ПОЧЕТНА

Март
Работа

Желбата за успех која ве има зафатено во овој месец, ќе ве натера премногу да се посветите на работата. Ќе заборавите кога последно сте се одмареле, сте излежувале и сте си посветиле време на себе и на вашето хоби. Едноставно за тоа ќе немате време бидејќи сте оптеретени со деловните проблеми, а тешко дека и во овој месец ќе успеете да најдите решеније за некој од нив. Првата половина од месецот ќе биде во знакот на партнерствата, пријателите, врските и се што е поврзано со влијателни пријатели и авторитети. Многу врати ќе ви се отвараат и многу работи кои чекале некакво извршување токму во овој период ќе се завршат. Се што е поврзано со овој дел од живеењето, врски, помош и слично, обидете се да го остварите во првата половина од месецот. Од 5 до 20 март на успех ќе наидат најповеќе родените во третата декда. Ќе бидете доста комуникативни и преполни со деловни идеи, но при тоа подгответе се на честа напнатост и исцрпеност која ќе ви внесува немир во работната секојдневица. Избегнувајте ги несогасувањата со авторитетите и не се базирајте многу на озборувањата во вашиот деловен круг. Бидете потаинствени кога се во прашање деловни идеи или проекти. Родените во првата и втората декада ќе размислуваат како да избегаат од раздвижената работна атмосфера, па многумина ќе земат боледување или денови од неискористениот годишен одмор. Втората половна од месецот поточно после 21 март ќе биде нешто понепријатна од првата половина. Енергија ќе имате доволно меѓутоа од вас ќе се бара многу повеќе отколку што можете да дадете. Резултатите кои ќе ги постигнете нема да бидат задоволителни и тоа доста ќе ве иритира. За среќа постојано ќе имате некаков заштитник, пријател или авторитет. Финансиската состојба ќе биде онаа која најповеќе ќе ве радува. Ви се отовраат нови финасиски видици, а вашиот џеб ретко ќе биде полн како сега.


Љубов

Ќе бидете толку преокупирани со проблемите па колку и да сакате љубовта не ќе можете да ја ставите на прв план. Сепак доколку сте жена можеби некој странец или некој од соседните градови ќе ве усреќи. Но доколку сте пак претставник од посилниот пол, таква привлечна личност ќе стигне нешто подоцна односно во втората половина во месецот. Како и да е за позитивен развој на љубовните настани ќе мора да причекате малку повеќе. Вашата задача е да издржите до тој период и да не предизвикувате расправии, а при тоа многу внимание да му посветувате на вашиот партнер. Во третата декада од месецот, ќе ве зафати емотивна напнатост, внатрешно незадоволство и нервоза. Затоа бидете максимално трпеливи и толерантни доколку не сакате вашиот брак или врска да прекине. Слободните во овој месец ќе бидат љубовни скитници кои ќе се обидат да остварат некои свои скриени и интимни желби. Емотивниот критериум ќе ви биде доста низок, па можеби да влезете во врска со некој кој воопшто не парира со вас или не е достоен за вас. Во работната средина можете да остварите некаква врска со личност која ќе има понизиок ранг од вас и со која само ќе си направите проблеми. Во последно време некако ги одбегнувате интелектуалните личности и се повеќе се дружите со некој кој не е достоен на вашиот ранг. Имајте на ум дека доколку влезите во врска со некоја ваква личност ќе бидете на самиот крај на провалијата, а тоа доста ќе ве исцрпи. Некои претставници на овој знак ќе бидат потполно незаинтересирани за нова љубовна врска и тие можеби најсреќно ќе го поминат овој период. Сепак ќе има и онакви кои ќе бидат помалку успешни во љубовта, а тоа ќе бидат родените во првата декада. Помалку ќе ја најдите среќата меѓутоа постојано ќе налетувате на некои тврдоглави личности кои нема целосно да ги разбудат вашите страсти, меѓутоа ќе ви нудат стабилност и сигурност, а тоа во овој период ви е повеќе од доволно.


Здравје

Со здравјатео нема да имате некои посебни проблеми меѓутоа добро би било да се посветите повеќе на спортските активности и да избегнувате слатка и калорична храна. Во овој период лесно може да ви се јави проблем на телесната тежина. Истот така не дозволувајте првите пролетни денови да ги поминете во домашен амбиент. Заминете некада на излет, планианрење или нешто слично. Повремени главоболки можни се кон крајот на месецот, а ќе ви се јавуваат почесто доколку времето го поминувате во затворени простории. Родените во втората декада ќе имаат малку послаб имунитет од останатите што значи дека треба да внимавате од грипови, настинки, вирози и сл. Кај жените можни се полесни хормонски проблеми исто така кон крајот на месецот.


Совет

Избегнувајте ги несогасувањата со авторитетите и не се базирајте многу на озборувањата во вашиот деловен круг. Бидете потаинствени кога се во прашање деловни идеи или проекти.


Идеален партнер

Во втората половина од месецот би можеле да остварите интересна врска со некој роден во знакот на Лав. За да се одржи оваа врска најдобро е никој да не настојува да го промени карактерот на другиот. Но интересот за домот, кариерата и занимливите пријатели може да ја одржува оваа нехармонична врска. Бикот може да претерува во сексот, меѓутоа ни Лавот нема помали потреби. Сексуалниот живот е на задоволувачко ниво. Ако и двајцата мислат дека се во право, ништо неможе да го промени нивното мислење, а тоа може да доведе до несакани последици.