства и ќе склопувате нови, но покрај се ќе бидете преокупирани и со самите себе. Само привидно ќе ги напуштате своите проблеми и ќе размислувате за себе. Иако доста ќе се дружите, многу од луѓето ќе ви бидат напорни, а се разбира тоа нема да го покажувате. Постојано ќе барате да се дружите со некои кои позитивно ќе делуваат на вас, мислеќи дека со тоа ќе заборавите на вашите деловни проблеми. Одлично ви се аспектирани патувањата во странство и тогаш ќе бидете најповеќе среќни. Додека патувате сите околу вас ќе ве гледаат со други очи, вие добро ќе се чувствувате, а при тоа ќе носите вистински одлуки. Односот со претпоставените ќе ви биде вообичаен, ни многу добар ни многу лош. Во првата декада добро ќе комуницирате, па затоа и проблемите со претпоставените успешно ќе ги одбегнвуате. Но кон крајот на месецот односот би можел да се заостри, а токму во тој момент ќе ви биде најпотребна подршката од претпоставнените. Во втората половина од месецот ќе ви се појават некои проблеми во врска со некои проекти, чие решавање ќе биде најдобро да го одложите. Треба да помине одреден период за да ја пронајдете вистинската тактика. За сега е најдобро да ја оставите работата во мирување колку што можете подобро. Финансикста состојба нема да ве радува многу, меѓутоа сепак нема да биде така лоша како вие што ќе ја прикажувате. Само малку повеќе штедете и се ќе биде во ред.
Посебно интересен и поволен месец за Девиците е токму Март. Преку целиот месец љубовта ви е позитивно аспектирна со мали негативни турбуленции. Многу од вас ќе имаат прилика да ја крунисаат својата љубов, а посебно постарите Девици или оние на кои полето на љубовта им било замрзнато. Првата декада е посебно поволна за стапување во брак, додека во втората постои можност за нова и трајна љубов, меѓутоа со поголема разлика во годините помеѓу партнерите. Како и да е важно е дека ќе биде среќна. Можни проблеми планетите најавуваат кон крајот на месецот посебно за родените во првата декада. Проблемите ќе бидат предизвикани од вашите блиски пријатели највероватно ненамерно, но сепак проблемите успешно ќе се решат. Доколку сте слободни не препорачуваме влегување во нова љубовна врска, посветете си го овој месец лично за себе создадете нов имиџ, сменете нешто на себе и бидете подготвени за месец Април кога ќе се случи нешто навистина убаво. Некои од вас ќе имаат прилика да бидат во љубовна врска со некоја популарна личност. Исто така во овој период зголемената комуникативност ќе ви помогне да го зголемите кругот на вашите пријатели. Втората половина од месецот е поволна за семејството и домот. Ќе ви се случи некоја новина можеби ќе имате нов член на семејството промена на место на живеење, подобра куќа, стан и сл. или пак едноставно влегуваат поголема сума на финансиски средства во семејството. Ќе патувате доста, па доколку сте слободни ќе имате прилики за кратки љубовни авантури. Ако сте во брак бидете внимателни во последнта недела од Март, ве очекува некое разочарување од страна на партнерот и нагло прекинување на врската. Во овој период сите активности ќе ви бидат поврзани околу семејството повеќето се позитивни меѓутоа постои опасност и од некаква измама и некаква штета во домот. Во целост ова е одличен љубовен месец за сите Девици, па ќе биде штета да не го искоростите посено као планирате влегување во брак.
Вашата здраствена сосотојба во текот на Март ќе биде доста променлива. Ќе бидете склони кон инфекции, посебно чуствителни ќе ви бидат органите за дишење и уринарниот тракт. Повеќето од болестите кај вас се како резултат на внатрешниот ментален дебаланс, па обидете се да ги синхронизирате своите желби со моменталната состојба во околината. Заболените од срце нека внимаваат повеќе на исхраната и нека не се преморуваат. Грлото и ушите ќе бидат чуствителни кај родените во третата декада, избегнувајте газирани и ладни течности. Постарите ќе чуствуваат лесни главоболки кои не е препорачливо да се лечат со лекарства. Исто така препорачуваме да се позанимавате со проблемите околу забите и да прекенете да ја одложувате посетата на стоматолог.
Не ги потиснувајте чуствата ако сте од нешто незадоволни слободно искажете се.
Во овој период со едиствено со Раковите можете да ја најдете хармонијата која ја барате. Тоа е врска која за да биде успешна е потребно и двата да вложат доста труд. Ракот кој е воден од своите чувства и кој секогаш останува романтичен, многу тешко ќе ивее со Девицата со кој управува здравиот памет и интелегенцијата. На Девицата може да и засмета и снагата на неговите чувства. Таа не може да свати зошто секогаш е потребно да го уверува Ракот дека го сака, бидејќи смета дека тоа е непотребно. Постојат две работи за кои иматат исто гледање:способност за работење со пари и го сакаат домашниот живот.